Фала мајка, со помин и кај вас. Подобра е, ја пуштив денес во градинка. Тт нема, уште малку само кашла. Ја носев на брисеви па чекаме резз деновиве. Ептен долго држи вирусов
Мајки препорачајте некој сируп за кашлица за 5 години дете. Нема температура, се затна уште пред 2 недели, и веќе 10 дена кашла и има густ секрет од носот бело/жолт. Не кашлал волку долго никогаш. Имав уште неколку дози проспан дома, му ги дадов, ама не се смири баш
Nas dosta ni ima pomognato Tylor Cold sirupce i za namaluvanje na sekretot i protiv kaslica. Ubavo e i eden bris da napravite stom ima takov sekret
На брисеви во нос кај ќерка ми покажа Стрептокока...пратив на матичен, чекам одговор, ама сакам и ваши искуства...да давам одма атб? Или да почнам прво локално со маст? Ја немала до сега оваа бактерија и не знам кога е алармантно...
Системски антибиотик за бактерија во нос јас не би дала. За локален третман, зависи од ситуацијата. Ако е стрептокока пенумоние во прашање и нема симптоми не би ја третирала.
Таа е, стрептокока пнеумоние..па не знам какви симптоми да следам за да би ја лечела..минатата недела беше болна, имаше тт, растечен нос и кашлица, е сеа тоа и беше вирус...бактеријава и е од градинка тоа сигурно, ама на мисла сум дали нешто да и мачкам.. кои симптоми да ги следам?
Баш дека е од градинка, ќе ја третираш, а многу е веројатно пак да ја закачи во скоро време. Ако нема симптоми како температура, кашлање, секрет.. Ако не си сигурна, матичната ќе ти каже што да правиш. Едит: мислам дека вакцината што ја примаат во 3 дози ја опфаќа оваа бактерија.
Да прашам дали му се има случено слично Детето е 2.5год Му го чистев носето со аспиратор и со спреј и наеднаш почна да се жали боли главата и се држеше кај ушината. Се смире за 15 минути ништо немаше. Е сега прашањето ми беше дали да продолжам да чистам носето бидејки му се насобираат мрсулчина и неможи да диши. Не му течи носот ништо. Некако мие страв да не се повтори да се жали од главата.
Ми се нема случено додека чистам со аспиратор, ама ми се има случено кога дува носе да се пожали дека го болат ушињата. Го однесов на доктор и искочи инфекција на уво. Одете да го ѕирне доктор
Јас одма третирам локално со антиб капки. Од ОРЛ ми е дадена таа инструкција, поради чести проблеми со воспаленија на уши од ненавремено третирање. Секој пат кога чекав да развие симптоми, да се избори сам завршувавме 10 дена на антиб што е полошо по мене. Успешно го лекувам така 2 год скоро и фала богу сме немале проблеми, ни на доктор не сум била
Порано земав Флоксимед, сега Вигамокс и многу подобри се поширок спектар. Важно антибиотски капки без рецепт одат бар никој не ми побарал 2 години. Ако имам брис и антибиограм гледам по тоа што да земам. Маст никогаш успешна не се покажала. Може ја не сум ставала добро
Бактеријата се третира доколку се развие компликација, спуштање на плуќа или воспаление грло нос и слично (не сум доктор за да ги знам сите случаи), во спротивно не се третира доколку е само растечен нос. До сега така ми давале инструкции педијатри. Поентата е дека телото треба само после некое време да стане отпорно на нив. Во секој случај треба доктор да каже, не е страшна бактеријата важно и не се секирај. Ја има во сите градинки, таа и уште неколку други.
Никогаш не се влече со аспиратор на затнат нос, кој ви кажал дека може?! Се влече кога тече носот и создава многу секрет. Си му направила дополнителен притисок со тоа, затоа има болка, идете на орл да го ѕирне. Не влечи веќе, само испирај со хипертоничен раствор.
Здраво мамички, ќерка ми сабајле почна да кашла ларингитно, не кашла често, најмногу кашла ако се замори, пред да ја легнам и направив инхалација само со физиолошки па и дадов мед и лимон и заспа, кај што спие уклучив навлажнуват, од кога е заспана подкашлува, кашлањево и е како во напади па до утре додека појдиме на доктор се плашам недај боже да почне нешто да се гуши од ларингитот, што би можела друго да и дадам?
Кај нас ситуацијава е поразлична.Пред две недели,поголемиот син почна да се жали од болки во стомакот,и првин помислив на констипација,му давав течности но пак продолжуваше болката и после го однесовме на Клиника,кај што направија ехо и рекоа дека има мезентеричен лимфаденит(отечени л.жлезди во абдомен) и ради тоа му препишаа Панцеф по пола таб. 7 дена. Уште од првиот ден му престанаа болките,а 5 дена беше таков омалаксан,ненаспан.. Е сега од вчера почна да се жали и девојчето исто (2,5 год.) со болки во стомакот,и не јаде,одбива скоро се,и така си е нејадач,ама вечерва веќе и поврати два пати.Јас мислев да не е истиот случај како синот,ама он не поврати,само со денови што траеше болката.. А она од вчера почна,којзнае кај е крајот.. Дали кружат такви вирози?
Од отечени жлезди и мојот повраќаше. Доктор тогаш ми објаснуваше, правеле отоците како грчевити болки и тоа можело да предизвика дури и да повратат. Инаку отоците може и од различни инфекти да се, тоа е склоност. На пријателка детето како мало скоро секоја вироза ја манифеститаше со такви болки од воспалени жлезди. Среќа се надминува