Џабе ние што и да кажеме тука, ова мора да го види педијатар или ортопед. Може биде воспаление на колк после вирус, ама се може да биде. Идете на клиника.
Тогаш 99 посто е тоа и мора доктор да го види, генерално одмор треба за да помине, знам дека е тешко да се изведе со дете кое сака да лудува ама мора. Сепак нека го види доктор. Излив на колк мислам се вика.
Ве молам за одговор малата има ларингит по три дена кашлица дојде до гушење, одма ја однесовме на детско и дадоа инфузија со урбазон ама кашлицата не се намали дали треба време ве молам за совет, воопшто не сум добро кога ја слушам како кашла,а таа слика од прееска никогаш нема да ја заборавам
Истото го поминавме по 7 дена беше подобро.Инхалации ќе ви дадат, чист воздух, отворен прозор, поткрената перница. Колку е малото
Малку глупо прашање, како се мачка маст во нос, по колку да ставам? Хлорамфеникол ни дадоа, за стрептокока.
И ние почнавме со маста, исто за стрептокока...јас и ставам на чепкалка за уши од тие бебешките и нежно во ноздрата и вртам за насекаде да нанесам..од око ставам, ќе добиеш осет спрема носето, да не е ни премногу.
Сабајле пак имаше напад пак прими урбазон, ртг на плуќа покажа плус бронхитис, ни дадоа панцеф кашла нон стоп страшно и тоа многу ме плаши, пет ипол години има, денес е 4 ден од кашлање, ко бевме пред 3 дена со првиот напад не ни дадоа урбазон и тука е грешката, со време да ни беше дадена терапија вака немаше да биде
Ако е излив на колкче единствена терапија е мирување строго мирување, може да ви дадат нешто за болка сируп,нас ни направија и крвна слика ако видат високи леукоцити можно е и антибиотик да дадат
Здраво мајки, моето е 3 год. Последните 4 месеци имаше воспаление на ушите 2 пати. Не се жалеше на болка туку случајно видевме. Оваа недела бевме со царвено грло како шо вика доктороката "многу црвено". Ама на мене она дали 2 пати ми се е пожалила од грлото.. јадеше си се и беше нормално и и дадеа сумамед. Ама сега сакат ендоскопија да и прават да и се виделе крајниците. Па малку сум на мисла за овоа. Нели е брзо? Иначе во овие 3 години, овоа и е 2 пат со царвено грло.
Дали и земаа брис да видат што е пред да дадат сумамед? Зар на толку мало дете без потреба се дава сумамед. Значи стварно матичните некогаш се без зборови да те остават. Да ја смениш матичната и да направиш брис на грлото па да видиш дали е за антибиотик или барај второ мислење. Јас од чиста мира на дете од 3г не би дала сумамед.
Ушите може да и се воспалуваат од крајниците исто. Викаат ако пие антибиотик повеќе од 3 пати во сезона преглед кај орл се прави. Ние имавме таква случка, ушите 2 пати и уште 3 пати се разболе во градинка (околу 4 год мислам беше) и почнав да го носам на приватен орл, почна, ушите имале маст, имал секрет позади да сме санирале тоа па ќе му правела преглед со камера и додека се средиме фати летен период, следната зима само еднаш се разболе и тоа вака околу март и не го прегледавме. Е сега лани имавме проблем со често течење на крв од нос, па закажавме пак на орл. И попатно го виделе со камера (малку пред да направи 6). Крајниците знам дека му се како ореви, наводно имал и трет крајник, ни дадоа терапија. Уште не сме биле на контрола ама нема проблем детево голем моментално, еве тргна школо не ни пиел антибиотик оваа сезона. Навечер знае да захрчи некогаш ама ништо екстремно. Ова е моето искуство ете чисто онака, дете со крајници огромни и трет крајник, после 4 години ептен ретко се разболува и не сум помислила за вадење до сега. Не знам, ете ако пиело 3+ антибиотици сезоната направете еден преглед, ама не мора ништо да значи и да има трет крајник, еве моево дете нема мака. И да, брис секогаш си правам и јас и да не ми кажат, од искуство со утнат антибиотик.
Епа кое е образложението на докторката за сумамед тогаш? Има тт?А и да треба ра речеме за да не биде поцрвено, зошто баш толку јак ант што прави партал кај возрасни а не кај дете, зар нема други ант?
Со помин да е, се ќе си биде во ред, битно да се знае што е за да се среди со време.Што ви рекоа за таа нерамномерност нешто физикална или?
Да качуваше тт ама и симнуваше од еферангалот. Она од вторнико сабајлето немаше тт а сумамедо го испи накај 12 дента после тоа. Реално толку брзо мислам дека не е реагирал за да не каче тт. Најверојатно не и е било толку црвено.