Ама има разлика во интензитетот кај поголемо детенце и кај помало. Не е само кашлањето. Кашлањето е напорно да. По страшно е ако дојде до гушење. Не сакам никаква паника беспотребно да правам. Не ме сфаќајте така. Ќерка ми има екстремни ларингити. Со натечување на душник и не можење да земе воздух, со гушење, со помодрување. На бројче е мало уште детето, не се развиени дишните патишта се уште убаво и е мало да каже дали осеќа нешто. @1209 не да ширам паники, ама има рсв што кружи. Почнува со суво и надразнително кашлање. Чувај го колку што може да одмара. Спиење ноќе на ладно и влажно. Стави садови со вода, мокри крпи низ домот. Ама ако си немирна носи на доктор, не се двоуми.
Да исто беше кај нас кога фати прв пат кога бевме у болница има пола година од тогаш, во сред ноќ не можеше да земе воздух. Дадов сируп за алергија, не кашла од синоќа, само тогаш кога се разбуди, вели дека не го боли ништо, ама грздавее дефинитивно, дадов и пропулис и инхалација со физолошки, ќе видам до час, јас утре ќе го носам кај матичната сигурно, само денес не сакав на итна. Многу се изнервирав оти мм ја прима терапијата за МС и треба да не се разболува, ние дома во изолација и од каде сега ова не знам, мада ја пред два три дена така бев нешто со болно грло и грздавеев ама ми мина за ден.
Можеш вечер пред спиење уште една инхалација. Такви напади се дешаваат по дефиниција ноќно време и на спиење. Ако го слушнеш дека кога спие како да хрчи на грло, подобро буди и носи на итна. Не знам дали евентуално инхалација со дексазон би помогнала во тој случај дома. Тоа се со матичен ќе си разговараш утре, да имаш за секој случај. Ќерка ми е екстремен случај. Она на секој вирус се гуши. Ние сме обучени колку толку што да правиме, ама еднаш ко се затна и 7мин додека дојдоа итната со адреналин ни се чинеа вечност. Ама ќе нараснат. Шо да ти кажам за болештини и деца. Само поскоро да минува. Ние нашиот одмор во Струмица на детско оделение го поминавме. Ќерка ми спушти на гради бронхитис опструктивен, на грло ларингит. Колку терапија окрка, јас 10 години остарев од стрес. Уште си кашла. Дома е пти овде ко ја донесов на педијатар, за глава се фатија од терапијата. Одма се прекина. Она и лендацин 4 дена кркаше ант. Педијатар нејзин одма го прекина, на гради исчисти за 24 часа, сепак фала им на докторите што не примија без упат, без осигурување да лежиме таму. И рентген и правеа и се. Преблагодарна сум им.
И внуката кога доаѓа за мк на гости обавезно во болница завршува, не знам зошто, дали е загадениот воздух ви прашање. Инаку баш ми е жал така што ви поминал одморот во стрес, докторите примаат тука и кај нас без проблем ама мислам дека многу се агресивни со терапиите искрено. Додуша мојов до сега два пати пиел антибиотик да не го заречам ама обично инхалација даваат, јас на два пати не ја правев и стварно му помина, ризикував оти не сакав со кортико за малце болно грло да го инхалирам, ама ќе видиме како ќе биде вечер, ако зарипне ќе го носам, среќа ладно и влажно е надвор па тоа е голем плус, вчера во двор одма се смири оти и врнеше.
Се согласувам. Единствено предложив да не брза затоа што напомена дека не бил страшен нападот и што може дома да прави во такви случаи. Инаку знам поголем е мојов, 8 г и уште се случува да мора да завршиме на боцкање урбазон. Не се гуши дирекно со помодрување, ама кога се влошува кашла многу интензивно и тогаш обично завршуваме кај матичната на боцкање и појачување терапија, нормално се со нејзина препорака.
Дали некоја на некоја од мајките им е познат ПФАПА синдромот? Ќерката секоја втора недела е со висока температура, имаме термин на имунолог.
Мајки што правите ако не симнува под 37,5 и за 4 часа пак качува 38,7 дете од три ипол години прв пат вака да ми качува температура
Иста е овие два дена..кашла, кива, нос и тече...до сега и имам давано само Ефералган, кој друг сируп давате и како го дозирате? 2 год и 2 месеци е, меѓу 13 14кг е.. @JasBee11
Јас давав парацетамол и ибупрофен на секој 4 часа наизменично, но само ако беше над 38.5тт чуден некој вирус имаше моменти и кога се подобруваше, па два дена без тт па потоа пак. Давав според килажата и насоките на сирупот
Еве сега се слушнав со педијатарот ми рече на 4 часа да давам еференгал па блокмакс ако качува над 38,5
Вирус да, па два дена висока тт, два дена пауза и после пак уште два дена. Прв пат ова се случи исто и со двете деца.
Мајки, син ми од понеделникот има спуштено на гради, ни дадоа инхалација со вентолин. Денес 5ти ден уште има на гради, температура крева еднаш на ден 38 некогаш спаѓа сама без сируп..
Извадиме крајници и еве пак со растечен нос и кашлица, полудувам. Нели со извадени крајници не треба вакво разболување?
Му помина на моето без ништо, бевме на матична го виде рече ок е ама прави му инхалации до кортико. Се мислев многу, направив еднаш и прекинав, за два дена беше ок, престана да кашла и си беше нормален. Така да дефинитивно зависи од тоа каков е нападот.
Не може да нема настинувања воошто бидејќи кашлање и растечен нос може да се предизвикани од вирус...ваѓањето само го елиминира честото собирање на бактерии и резултирање во гнојна ангина...јас немам искуство со ваѓање крајници на деца ама можам од сопствено да кажам, јас на 20год ги извадив и се препородив ама пак знам да настинам, па развив алергии, па почна место на крајници на синуси да ми мава и тие почнаа да ми гнојат, имам имано и загноено грло а немав крајници, па така разболувања ќе има ама дефинитивно ќе биде многу подобро...јас во 15 год од кога ги извадив знам еднаш годишно да пијам антибиотик, кога имав крајници пиев еднаш месечно
Доцна одговарам ама изгледа има. Еве ние 2 дена бевме со 37.7-37.9 температура. Повеќе не качуваше. Малку рапав глас и минимално затнато носе. Крвна слика и црп укажува на вирус. Денеска веќе нема температура, ама и го инхалирам со физиолошки и вадам со носко. Ако сте настинати, со помин и вас мајка.