Na mojata i vadevme koga imase 4 ipol i eve sega e 12 godini kako nova e .Pomalku se razboluva.Pravevme vo 8 mi septemvri kaj doktor Ana.Ne se grizete se ke bide vo red.So lesno.
Малава кај мене е трет месец на терапија сируп за алергија и назонекс, освен што не рчи веќе, но на контролите не се глеа некое намалување на третиот крајник. Немала воспаление до сега ама исто рече док дека слуша од едното уво како од бунар. Рече да почекаме да наполни барем 4 зошто и онака не е за брзање кај неа нема сериозни проблеми. Сакам Мирка да ја виде, како закажавте на приватно е она или? И дали имаш број?
Немала никогаш проблем со грло. Со уши почна да има наеднаш мака на 4ипол-5 години. Како почна, не престана. 7-8 пати пиеше антибиотик за нешто повеќе од една година само заради болка во уши. Првично ја лечеше само педијатар, после бевме на преглед кај Малинова, па кога веќе бев свесна дека секако ќе се оперира како што тргнала ситуацијата, ја однесовме кај Македонка во Систина. Уште 3 месеца пробувавме поголема доза и подолго време да пие антибиотик, паралелно со некои спрееви и суплементи, за на крај да се пресече дека нема веќе друга опција освен операција. После 6от роденден оперирана од трет крајник и ставени цефчиња во двете уши. Другите 2 крајника не се вадеа дека никогаш не и биле ни воспалени ни зголемени. Операцијата беше брза, и многу лесно помина, никакви компликации. Неколку пати сме биле на контрола од тогаш, и ниеднаш немала проблем со ушите после тоа, поминато е година и 2 месеца. Цевчињата и паднаа сега скоро, значи повеќе од една година стоеа. Нити била болна, нити пиела антибиотик после операцијата. Ако и се затне носот, знае да рече дека затнати и се и ушите, ама ден два ќе и ставам спрејче, ќе дува нос почесто и и проаѓа. Се на се, презадоволна сум од целото искуство и мило ми е што се оперираше.
Зошто на оваа возраст ви препорачуваат вадење? Се разболува често? Зошто и мојот има огромни два и трет крајник, ама е релативно здрав, еве цела сезона помина без антибиотик, па да слушнам исксутва зошто препорачуваат вадење.
Уште не е препорачано вадење, јас прашував бидејќи е опција. Матичната кажала дека кај зголемени крајници и рчење многу често решението е да се извадат. И го пратила кај ОРЛ за мислење. Беше веднаш кај ОРЛ и докторот даде терапија. За два месеци е на контрола и тогаш ке види дали треба операција. Инаку крајниците се зголемени доста и прават проблем додека спие. Плус носот му е затнат на периоди откако оди во школо, па дополнително го тера да диши на уста. Грло еднаш два пати му било црвено. Антибиотик последно пиеше во септември. Сите настинки се поврзани со нос. Брисеви се чисти. Додека е буден нема проблем, ниту симптоми дека има проблем со крајници.
Ако диши на уста заради зголемени крајници, тоа го афектира целиот раст и развој на носот и вилиците, а со тоа и на целото лице. Разболувањето е најголем фактор, ама има триста други проблеми што ќе се приметат понатака во животот заради зголемени крајници. Не ја знам точната ситуација на членката, ама чисто како информација. Не е само колку антибиотик пиело детето.
Точно така. Дишењето кроз нос го деформисува лицето. Плус незнам за вас, ама моето се буди често сред ноќ бидејќи неможе да дише. Двата крајника му се скоро доближени, а ни еднаш нема фатено инфекција на крајници. Подобро на време да се среди. Тоа што јас сум исплашена е друга приказна
Нонстоп се разболува само кога има црвено грло, исто и ушето и е црвено, зошто така? А се си јаде, пие цеден портокал сок. И давам моллерс, вит ц. Сега сакам да сменам, освен моллерс, има др витамини подобри? Стварно вака не можам више
Токму така. Заради тоа што дише на уста додека спие го однесовме на лекар. Прво матичен па потоа ОРЛ. Се мислевме дали воопшто да оди кај матичен, знаевме дека е за кај ОРЛ. Свесни сме и дека недоволно кислород во текот на ноќта може да има последици врз мозокот. Инаку во моментот е здрав.
Здраво имам прашање во врска со крајнициве Мојов е 2г од мал спие со отворена уста таа што му беше матична до сега ништо не спомнала Ама му ја сменив матичната сега(инаку мн се настинува поготово а залади или промена на време нз нос обавезно течење и обавезно кашлање темп до сега 2 пати дали кренал) ама сега еве пак носот и кашлање и новава др одма кога го прегледа рече цитирам "ау колкави крајници" "добро е и темп што не качил" Е сега вие ја отворивте темата па имам прашање Дали е подобро ако се извадат? Дали е посклоно на настинки со или без нив? Дали тоа удара на говор(уштр не збори) Дали е болно опоравувањето? Дали има врска со ушите бидејќи едното увце често од горе му се сцрвенува со тоопче црвено како каснато 1 ден и се губи ама често се појАвува И мн восок од ушите му се прави нз дали е све тпа повразно Извинете ако ср смешни прашањава ама верувам дека ке ни спомнат за нив а веќе имаме у фам ама порано им ги масирале стискале враќале симињале што ли ти знам за да не се големи
Kaj moeto dete morase pod itno dase vadi tretiot krajnik bidejki pritiskase na levoto uvo i mozese da go izgubi sluhot.Podobruvanje ima i toa mnogu.Koga bese pomala non stop bolna,i sega se razboluva ama retko i brzo pominuva.
дете 22 месеца но стоп има мрсули од градинка но и дома. Инхалираме влечеме и ништо. Брис и крв добеа Совет ??
Ќере имаше, и тоа 37,8 најмногу и толку, после неколку дена со носот и грлото, нас Виранто ни дадоа, одма помина.
Мораксела во нос излезе на брис, долго време е со растечен нос и тоа зелени густи мрсули. Друго нема ништо ама носов ептен ја мачи, малце поткашлува од што и се слева надоле ама тоа ептен минимално. Што се дава за ова? Чекам одговор од матичната ама да прашам
Освен растечен нос има друго? Крвна слика како е? Црп, гранулоцити? Мораксела не се третира во 99% од случаите. Присутна е во нормална микрофлора, па при пад на имунитет знае да се јави на брис. Тоалета на нос убаво, чистење редовно и тоа е тоа. Мала е за било што друго, од типот на прополис и сличните.
Нема буквално ништо друго. Крвна слика не направивме ама од градинка ни изреагираа дека ептен и тече носот. Веќе повеќе од недела дена правиме инхалации со физиолошки и влечеме со носко ама нема резултати
Kje poludam vekje. Od fevruari bel den ne vidovme. De nos, de kashlica. Kje se smiri, po edna ili dve nedeli pak. Vadevme krajnici ispagja dzabe. Sovet nekoj?
Јас знам при обоен секрет во случајот и бактерија изолирана не се прават инхалации, да не се разнеси и на дишни патишта и сл. Инаку може локално со маст или капки, зависи што пишува на резултатите да се третира.
Денес го добивме резултатот претходно не знаевме што е, а и прво и течеше само проѕирен секрет и како чешма буквално, за последниве два дена да бидат зелени..