Тт 38.5 Ни ибупрофен ни ефералган помага 3 часа нема поминато од Ибупрофенот, што да давам веќе ? Ако носам на дежурен некаде, што би и дале?
Јас во вакви ситуации ја носам на брзата помош во нашиот град... ја боцкаат со некој коктел, поим немам шо ставаат ама брзо спушта температура под 37 и шо е најбитно долго трае дејството. Нареден ден не качува екстремно висока температура
извини ама за тт носам на лекар па што сакаат нека даваат. Ако е 38.9 па нагоре... Не седам дома. Претежно инекција даваат ама некогаш и инфузија,ќе освежи и ќе спадне тт. Од лекови чепчињата се многу поефикасни побрзо делуваат
Малиот од 5 сабајле го приметив тт ,37.6 ,сабајлево 38 . Други симптоми нема. Матичната вика да следиме, со туширање да симнувам, сируп над 38.5 Од што би можело да биде,и дали крвна слика сега или да почекаме ?
Ќе и приклучат инфузија, ќе и стават чепче дијазепам, ко да те читам подолго да трае, мораш да ја носиш, поише од 24ч ако има тт мора да се реагира. Мислам дека многу е подобро на лекар него ли дома. Јас еднаш слушав така попаметни од мене е што ќе носиш, исто е а дома а таму, не го однесов и кога после 3 дена дете не отвараше очи и го однесов дехидриран заглавивме 3 дена во болница. Не слушај никој, како ти кажува инстинтот така прави, од мајка никој не знае подобро. Често знам да кажам абе си го знам детето кога ми е за на лекар и стварно секогаш без исклучок е баш на време реагирано.
Исто и ние бевме со висока тт два дена. Во саботат крена и вечерта на дежурен отидовме дека до 39.5 качуваше. Ни дадоа антибиотик за црвено грло, еферлган со блок макс да комбинирам за тт. Нас повеќе ни помагаше еферелганот. Исто на 4 часа давав дека никако да ја спуштеше.
@Chanell* чим има покачено ЦРП има некоја инфекција. Ушите ги спомнуваше скоро, ги проверивте ли? Ние од инфекција од уши прв ден ниско црп - 0. А имаше температура. Следниот ден црп 108, На клиника ми објаснија дека ЦРП-то укажува на инфекција. А од леукоцитите и гранулоцитите се гледа дали е вирусна или бактериска. Покачени леукоцити е бактериска инфекција. Не можам да тврдам дека ова е точно, само кажувам како мене ми објаснија.
А оти толку се плашите од темп 38 со 5? Јас Паничам на 40, давам лек и не иде под 39 5. Иначе ако падне 38 со 5, океј е. И дијазепам кај нас дома никој не пие а најмалку дете. Ниеден доктор не рекол такво нешто.
Ние имавме леукоцити 24 - со стрептокока во нос. Другите беа на горна граница само. Не знам, не се правам доктор. Мислам дека леукоцитите секако се покачуваат кога телото се бори против нешто - било да е вирус или инфекција.
Покачени леукоцити сте имале но предоминирале гранулоцитите/неутрофилите. Затоа е бактериска инфекција
Мила ги смеша леукоцити со лимфоцити. Леукоцитите се покачуваат при бактериска инфекција и доминираат гранулоцитите, при вирус бројот на леукоцитите не се зголемува значително туку само се покачуваат лимфоцитите во однос на другите бели кк.
Не седев дома, пишав дека ја однесов на лекар. Бев испаничена, пишував овде додека седев будна и мерев тт на секој саат.. но во меѓувреме разладував, ставав оцет во чорапи, лепенка за тт на чело, еден сируп, друг сируп, чепче .. и симна. Од сабајле нема температура. Некогаш знам дека треба да сум потрпелива и да почекам да почне да делува лекот... а не во 3-4 сабајле да се заакам 40км за на дежурен да ја носам. Како и да е, фала ви на сугестиите. Се надевам помина.
Почнаве атб така? Ако да, ќе делува после 3та доза и подобро ќе биде. Никој не напиша дома да се пие диазепам пошто потом. Ама фибрилнни грчеви може да направи секаое дете-баш секое. Подобро никогаш да немате видено и да не знаете како изгледаат. И нормално се даваат по совет од педијатар. Не на своја рака. Ама ако во моментот ти направи грчеви секој ама секој лекар ќе ти каже да се аплицира диазепам. Јас го чувам за превентива, за мирна глава. А ни јас ни мм пиеме вакви работи. Малата на братучед ноќе им во 3 по полноќ од 7 од 37,5 за пола час на 40, со фибрилни грчеви, ја носат на дежурен , само венски диазепам, немале супозитории. Немаат, срамота! ММ им носеше чепче, оти едвај ја смириле и не можеле да најдат вена.
Поминало лесно не се плаши. Нели до 38 со 5 не се дава ништо а не па на лекар да се носи. Ама форум е ова мора да има паники
Исто на другарка. Од 37.5 за 30мин. дигнал тт40 и завршил со грчеви. Детево дури не било ни малаксано, си играло и наеднаш паднал и пена од уста, и подобро да не опишувам.