Жални се кога повраќаат, особено ако прв пат го гледаш. Давај електролити со шприц, ако ептен повраќа има чепчиња за повраќање, прашај во аптека, мене тие ми се спас. Делуваат, а и да повраќа неможе да ги исфрли зошто не ги даваш орално и не го дразни стомакот. Консултирај се со лекар ама мене ме спасуваат.
За повраќање можеш и наусолвит капки да дадеш. Исто ако има грчеви во мешето при стомачен, еспумисан сум давала иако е голема. Евентуално активен јаглен да прашаш доктор за доза да ти каже.
Стомачен е, ние сите го поминавме, исто како што опиша исти симптоми, прво јас и големиот во ист ден, по 3 дена малото повраќаше, па 2 дена со пролив продолжи, па тт почнаа после стомачниот двајцата, после Св Никола тоа беше, еве 9ти јануари уште не сме салам опраени, сега последно мм беше со тт и болки во тело. Децава кашлаат...хаос Давав на децава за повраќање Локомотив сируп, па фала Богу само по 2 пати повраќаа, после и електолити му давав и диета. Плус смекта прашок за пролив, пробиотици секој ден.
Единствени електролити што ги пијат се овие, а наусолвит капките им помагаат многу. Бидете некој ден на диета за вирус и пробај со капките.
Кс е супер, он денес е супер не се жали веќе, не повраќа и нема тт, се надевам дека нешто минливо и брзинско било и нема да покажува енос симптоми. Сепак ќе ги имам сите совети на ум за секој случај.
Мојата имаше на 2г само еднаш. Од тој ден ни рекоа да имаме дијазепам 5мг за во газе секогаш со нас, од тогаш фала Богу не се повтори.
Мојава за нова год го фати стомачниот.. апетит после тоа немаше.. И маж ми по грешка наместо Пролајф пробиотик да ми докупи, ми купил Провен витамини со пробиотик за деца 0-4год. Се врати и пробиотик ми купи, ама и Провен си го остаив дома и почнав да и го давам. Во него ги има сите б витамини, како б комплекс.. па дали од тоа, ама се разјаде. Еве ја сега е со 39+ од вчера, кашла, нос тече... (најверојатно ќе е грипот ова), а апетитот и е одличен сеа за сеа...
Леле ние од 1 декември, стомачен, со малата у Козле завршивме со 2 антибиотици и црп 340, па татко и го фати па поголемиот една недела пауза и за нова година не почасти со другиот вирус респираторниот. Прво големиот, он помина со тт 3/4 дена и грло само го болеше али и малава го закачи откако на него му заврши, 3 дена тт па 1 дена супер беше и наеднаш почна нос да и тече да кашла суво и еве уште трае. Нема крај.
Колку дена трае температурава со грипов. 3,5 год сме еве 5 ден со тем и затнат ноа. Денес како на побргу да му се крева. Веќе немам сила
Баш Бардовци искрено. Кај мене само што заврши кај едново, кај другото почна, нервно сум скроз истенчена, остарев за една недела Течности, електролити обавезно само
И ние имаме температура веќе 5 дена ама има и сува кашлица која денеска е зачестена цел ден. Дали и кај вас имаше суво кашлање и што дававте?
И мојот кашла исто. Некогаш сува некогаш мокра. На лекар ништо не ни дадоа само грип и тоа е тоа. Јас му давам само Виранто, вит Ц и ова за тем.
Ова кашлање страшно цело време значи денеска, еве и не може да спие од што кашла. Незнам стварно више како да му помогнам
Викаат само таков е грипот и тоа е тоа. Исто е и кај нас. Не знам ни кога е пикот ни кога да очекувам дека нема да има тем. веќе