Бојата е од тиквата, за конзистенција следи како ќе биде, сипаниците го намалуваат имунитетот и перидов што следи чувајте се. Давај пробиотик
Што терапија ви даваат? Освен вентолинот, примате друго нешто? Кај нас последните 3 пати вентолинот воопшто не дава никакво подобрување, напротив оди на полошо. Чудно ми е што кај двете деца исто беше.
3ца педијатри прашав што да давам за подигање имунитет сите ми рекоа ништо не треба, а нема кој не ми рече од блиски другарки, колешки, општо мајки други да работиме на имунитетот периодов. И не знам што да давам. Во кој смисол да се чуваме? Он не иде во градинка ама мене сега ми е страв и надвор да го извадам.
Па тоа, ако имате можност не го враќајте у градинка, за имунитетот е добро да искача на воздух, ама не се мешајте со луѓе, посебно со деца. Моиве не одеа у градинка месец и повеќе, и не се мешаа многу па пак закачија 3 вируси едно по друго иако давав и витамини и на планина беа на воздух. А прелесно ги поминаа сипаниците.
Зависи која возраст е детето Бимунал можеш да даваш од 1 г или киндер сирупи се. Омега исто или побарај нешто витаминско од аптека што е дозволено за таа возраст. Само немој некој специјален оти ќе престане да јаде ако сирупит го засити а најдобро е детето да јаде се
Здраво мајки, дете година и пол ми крена температура прв пат , па се обидов на старски начин со чорапи со киселина растворена со вода , сега му се маправија како меури измегу прстите на нозете и ситни болчиња, го чеша , што да правам дали да го носам на доктор или да купам некоја крема ? Ве молам искуство
Колку дена инхалирате со вентолин?ќерка ми правеше 3 дена.денес на контрола сопругот ја однесе ,матичната рекла продолжете со инхалацијата...а он не прашал уште колку дена...
На тодлеров почнав да му давам д3 капки од 800единици по една, обично со пипетата му капнувам во уста, денес ја лапна пипетата и ги шмукна сите капки, после мерев од прилика 10 може имаше внатре, 8000 единици Сега ми е страв дали може нешто да му е од толку многу капки??
Ништо нема да му биде од еднократна појака доза витамини. Давај му денес повеќе водичка да пие. И барем една недела не му давај витамин Д. На наредната контрола ќе прашате. Мене еднаш еднаш ми кажаа дека максимум две недели може да се инхалира со вентолин, после мора пауза.
Како лечите ларингит кај дете? Еднаш одамна беше имаше напад при ларингит и не оставија во болница со убразон, синоќа пак почна да кашла со звук како куче сега спие мирно, убаво дише, не мислам дека е за урбазон пак, ама дефинитивно мора нешто да преземам за да не дојде до тоа, фатен му е гласот малце, други симптоми нема, претпоставувам дека јас го заразив оти пред три дена исто така имав вакви симптоми со минимална кашлица при иритација и благо фатен глас. Не сакам да го носам на итна ако нема потреба, дома да почнам со нешто превентивно.
Носи на доктор, штом се сомневаш. Мајка на дете со ларингит. Сме имале и полесно и потешко. Давам шируп еднократна доза со дексаметазон. Нека го чујат, може ќе му направат само една инхалација или ќе му дадат една доза лоратидин. За спречување нешто ладно евентуално да му дадеш, ама не знаш точно што е. Дали ќе му одговара или не. Млак чај е секогаш ок, свеж воздух исто. Нека чува сила колку може, да не се истоштува, да не црка.
Многу течности ама ладни немој тополо, сируп за алергија и чуавј дома поладно. Ако е вирусно ќе помине. Јас со големиов патам со ларнигити и веќе ретко носам на лекар освен ако почне без престан да кашла.