ги има во аптеките. Моето на 4 год имаше еднаш и од тогаш имам во секое време. мораш веднаш да ставиш. Јас немав во мене. Се сеќавам се спремав за на работа кога го фатија грчеви и само го грабнав враце среќа свекор ми беше тука па веднаш на детско одд појдовме. Таму му ставија чепче па не префрлија на кислород и на инфузија. Рекоа мора навремено со диазепамот
Здраво, од каде сте? Каде одите на лекар? И ние сме со истата мака еве 3-та недела минатата ни ја сменаа кремата со ројазол и гел мачкаме нас ни шампон не ни дадоја. Cе мислам дали да одам на втор мислење оти излегуваат нови, а од каде ја фативме габата незнам.
Ништо не ставај така, тие рани во уста брзо заздравуваат. А па многу крварат во моментот на удар, такво е местото... Језиво изгледа, но не е страшно. Маливе дека не знаат уште да паѓаат (да се задржат), се таму се маваат. Особено периодот лазење и проодување. Моево трето, три пати се акна така. Исто со крвови и отечена уста.. ништо не ставав, само си поминуваше. А втората ќеркичка имаше сврзана реса горе до забите, па си ја реши сама со пад А имаше многу голем раздељак на млечните ради тоа... после кога и паднаа, другиве трајни поблиску пораснаа
Здраво на сите. Три годинки сме. Вчера се пожали на ова место и кажа дека го чеша и боли го намачкав белогент тенок слој, се смири. И блистерчето беше помалечко. И беше црвено вчера. Денес смирено е црвенилото а блистерчето е поголемо. Иначе да напоменам на ова место имаше една точка малечка кон многу одамна му стоеше и сега како да се активира незнам. Сипаница не е затоа што ги имаме прележано а и не е во контакт со други деца.
Ако не е нешто што се појавило скоро тука одмна му стои и сега се воспалило јас сепак би го однела на педијатар па дури и дерматолог.
Некоја да ми помогне со доза на Амоксиклав Околу 23-25 кг е, поима немам точно, за воспалено уво е. Си пишував со докторката, дека не сме во Македонија моментално и сега глупаво ми е да ја препрашувам пак за дозата. Мислев едноставно е ама ме збуни математиката
Не ја знам математиката,моето има 2ипол год, 15,5 кг и пие по 4мл на 12 часа. Ако нешто ти е од помош
Јас не правам ако има обоен секрет од носот, жолт, зелен. Инаку со препорака од доктор само и правилно дозирање било физиолошки, било со друг лек.
Девојки ќе ве замолам да пише некоја што знае,знам сто пати е пишано сигурно ќерка ми има 13 и нешто кила за 1.5м ќе прави 3 години колку да давам блок макс?
Од петокот сме со растечен нос, проѕирен секрет. Сабота исто, недела веќе почна да станува зелен и погуст и еве ноќеска кашлаше како шлајм да има.. Температура нема весела си е супер преку ден.. не бевме дома за да на носам на лекар. Што да правам да ја носам на лекар утре или? Прскаме физиолошки во носето
Лично правам брис и почнувам локално антиб ако даде некој резултат брисот. Солен раствор во носот и влечам цело време да е прооден по потреба септаназал ако не дише. На лекар сум го носела обавезно ради историја со воспаленија на уши да го гледаат за да фатам на време, е сега ти си го знаеш детето ако спушта носи го да го чујат.
Малецка беше твојата мислам. Мрсулите мене не би ме загрижиле, си поминуваат и зелени мрсули сами од себе и да е бактерија треба ептен лоша клиничка слика за да и ја третираат. Ама ако многу ти се раскашла однеси ја да ја наслушаат. Нуди течности повеќе ќе и го разводени секретот и прскај со спрејчето ама и да влечеш мрсули обавезно. Најверојатно кашла од мрсулите што и се слеваат позади.
Види со Весна Дуковска во Ремедика. Иако мислам дека е многу мало детето ан 2 години да вадите крајници ако не сметаат во дишење.
Дали сте давале таблета Блокмакс 200 мг. на дете од 10 години. 46 килограми е. Бидејќи во упатство пишува над 12г. А во аптека ми го дадоа дека може
Може, јас парацетамол таблета од 500мг давам на 7 год 30кг, на болница док ми пресмета рече само малку од цела таблета да се скрши ама вика слободно цела давај ја.