Оооф..се разбуди со неутешен плач, мерев температура 37.8, толку му беше и пред да легне се надевам нема да качува веќе..инаку да, обравчето му беше толку црвено како крваво.. ме загрижи премногу
Здраво мајки. Ќерка ми речиси 4 дена со температура, нљјголемтљ што ја качи беше 38.0. Малку поткашлува, ама ретко, после тоа немаше цел дрн и утредента беше на училиште, кога ја зедов очињата и беа потечени, ама немаше температура ни тој ден. Вчера попладне пак ми качи и еве уште е топла. Дали некој се соочил со вакво нешто? Таман реков поминало. Синоќа 37.7 имаше. Дали е можно вирусот да не е исчистен сеуште иако 2 дена била без температура?
Мајки јас имам прашање за тие што пателе од крајници. Пишував и тука, малата е 3 год. се соочуваме со хрчење зимен период поради зголемени крајници, друго во принцип не. Разболувањата и се секогаш отприлика горно респираторни со шлајмче, грло во принцип не фаќа и не е често болежлива, ако е за споредба лани дали 2 или 3 пати пиела антб а била 2 год и иде во градинка редовно. Е сега прв пат пред месец дена бевме во ремедика кај Николчо на орл, крајниците и се големи од бебе тоа го знаевме ама и третиот и е зголемен нешто над 50% ја гледаа со камера. Од десното уво ни кажа дека не слуша како во авион не и реагирала баш мембраната, третиот крајник од што е зголемен и притискал и шлајмче и останувало таму. Со терапијата сируп за алергија и назонекс еве не хрчи веќе, ама се погоди и јануаров да е повеќе дома не идеше во градинка. Бевме на контрола исто е се вика докторот да продужиме уште еден месец терапија па пак на контрола. Прашав до кога се толерира тоа со увото вика ќе видиме уште месец два, ама ја би да ги вадиме сите крсјници. Е сега муабетот ми е дали стварно треба да се вадат зошто друга мака нема, не се разболува често и у примцип јаде со молење ама јаде пак. И тоа ме праша дали голта убаво и тоа е во ред. Какви искуства имате и дали имал некој сличен проблем. извинете на долгиот пост.
мене искрено панични напади ме фаќаат од температури кај деца. Се надевам дека сега е добро. Во секој сличај крвна слика не е лошо да се направи. Цинкот го поткрева имунитетот,не е лошо да даваш некој период
Вчера само еднаш качи темп 38.5 денес еве ништо..ништо нема кога влечам со носко стварно не ми е јасно..минимално хрчи и поткашлува..
Не влечи ако нема секрет, ќе му направиш проблем со слузницата и капиларите во носот. Само ставај хипертоничен солен раствор за проодност и прочистување. Вирус некој е, ќе помине.
Супер штом нема температура Ќе помине. Како што ти кажале, штом нема секрет не влечи. Па ако има запче ќе се фалиш
Пак јас. Направивме крвна слика, леукоцитите се 9.37, а границата е до 9 во таа лабораторија, црп 3, другото е се нормално, кажа дека градите се чисти, а таа си поткашлува, кога влажно, кога суво. Со малку зголемени леукоцити не ни даде антибиотик, сега направивме и брисеви за бактерии и вируси па ќе видиме...Ме плаши само таа субфебрилна температура, ја имаше 3 дена, 2 не, па сега еве 3ти ден пак. Според докторката не сме само ние така.....
Вирусот е таков. Де има де нема.јојата беше на почеток на јан така. Дури се подобри и како да оздраве два дена и пак ја врати бетер беше. Сето тоа траеше околу 2 недели
Здраво. Некоја мамичка да предложи добар доктор за уво нос грло од кој што стварно е задоволна? Од декември лечиме воспаление на уши предизвикано од бактериска инфекција и уште не можеме целосно да ги оправиме.
Мирка Шалиќ . Дали ќе ве прими не знам. Јас бев преупорна за да ми закажат преглед на приватно платив. Македонка од систина на операција не праќаше и уште 2 извикани доктори по операции ме праќаа со 2г дете ... Мирка ме спаси под нож да ставам здраво право дете од лекари што те гледаат како $$$ . Така што само кај неа и на ниедно друго место.
Оф леле. Ајде ќе пробам утре ќе ѕвонам валда ќе успеам да договорам..На интернет ја најдов како ПЗУ Интергин 2 така? Не е проблем и приватно, само конечно да се излечиме
Првично средина на декември на брис од нос имаше haemophilius influenzae. Ни дадоа Трицеф, пиеше 10 дена, грлото и беше добро, ушите уште црвени. Не пратија во Аудио БМ медикал. Таму докторот ни кажа да повториме брисеви, на брисеви пак ја имаше бактеријата, па ни даде 10 дена Панцеф, 14 дена Назонекс и 5 дена Оперил + маст за во носето да ставаме дека имало насобрана течност во средно уво. После две недели на контрола во Аудио БМ докторот рече дека ушите се веќе подобри, само уште некој ден да се продолжи со Назонекс. Вчера ја носам на матичен доктор, мислам спремна е веќе за да се врати во градинка, докторката ми вика полни и биле ушите со некој леплив секрет не ни можела да провери дали има црвенило Да сме отишле пак на ушно, не требале такви да и бидат.. не сакам да го малтретирам веќе малото, нема ни 2 годинки уште, само антибиотици некои пие.. па затоа барам некој доктор што стварно знае што прави
Аудио БМ исто ми го пратија на операција и ми го изгубија времето. Полн секрет. Носи го кај Мирка замоли ги итно
Мами, синко скоро 19 месеци пред месец дена почна да трепка, не би рекла почесто туку посилно ( кога ги затвара капаците ги држи подолго затворени). Се надевамдобро објаснив. Траеше тоа 3-4 дена и престана. Еве од вчера пак исто. Загрижена сум. Некојада не има да сподели слично искуство?
Мојата хрчеше и со прекини дишење во спиење од хрчењето. Антб не беше напиена ич, огромни беа како два ореви. Направи Оп на 4г и полипи во нос и извадија. Дете е препородено од тогаш. Мојата беше свисната во лице со подочњаци, кога гледам слики сега од тој период дури страшно ми гледа. Т.е намалување на двата крајника и вадење на трет.