Леукоцитите му се 2. Пракса во нашата болница е: земаат крв првиот ден за анализа, и седмиот ден за одење дома. Детето го донесов со главоболка, па почна да се жали на стомак. И затоа вчера го боцнаа од прст да ги видат леукоцитите. Не сме од ск.
Ниски се доста, ама знаат вируси да направат цитопении. Ќе ви закажат сигурно контрола и до тогаш се надевам ќе бидете добри.
Малава се воспали доле од каката, нежна е ептен, затоа веднаш и менувам пелена штом каже дека какала, плачеше дури од што ја боли, каква крема ви помага во ваков случај?
И јас избегнувам да и ставам креми секој ден, ептен по потреба..позната ми е, каде би можела да ја најдам?
Weleda со цинк за пеленска регија на син ми му помогна многу, кај него дури како пликови имаше од каката, само миење при мењање пелена и Weleda, му помина за 3 дена.
Лечиме мораксела 4ти ден со хлорамфеникол во носето, носот уште тече.. се смири малце ден два еве денес пак чешма. Кога да очекувам подобрување, или не одговара маста?
Ако е дадена по антибиограм треба до сега да е исчистено скоро се. Јас мислам дека е фатена на брис затоа што има пад на имунитет. Најверојатно мрсулите се од вирусно потекло и затоа нема ефект.
Пишав и во др тема ама овде ќе ставам за побрз одговор. Ве молам кажете ми како точно да познаам ноќен терор? Пред малце почна да плаче во сон, ама да вришти. Ја приметив на камерата пред да заплаче дека како да се штрекна на два пати, на грб спиеше. Кога отидов да ја смирам плачеше ама не мрдаше, како здрвена беше. Ја кренав и видов дека целата е така здрвена и вриштеше како преплашена, грбот извиен наназад. Дури и не трепкаше, само вриштеше и погледот како преплашена. Едно три четири минути траеше, пробав да ја смирам и зборев ама џабе. После и дадов малце водичка се напи и како да се подосвести, и се олабави телцето ме гушна и си заспа пак. Се преплашив да не е напад некој ум немам
Звучи како ноќен терор. Обично се 2-3 ч после заспивање. Очите им се отворени, вриштат, пиштат. Те гледаат, ама како да не се свесни. Во глобала и не се свесни. Ако се обидеш да ја смириш/кренеш, може и да те шутнат - во смисла да не ги допираш. Може да им се вкочанети телото и свиок наназад. Може и наеднаш да седне. Ќерка ми имаше период на ептен мачење со забите, и имаше ноќни терори... Поминуваат, и сами ќе се смират. Ама да, дури трае 5-10 минути за нас е тажничко за гледање. Јас ја оставав во креветче да се смири, само и шепотев. Ако ми дозволуваше, ја галев по стомаче/грб, ама ако не - не ја допирав.
Искрено не знаев што е ама од памет се извадив, ме исплаши фактот што беше вкочанета. Ме гледаше ама како низ мене, здрвена. Не можам да се смирам уште. И да кога ја земав во раце малце ме оттурнуваше..
Не се грижи, не е ни свесна за тоа. Кај нас траеше 3-4 вечери по ред, по 2-3 пати во една вечер. Од памет не вадеше. Ама ќе помине. Можно е да е тригерирано ако е нешто болничка, или некоја промена во средина ненадејна. Душичка.
Dete 5 god so temepratura 38.5 i treska 2 dena , crp 10 leukociti 4 , bez antibiotik kaza lekarot ,se smiri temper.no okolu ocite na kapacite gore se pojavija kako violetovi bruncinja kako kapilarcinja i po nekoe na lice ,dali nekoja ima iskustvo ...
Дали сте дале половина или четвртина парецетамол на дете 5години? Дозава од скоро 2 шприца тешко му е да ја испие. Пола парацетамол ми бил 250мг,да го скршам уште малце и како прашок да му го дадам со нешто течност или да продолжам со сируп