Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    5.238
    На син ми, 5 год, наеднаш му се исфрлија рачињата, црвени му се и благо отечени. Го намачкав со крема, се пожали дека го боли моментално, ама сега не се жали на болка, а црвенилото сепак стои. Од што може така наеднаш да му се исфрлат рачињата?

    IMG_5735.jpeg IMG_5734.jpeg IMG_5733.jpeg
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    47.767
    Пол:
    Женски
    Пајак да не го има полазено?
    Вака нешто контактно, да не фаќал коприва некаде по надвор?
     
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    5.238
    Не, денес не ни бевме надвор. Единствено што ми проаѓа низ памет е дека се тркалаше може пола саат/саат по свежо чистен под, ама со сретство што секогаш го користиме. Плус црвенилото му се појави некои 3-4 саати после тоа. Друго не знам што би можело да е.
     
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.378
    Допаѓања:
    5.643
    Пол:
    Машки
    На друго место нема?
    Да не е алергија на храна?
    А може и од средствата нешто да му е..
    Ако го боли најдобро уште сега на доктор однесете го, мал е за да чека до утре.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    47.767
    Пол:
    Женски
    Прашувам за пајак оти мене вака на ногата имав исто, наеднаш се појави, ама болеше многу, а кај цимерката исто од ист пајак на двете раце почна малце па дојде до антибиотик и цели раце модри и потечени. Не сакам да те плашам само од искуство многу се подмолни вакви убоди од пајак, е сега ние бевме во Англија и таму има една врста опасен пајак, за тука не знам. Ама ако продолжи да го боли подобро носи го.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    5.238
    Кога беше помал, беше така полазан од пајак по ноџињата и беше осипот како со пликови. Мада тоа не мора да значи дека не е од пајак и денес. Од храна, нема нешто ново јадено денес. Ќе почекам до утре, сега веќе спие и кажа дека не го болат и не го чешаат, го проверив, нема никаде на друго место. Ако е исто утре, ќе го носам на итна.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    47.767
    Пол:
    Женски
    Ако е полазан само може со плик да помине, ама каснато е баш вака изгледа на почеток. Ама ќе го боли константно, така да веројатно не е тоа штом не се жали веќе, ама ти пак погледни го ноќеска и утре ако е исто идете на итна.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    17.825
    Дали во Систина има дежурен дерматолог или мора да закажам претходно?
    Се работи најверојатно за алергија, една недела како почна да се нафрла и зашто не беше дома, се мачкаа синопен и и течна пудра по препорака на општ доктор и пиеше аериус сируп, но влошено е иако веќе старите брунчиња се исушени, сеуште де појавуваат нови.
    Дали на идење дома вечер да ја однесам во Систина да ја видат или сабајле кај педијатар прво да одам?
    Messenger_creation_1641CE4B-1785-4FC8-B884-25B5D480C592.jpeg Messenger_creation_51EF6ECF-5891-4A44-9109-68B596364AFB.jpeg
     
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.911
    Допаѓања:
    10.005
    Сигурно ли не се сипаници? Кај мојата вака изгледаа сипаниците:?:
    Какви се кога излегуваат?
     
    На JoyJoy и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    17.825
    Има прележано сипаница пред 2ипол години, не е тоа сигурно. Плус, ова втор пат и се случува и првиот пат исто од половината па нагоре почнаа. Тогаш само на ургентен ја однесовме зашто ептен Божиќ беше и ми рекоа најверојатно дека е од вештачки бои, покрај празниците почесто пиеше сок, јадеше бонбони и слично, ама тогаш со аериус одма и се повлекоа, сега се шират.
    Ова е ново од синоќе, вакви се, тие погоре што ги ставив веќе се исушени од течната пудра. IMG_20260329_115843.jpg
     
  11. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.911
    Допаѓања:
    10.005
    Сме имале пликови како заокруженото од сокови исто, на роденден испи 4-5 тртрапак и цели нозе и станаа такви, ама како овие горе како посебни топчиња не сум приметила.
    Чим се влошува јас би ја однела да ја боцнат, зошто сирупот не помага, евентуално доза да сменат. За ваквиот осип мислам Летизен ни дадоа.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    17.825
    Да ја однесам на ургентен, или да чекам да барам термин кај дерматолог? :^)
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.498
    Допаѓања:
    206.966
    Пол:
    Женски
    Кај моиве е од течен сапун, затоа и не користиме веќе течни сапуни. Го забележав ова кај поголемиот кога беше мал, го тргнав сапунот и се повлече. Користиме Dove за миење раце, течните сапуни ги исфрливме од употреба.
    Да напоменам, Фрош користевме, детскиот.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    5.238
    Има големи шанси да е од сапунот, а не ми текна на тоа. Вчера му беа жар црвени после миење раце, тој си користи негов детски течен сапун, ама беше потрошен, па зема од нашиот. Одма ќе преминеме на обичен, да видам како ќе биде. Фала ти.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    1.937
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам мајки што на мали деца им е откриена алергија и често имале,дали загнојано грло или бронхит им се средило и не се разболувале толку?
     
  16. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Женски
    Мајки во болница сме со малото. Денес др ми рече му биле ниски леукоцити и тромбоцитите.
    Има ли некоја од вас искуство со оваа состојба? @Alishan30
     
  17. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали некој има искуство со хомеопат за лекување рефлукс кај бебе?
     
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.136
    Допаѓања:
    119.777
    Пол:
    Женски
    ниски леукоцити укажуваат на намален одговор на имунитетот, најчесто од вирусна природа. за тромбоцитите зависи колку се и на кој начин е земена крвта може да има варијации
     
  19. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Женски
    Треба ли подетални анализи?
    Во болница сме една недела и прима венски антибиотик. По 5 дневна терапија му паднале леукоцитите?
     
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    2.000
    Допаѓања:
    6.727
    Во болница сте, ако треба анализи докторите ќе побараат. Колку му се леукоцити и тромбоцитите?