Колку денови може да се користи бруфен за температура? Како да прочитав некаде дека не треба повеќе од 3 дена. Од средата вечер го користам. Ама сеуште ксчува температура. Носена на лекар вчера после 48ч. Крвната слика мирна. Нема вирус, нема бактерија, нема ништо се нормално. А детево ми качува температура. Има и секрет. И многу омалаксува. Од што може да е ова? Матичната вели настинка, да давсм риностоп. Прв пат и дадов сабајле и тоа само 2,5мл и многу поспана ми делува од тоа. Мислења и искуства ве молам.
Кога имаат ноќен терор не треба да се обидуваш да ги будиш нит да палиш светло. Врескаат се трескаат може и мама да викаат а да си до нив. И очите да ум се отворени а да не гледаат. Како стаклени им се. Ништо не можеш да направиш. Може млеко или вода ако прифатат некоја плишана играчка да не се повредат и чекаш да презаспе. Кошмари им се тоа може од болест глад некоја ситуација преку ден нешто на тв, промена на средина и сл. Дури до пола час може да трае. Обично после заспивање или 12 -1 ноќе. Потоа заспиваат и сабајле ништо не се сеќаваат. Само внимавај да не се повреди и дај нешто да се напие. Околу 2 години почнуваат. Им се будат некои сетила, емоции а уште не се зрели да се носат со тоа и затоа така им се случува. Не мора да значи дека ќе имаат секоја вечер или цело време. Ама не е ништо страшно. Значи дека детето расте. Може и подоцна на 4,5 години да се повтори.
Ќерка ми минатата недела се пожали дека ја боли увото па бевме на доктор и и дадоа Оспен. Други симптоми немаше никакви.Почеток на воспаление. Цела недела пие Оспен и во меѓувреме почна и да кашла многу, а денес по една недела еве пак се жали на увото. Не и е погоден антибиотикот?
Најверојатно не е погоден. Кај моето на трет ден од сумамед кој го пиеше поради бактериска инфекција му се воспали увото, па продолжи со трицеф и му помина.
Majki kazete mi deteto mi kacuva na prvo na 4 sega ba 6 davav naizmenicno paracetanol na 4 nasest ipbrefen sea na sest kacuva sto da davam pa naizmenicno ili iprufen
Мајки дали сте имале искуство, на малата и излезе ова и отприлика три недели и стои така. Во живо како капиларче изглеа, денес матичниот рече личи на капиларче и мазно е и ако не помине за некое време да идам и да не препрати на кожен. Некако исплашена сум не ми дава мир
Антибиотик сируп смее да се помеша со нешто или разводени? Ќерка ми од сите можни има рефлекс на повраќање, маки е да испие.
Касно враќам, се надевам дека веќе сте добри. Колку качува тепература? Многу е лошо упатството во блокмаксот за дозирање, 2,5мл е премала доза. За температура над 38,5 се дава бруфен пола мл од вкупна тежина на детето. По потреба може на 4ч наизменично да се дава со парацетамол.
Афтите во устата кај коксаки за колку време почнуваат да заздравуваат? Од саботата вечерта му излегоа, 2 дена не е ни јаден, ни пиен. Гладен е, плачи цело време, што од болка, што од глад, прежален е. Мачкам гел по препорака на педијатар, ми се чини тогаш хорор е, плачи колку што го држи глас, којзнае колку го болат, огромни му се, душата ме боли.
му давам навечер, го смирува за да може да спие. преку ден нема некој ефект оти има болка при контакт, а буквално јазикот, под јазикот, слузницата од внатрешната страна на обравчињата му се цели вулкани и му е тешко и да зборува и да џвака и да пие. гладен е, се труди, бара, му нудам течна храна и течности постојано за да не дехидрира, ама ќе пивне голтка/лажичка и почнува да плачи, боли мама боли конкретно кај коксаки?