Таа бактерија ја има во нормална микрофлора во носот. Ако нема симптоми не се третира и нека не те загрижува.
Ти благодарам Нема симптоми,правевме за да може да почнеме со адаптација и еве кочница сега...Ќе видам со педијатарот,па некако би требало да се третира инаку како би ја снемало за да имаме чист брис... Оффф само нешто да има човек да се нервира
Никако не се лекува без симтоми, на самиот резултат од брис пишува. Дали има градинка што бара негативен брис или сами си направивте? Зошто ако некоја градинка бара негативен брис за да оди дете во градинка, делулу се скроз.. Ќе се навикнеш тек на секакви бактерии, ништо страшно ако не прават симптоми.
Од градинка ни бараа покрај другите документи и чисти брисеви и правевме четвртокот,денес опп резултат ваков Верувам дека ќе биде така кога ќе тргнеме како и сите дечиња ама еве за да почнеме испадна ова Фала ти
Има финта прават мачкаат хлорамфеникол пред брис за да излезе негативен, така нешто. Ама јас го немам правено тоа, ако има симтпоми лекувам, после не правам контролен брис ако детето е ок. Ни во градинка никогаш не ни барале.
Јас секако да е болен нема да го мешам со деца ниту да планирав сега да почнеме или брис да правиме,сметам дека е не во ред кон ниту едно детенце..и затоа сега барам совет,ќе видам што ќе правиме и како треба да постапам Ајде здравје како треба така ќе правиме
Хемофилус инфлуенца излечивме со Панцеф сируп ама напомена кај моево дете имаше и компликации од бактеријата и си бараше терапија. Не беше без симптоми. Инаку некој праша за брис. И во мојов град на тргнување во градинка се бара чист брис од нос и грло. Без тоа не може да се тргне.
Исто и кај нас бараа чисти брисеви, тогаш немаше ништо ама затоа сеа шарам барам со бактерииве со другарчињата
Очекувано со деца штом одат во градинка живи и здрави да се само сите дечиња и се минува со лесно па сега така ќе растат како сите така и нашите
Така си е нема гајле она, се на нога поминува, тоа ме радува, редовна си е во градинка, потешки разболувања немала, а дека си кружат бактерии си кружат, ама нормален процес како за во градинка, ќе се издржи
Да и нас ни кажаа таа маст да ја користиме,дали е тоа истата маст што е и за возрасни? Јас знам маст дека хлорамфеникол за очи па сега малку сум збунета додека добијам инфо од докторката
Да, за очи е. Локално бактерии во нос се лечат со антибиотски лекови за очи. Ние обично вигамокс капки ставаме, хлорамфеникол за нос немам користено, ваљда внатре во носот некако се вметнува, ама некој ако користел или доктор нека ти каже.
Јас сум ставала. На стапче за уши ќе ставиш слојче од маста и полека во носот во двете ноздри ќе нанесеш внимателно. Кај ќерка ми делуваше, исто по совет од педијатар беше.
Не што е тоа? Бевме на неколку ортопеди и ни рекоа не е страшно само да не го прашуваме честп или да му ја фаќаме ногата за да не го потсеќаме и да не остане да оди така дека му викаме за ногата поголем проблем ќе сме напраеле ќе одел така за внимание. Сабајле приметив некој чекор да направи така инаку океј е сега
https://drkosturski.mk/al/621-2/ Еве прочитај. Тоа е некое антитело што се јавува ако се бори организмот пролонгирано со стрептокока од групата А, нас ни препорачаа да го правиме поради крајниците, ама стреп А знае и излив во колк да направи меѓу другите компликации, па затоа ми падна на памет како нешто што би можело да се испита. Се боцка преку крв, мислам околу 400 денари е. Зборни со матичниот, ама ете мене така ми дојде логично да се провери тоа и да се лечи соодветно, не знам која е терапијата ниту ништо повеќе, само вакви болки ме асоцираат на недолечена стрептокока, може грешам, не сум медицинско лице. Мило ми е што е подобро детето .