@koritsaki За вентолинот е точно. Јас сум со асматични напади и и го користам и ми праве тахикардија. Сега додека доам дури го користам после доење за да не и направам на малата. Но 15мин е тоа после се враќа нормално, со по често користење тахикардијата станува скоро постојана затоа не е препорачливо да се претера.
@koritsaki ако е пневмонија најубаво се гледа на ренген. И син ми така беше, кашла, па ќе се смири. Заврши со пневмонија која не можеа да ја слушнат на слушалки. Прво пиеше панцеф и вентолин како сируп оти морав на работа да одам, се смири малце и на крај со страшни опструкции завршивме со лендацин и инхалации со вентолин. И се среди. Пнеумослајдот беше негативен. Вирусна пневмонија, морав да дадам антибиотик и вентолин. Не знам како поинаку ќе се среди пневмонија ако не дадеме антибиотик. Мајка ми имаше хронична, па секој втор месец беше на лендацин. Нејќам да звучам како да плашам, ама пневмонија не е обичен вирус, носи дете на Клиника или кај Паскалов. На крај оди и во Систина ако треба.
@koritsaki Антибиотикот го препишуваат за соречување на секундарни инфекции. Пневмонијата (ако е пневмонија) не е состојба што треба да се занемари. Најдобро е да одиш во Систина таму имаат се што треба барем нема да луташ низ градот и најдобар третман ќе добиеш. Нека мине брзо.
37.3 од кога стана и многу е омалаксана. Не јаде воопшто. Кенка и сака да виси на цице само. Ја носам на педијатар сега,па ќе видиме што ќе ни кажат.
Леукоцити,гранулоцити и црп покачени. Докторкава вика благо зацрвенето грло. Тт уште до 38 се качува. Ни дадоа Трицеф и Ибупрофен сируп. Ако можам да најдам и Диазепам супозитории.. И стави докторкава прееска една третина, многу брзо качува тт бре! Кај да ги барам? Во Грција, Црна гора има?
Ние ги најдовме во Косово( преку Србија ги нарачаа), мислам дека и во Грција ги има... На нас супозиториите ни ги препорачаа само доколку има напад (грчеви) да ги користиме, а ако крене тт над 38 диазепам од 2мг половина да давам.
Ги има Србија @Chanell* ама не секаде, дефицитарни се и таму, а за Грција и секаде низ ЕУ обавезно рецепт. Ако не најдеш имам јас. Толку ли висока Т крева?
Не сум слушнала. Не знам , навистина. Имам од Германија клизмички и баш за бебиња се наменети. Ако има некој да ви прати , не е лошо да се имаат во фрижидер.
Ако не ми најдат утре ќе ти пишам обавезно штом имаш. Фала ти. Крева многу брзо, еве пред 2часа имаше пак 39 и тоа додека спие крева. Значи туширам,ставам чепче и за два часа оди нагоре тт. Туширам цел ден, наизменично чепче ефералган па по два часа сируп Ибупрофен и давам. 38 имаше сега, дадов сирупче и заспа.
Дај сируп Далерон и почекај, треба да симне. На лекар ништо посебно нема да направат, евентуално чепче ќе стават и кс, ама нема да е реална, оти тек после 24 часа ќе се види вистинската состојба преку кс. Дај сируп и следи на секој час вечерва. Види упатство на сирупот и чепчињата, пишува како и колку се дозираат, според килажа се. Ќе дадеш или едно, или друго, никако заедно двете. Не се паничи, ништо страшно, ќе симне.
Чепчиња не сум користела никогаш, лично секогаш давам сируп, Далерон. Прочитај го упатството, не знам твојов како се дозира, ако убаво те разбрав Ефералган сируп имаш