Леле баш ми е жал. Моево е со потврдена инфлуенца Ми рекоа на доктор дека е нормално за некои деца пак да качат по некој ден и многу се плашам пак да не не хоспитализираат
Нормално е мајка, знае грипот така да прави, ама нема да биде многу висока како претходно. Колку дена имаше тт пред тоа?
Три дена имаше температура до 39,7. Беше хоспитализиран 3 дена дека не пиеше ништо и не можевме да ја симнеме. Денес треба последната капсула тамифлу да ја испие. Носето денес повеќе му тече и е засипнат во гласот од вчера. Ни рекоа 5 дена дома да го инхалираме со пулмикорт.
Закачивме и ние некој вирус. Кажете ми од искуство, Ефералган дадено, по 4 часа блокмакс, дадов 5мл, дете е 3ипол год со околу 14кг. Дали е таман и кога смеа пак да давам сируп за тт? Матичната не ми крева затоа прашувам.
Ако спушта добро. Ама мојов не спушти со 5мл, подоле од 38.7 па и му се качи на 39, јас чепче му ставив. На нова година вечерта пак ми качи 39.4 не ја спушти 2 саати после тоа подоле од 38.7 и му дадов уште 2,5мл блокмакс ја спушти за пола саат. Очигледно малку му е 5мл, моево е 2ипол 15-16кг сигурно
Толку сум давала на 3ипол год. Ако си дала последно блокмакс за најмалку 4 часа смееш ефералган. Ако издржи на 6 часа и после продолжи со ефералган. Зависи и од вирусот, ќе следиш, мојата некогаш знае кога ќе крене 39 да почне сама да спушта и не давам сируп. Ама со грипов не е тоа случај.
Блокмакс се дозира пола милилитри од тежината, значи за твоето детенце 7мл. Ако има потреба по 4ч можеш да дадеш ефералган, веќе по 6-8ч пак блокмакс.
Добро а колку време трае вирусов? Беше добар еден ден и пак почна да качува, и се навечер ми качува температура и едни образи црвени што му стануваат како жарче.
Да не сме покуси, и ние со грип. Не ни дадоа ништо освен течности и антипиретици, ќе трае до 8 дена. Мојава одма бронхит компликација па и со будесонид и вентолин опет… Давате ли нешто друго дополнително? @LaDyDoLl мене прееска за 15кг ми рекоа 7.5мл, јас давав 5 и се спушташе, 39 качува.
Исто, бевме на итна ама и таму докторката или не знаеше или не сакаше да каже колку мл да давам. 39 имаше и мојов последно. Знаеме дека е вирус/грип од несовесни родители кои без да кажат донесоа преболни деца на гости. Признавам да е од градинка или школо, ама да знаеш дека се преболни, откорнуваат од кашлање, притоа им даваш сируп за тт пред да дојдеш и ми ги носиш дома
Ја уше формулар што не давам да пополнат пред да се најават, преку таквото ми е веќе. Прашувам по телефон дали има некој болен, ако ме излажат после не се гледаме и тоа е. Нас претпоставувам од градинка, упорно и упорно со кашлици ги носат, па и со температура.
Веројатно е од грипот. Кај нас пред две години беше 3 и пол дена висока тт, па два дена немаше па уште 2 дена пак со температура. Ама вториот бран беше полесен, не качуваше многу висока. Покриени сте со терапија, ќе биде добро, давај течности, електролити, и ќе помине.
Јас блокмакс давам од телесната тежина/2 -1, значи на 14кг би дала 6 мл. Ако ти спушта и со 5 супер. Парацетамол давам пола од килажа. На 4 саати комбинирам Парацетамол и блокмакс ако крева на пократко, ако не давам само Парацетамол на 6. Ако недај боже крева на помалце од 4, ладам со чорапчиња со оцет, пола пола алкохол со вода млаки облоги, туширање со помлака вода (без глава миење). Моиве спуштаат многу споро, некогаш дури 2 саати после сируп посебно ако сум дала кога биле во фаза да качуваат уште ама била висока за да можам да чекам. Со лесно да поминува За несовесните родители не знам што да кажам. Не ми е јасно како толку покварени луѓе постојат. Моиве нос да им тече само не ги мешам, или со поголеми најавувам во случај да не сакаат да се мешаат.
На моето му дадоа и тамифлу во Систина дека исто имаше наод на плуќа. Таму го инхалираа со пулмикорт и атровент. Од тамифлуто му се спушти температурата по ден и пол.
Нас тамифлу ни дадоа, не знам дали од него ама само 2 дена имаше висока тт, еве веќе 24 часа е без антипиретик, имаше некоја пониска ама не 40, инаку одеше до 40. Тој се дава на почеток псоле не знам колку има ефект. Течности му е мајката ама многу. Инаку 3 дена слабо јаде скоро ништо, ќе видиме денес. Ова со блокмаксот треба да се пази и во 24 часа да не се даде преголема доза ако се дава на 8 или 6 часа не е исто. Јас на тоа сум внимавала. И ми е шубе со него после болеста знаело да симне тт мн ниска. Кога имаат 39-40 тт ќе спушти до 38 и нормално е.
Ние во Козле бевме, кога прашав за Тамифлу ми рекоа веќе касно ви е (4 ден скоро со теммпература), а и одбегнуваме да го даваме заради црниот дроб, само на поголеми деца го давале…Ме зачуди некако ама ај си викам ако е касно… Мојава има страашно многу секрет, се дави, ме чуди како не ни дадоа и атб за бронхитот.
До 48 часа има ефект ако се прими. Во одминување ви е чим поминале 4 дена. Валда крвна слика направиле па така одлучиле дека не е за антиб. Ако не се смири однеси ја пак. Инаку да и матичнава ми рече правел белји тамифлуто, се прават после испитувања.
Мене на болница на 15 кг ми дадоа 7.5 мл и од кога давам толку му спаѓа а со 5 мл со саати не се спушташе...иако по упатство требаше 5 јас одлучив да слушам доктори
Да прашам малата 2 г. 2 месеци ми падна на глава лошо. Докторката рече ништо страшно ладни облоги... сега ми качи тт. Над 39 едвај ја спуштив. Има шанси од падот или вирус е. Патем ако некој знае што се мачкаше на џунка читав некаде маргарин ама не знам точно народен лек. Јас фризудерм ја мачкав оти ладни облоги тешко нејзе да и ставиш. А друго што не знам. Она си беше весела. Денес после падот плачеше и се смири. Си играше се со ред. Ама наеднаш сега качи 39 со 5. И дадов парацетамол спушти на 37 и заспа
Стави црвено вино на леб....ациди борици можиш ако имаш. Ако не повраќа не би требало да има врска нешто. Инаку има вирус со температура од 39, пролив и повраќање. Најдобро ако ти е мисла однеси ја на доктор