А тоа го пропуштивме веднаш после удар тоа беше вчера околу 1 саат. Денес е подобра само кашла многу здравје утре на матичен. Фала ви
Истото ни се случи и нас. Све сум кажала и нејќам веќе да ја видам .Бевме кај пријатели за НГ , дојде познаничка со температура болни деца. Они се затворија во соба , си играа , после некој саат иде она мери температура дава блокмакс дава антибиотик !!! Јас не верував дека ваков човек постои.Двете деца болни , се спакувавме да не нема ама џабе . Детево изгоре , само инфузија доби , а пред 2 недели лежевме во Систина со стомачен , му се упропасти и распустот требаше да оди на зимување Ај си рековме малата не ја пуштаме ни во градинка за да не донесе нешто ама еве . @Калатеа нас ни дадоа изопринозин сируп . Третти ден , 39.5 изгоре
Детево се дави кашлајќи, не знам веќе што да правам. Дадов Пранаром сируп, чај кромид и јаболко, Цетиризин сируп и не застанува, ако ја однесам на дежурен сигурно Урбазон ќе добие… Покриени сме со инхалации 3 пати ба ден, зашто вака кашла
Ако ми веруваш сеуште вријам од бес Сеуште се прашувам зар беше вистина , ама верувај изгледа не се замараат. Себични Како кашла , суво/влажно ?
Во нашиот случај мајката криеше дека имаат и тт. Она си дала блокмакс пред да дојдат, си ја свршила навреме работата. Кога дојдоа и почнаа да растураат од кашлање, џабе беше се. Инаку и нивните деца се сеуште мнооогу болни, со пукнати мембрани во уши, антибиотици, страшна кашлица. И она двајца се болни. Од таа вечер, само јас и големово дете сме сеуште добри. А и моево пред две недели го фати стомачен и пак се сомневам дека од нејзините беше. Вешто кријат, не знам како. Нека е со помин кај сите, ова е страшно. Мали цел ден денес фит, вечерва пак 38.3. Среќа, се врати во форма и е весел. Не кашла страшно, но веднаш вклучив Herbifit против кашлица, мислам му помага. Не знам дали и кај вас е случај, ама повремено се жали на болки во меше.
Јас цел живот на душа би си носела ако некој не дај боже заразиме, па и да се искомплицира. Некој ќе рече, во наше времее... Не им е јасно дека нашето време беше и помина. Сега има страшни мутирани вируси, луѓе со најлоши дијагнози на кои и ветре да дувне им влијае, загаден воздух, храна.... Еве на пример, од 16 души во една просторија, уште двајца останавме фит, ако издржиме. Како не им е шубе
Пробај со мешавина од една лажица мед, една лимон и една маслиново масло. Се меша и се дава 3-4 пати дневно по една лажичка. Кај ќерка ми помогнало неколку пати да се смири надразнителна кашлица.
Мајки помош итно е. Сабајле син ми се разбуди со плачење од болки во курето, вели дека пече и не може да мокри. Веќе 2 саати ѕвонам на педијатар ама не можам да го добијам. Да ми помогнете вие ако имате искуство што може да е? Преплашена сум не знам дали може да е нешто страшно. Пие јогурт, дадов ибу една доза сега варам и чај од камилица, да го пие или да го мијам со него? Болката малку му се смири ама сеуште не може да мокри а вели дека му се моча ама страв му е дека го боли. Секако денес ќе го носам на преглед ама дотогаш што да правам како да му помогнам? Болката ја опишува како погоре да е каде што се килата ама нема ниту оток ниту црвенило
Ау какви луѓе имаа мајко мојаа Не би тргнала со болно дете нигде бре а не уште со други дрца да го мешам. Ја на сите со деца кажав дека мали има инфекција на очите кога ни беше слава. Јас да кажам па они послр ако сакаат нека си ги донесат децата тоа е веќе нивна одговорност, ама да мкнам болни деца по гости па и со други деца ау се нервирам што читам
Оф топик е ама еве дете 3 години е за некој ден, уште коски ми се ребрат кога ќе ми дојдат настинати или нема да кажат ако некаде одиме. Обавезно кажувам ако ние или дете имаме макар и растечен нос, а не нешто повеќе. Имам другарка чие дете е многу често да не речам постојано или со нос растечен или кашла, или кренало температура предходниот ден ама ништо не му е. Мислам после секоја средба, за кратко моево е исто со мрсули до гуша, со кашлање нели од тоа не е ништо. И едното и другото одат во градинка ама еве симптоми се манифестираат различно. Мислам на секој повик да се видиме, веќе не знам што да кажам освен бар да затопли и да може во парк на отворено да се гледаме. Инаку муабетот течи, ајде дојдете на каде да поиграат децава... Одиме таму и почнува, абе Х имаше саботата температура ама сама си падна, а пример во понеделник средбата. Не ја однесовме во градинка, таман вака со некое дете са поигра.
Бевме на лекар ни дадоа чашка за мокрача веројатно е бактерија само чудно што нема никакви други симптоми. Ќе видиме само да се убедиме да мочка во нокшир
Може да е само инфекција на курето, ние имавме ваква ситуација се реши со антибиотска маст. Во корито најубаво да го седнеш да се измочка, кога нема да може да држи ќе се измочка, не се секирај ама стресно е. Кај нас 3 дена траеше
Немам корито дадено ми е на користење ама ќе го земам ако не бива друго. Сега да стане од спиење и ќе се пробаме дали ќе сака во нокшир. Вака пие течности и чај од камилица 2 чаши испи дури не ми се верува дека толку долго стиска. Сега пред спиење го масирав малку и вели дека му помага тоа не го боли по масажата. Фала ти на споделеното искуство се надевам не е ништо страшно се преплашив сабајле колку плачеше
Имај во предвид дека и да не го боли може некој ден да се плаши да мочка од болката што ја осетил, за два три дена они забораваат, ние троа подолго памтиме.
Ete edni takvi rodnini ni se na gosti za praznicive, deteto so mrsuli, kasla ama nisto ne mu e....i ete od nisto i mojata krena temperatura a taman rekov lele fala bogu od mart nema nisto fateno...sega tie si uzivaat si setaat od gosti na gosti a nie ke se lecime...
Од петокот сме со терапија за гнојна ангина со Оспен,денеска пак качи температура и почна да кашла и носот и течи а пред тоа немаше ништо такво... Може да е грешна терапијата? Наместо да е подобро како полошо е