Ова еднаш се случило? И дали после се развиле епилептични напади? И ако нема диазепам чепчиња со што ги смируваат? Психички се спремам за ммр вакцина и сакам да знам што во вакви ситуации.
Еднаш, ама оттогаш се многу внимателни, даваат антипиретик и на помала тт, така ги советувале. Детето е супер, нема ништо, баш напротив, струја е Не се плаши, само биди на штрек. За тт јас сум многу внимателна, ставам аларм на 1 саат, а не спијам, туку за секој случај ми е ставен. Не дај Боже ако дојде до фебрилни конвулзии, правец на клиника, таму ќе дадат сѐ што треба.
Ама нема врска грчеви со епи напади, јас како мала 2 пати имам добивано, синко исто 2 пати слаби, немаме никакви епи напади и двајцата. Во медицината никогаш 2 и 2 не се 4, секогаш секој случај си е сам за себе.
Децата кои имале фебрилни конвулзии имаат поголеми шанси да имаат епи напади во иднина од децата кои немале такво нешто. Но тоа не значи дека ќе имаат. Ете вие немате.
Диазепам не е прво нешто што се дава секако. Пред се не е за температура. Најчесто го даваат кога е над 40 и не може со ништо друго да симнат. Тогаш веќе се имат јавено и грчевите и ради тоа температурата иде нагоре. Со Диазепам ја опуштаат мускулатурата фактички..
А не ви е страв дека со диазепам можете да го успииете? Дека нема да прима течности ако спие долго? Не знам, не сум била во таква ситуација. Знам дека по секоја конвулзија се оди на неурологија и се прави снимање на мозокот да се утврдат причините за конвулзијата, ако е од висока температура, обично не е ништо, ама ако се појават на ниска знаат да бидат порзани со епи напади во иднина. За жал имаме дома искуство со конвулзии и тоа заради низок хемоглобин, ама заради можност од епи напади во пубертет, кога најчесто се појаувуаат подолг рок се пиеше фенобарбитон на дневна основа. Секако, среќа, помина и пубертет и се и не се појавија епи напади, ама постојано со котроли редовни. Ми останало у глава дека додека е конвулзијата пазиш дете, и кога прекинува итно на клиника. Имаат на ургентно посебна соба за деца со конвулзија и не се чека ред и одма се снима на лице место. Мислам дека до 3 години или најмногу до 5 се нормални кај деца со високи температири. Не ги сметаат за проблем, а можат да бидат тригер.
Не ми е страв зашто само под надзор на доктор има примено мојов... Дома не. Јас на своја рака сем парацетамол немам ништо друго дадено..
Не? Јас па гледам стариве за спиење дека пијат ) Не знам. не сум пиела. Добро, на доктор не може да речеш не сакам, нормално. У болница нема ни да ти кажат што даваат.
Никаде не не ставиле во посебна соба, два пати до сега. Беа слаби грчеви ама беа, пошто беа од ниска тт (34.5 и 35.2) ни кажуваа да виткаме во ќебе и да загрееме, среќа па носевме ќебе со нас. Ниту па мозок ни снимиле. Можеби дека биле лесни, не викам не.
Ич нека не ти потреба. Инаку да не се исплашат родителите кои читаат , грчеви не се добиваат туку така. А и да ви се случи, едно да знаете, детето свртето го на страна. И чекајте да поминат. После веднаш на лекар. Јас имам добиено совет од педијатар доколку дојде до тоа , можам да аплицирам половинка чепче, да се смири детето. Пак ќе кажам по совет од педијатар.
Се сложувам со се што кажа Со исклучок на алишан, ние другите овде не сме педијатри. Може да кажеме дали од далерон повеќе ни повраќа детето или од парацетамол, но не и што да даде мајка на дете. Фала богу сите сме зрели и свесни дека терапија на форум не се препишува колку и да имаме искуство и без разлика колку деца сме родиле.
Јас и за тоа ги чувам дома, од страв. Нели страв лозје чува. Не дека ќе дадам туку така или ќе кажам на некој дај му. Ама кога побара Шанел , по совет од лекар, стојам на располагање да пратам. Не само неа, на било кој ако му треба.
Е срам не срам јас на клиника се соблеков гола нагоре во ходникот, го залепив за мене и се свиткавме и двајцата во ќебе. Кожа на кожа постепено се загревал, не наеднаш. Вториот пат уште на одење натака го соблеков во кола, маж не свитка, кога стигнав таму веќе почнуваше да качува и само го прегледаа. Инаку и двата пати од загноено грло му се случи, многу висока тт, па дадов Блокмакс односно бруфен и симна нагло така.
@duffi Почнав да, сабајле втора доза испи и се смири оттогаш. 8часа како нема тт. Се расположи дете, живна. Си земав чепчиња Неофен за секој случај, со сирупов очај бев.. на сила и давав. Она посилна од мене, ме бутка, ја врти главата лево-десно неќе да пие. Дизепам чепче третинка и дадоа вчера, и доколку најдев ќе морав да дадам ако качува над 39, во консултација со педијатар, и за дозирање и за чување, и за се. Не на своја рака. Јас ниту Ибупрофен не давав до сега на своја рака иако знам дека е појак антипиретик од парацетамолот.. Со лекови нема играчка. Не давам ништо базирајќи се на искуства на други мајки. Секое дете е приказна за себе. Засега нема потреба, во недела ќе ми донесат Дизепам, за не дај Боже ќе си имам дома. Не е за паничење работата, не може сите да чекаме над 40 да оди температурата кога ете сите знаеме по еден пример за конвулзии со тт под 40..
Malata mi e so temoeratura od sabajle, kacuva do 39,3.na 4h davam paracetamol i brufen naizmenicno, i edvaj spusta do 38,3 nikako podole. No veke posle 3h pocnuva da kacuva poveke od 38,5.sto peavite za toj cas dodeka da se dade narednata doza, probav so ocet, so tusiranje nikako nespusta. Mi e strav sto e 1h so 39tt
Блокмаксот е заебан. На клиника ми рекоа само при екстремно висока темп. Не ради ова само. Туку и зашто корне желудник. Вика ти не можеш да приметиш дека го боли зашто е мал...