Антибиотик на тепка, без бриС, џабе ти дале. Малце само се смириле симптомите и пак продолжила бактеријата. Чим имаш пауза од антибиотикот направи брис... Исто така топло ти препорачувам да плакнеш нос со шприц, ќе му олесни многу.
Ние. Па мислам дека не престанаа да кашлаат од октомври. 9 дена со тт до 37.5, два дена и над 38 одеше, ама брзо спушташе и сам. Во носе стрептокока, добивме маст за локално. Носот те подобро, те полошо, кашлицата не престанува, најмногу на сабајле и при умор. Неколку дена имаше и во спиење ларингитна што не престануваше со саати и некогаш дури до повраќање. Давав сируп за кашлица, немаше фајде, правевме еизонофили во нос, нег искочи демек да исклучиме алергија. И кренав раце, ваљда кога ќе затопли ќе се среди. Инаку исто со апетитот и нејадењето. Немам нерви веќе, вака се добри, весели па ваљда ќе помине.
Му го чистам, ама кога ке го истиснам шприцот , увото го болело :/ Цела глава му е затната, и му ставам хипертоничен само, после тоа еднаш за алергија, еднаш оперил да се отне малку. Ама како што гледам се е џабе..
Исто и кај него највеќе кашла кога ке стане, му иде нагон и за повраќање. Пробува да јаде, ке се закашла и му се гади и толку. Сигурно и кај нас ке испадне бактерија , само да му го погодат антибиотикот вој пат. Покрај него и јас не сум престаната со кашлање 1 месец, на секој 30 секунди кашлам. Страшно
Стрептокока кај нас беше со исти симптоми и секретот во очи. Направете брис, ние Левуно капки во нос и очи стававме.
Во средата почна да кашла и качи температура, имаше до четвртокот попладне и држеше 37 со 2 до 37 со 7 до вчера, сува кашлица и носот и течеше. Вчера и се намали кашлањето ама денес кога спие кашла и сега заспа, почна да кашла и ми поврати 3 пати едно по друго, само течност. Ја средивме и си заспа ама мене ми е страв да не дехидрира. Да ја будам ли за течности, електролити нешто?
Вчера ни се случи нешто страшно, син ми да излегува од железна порта од двор му падна вратата го турна т.е како се сврти незнам и го удри на газето Видливо нема ни модринка ни црвенило ништо, може да стои да ги мрда нозете но кога дава напор да оси вели дека го боли напред кај бутот и бара да го кренам ... Со блокмакс му се смирува болката но пак малку куца и вели дека боли. И ја објаснав ситуацијата на матичната вика дека е нагмечено дека нема потреба ако-нема оток и црвенило да го-носам на снимање Утре сакам да го носам кај ортопед
Да не му го стискаш шприцот многу брзо... Исечкан кромид додека спие кај нас многу помага за секретот. Исто така дренажа обавезно... Мора да се одлепи секретот за да се исфрли. Спојлер: Дренажа
Дали е можно да се појави осип од вирус без температура? Малиот кашлаше неколку дена бевме на инхалации и му изби осип буквално по цело тело и лице а немаше температура.
Мајки бевме сабајле на матичен, ни земаа крв, и му земаа брис од грло и нос, а од око не оти два дена прима капки декстаметазон, од ургентно неделата што му ги препишаа. Крвната слика до мн качени леукоцити, и му дадоа 3 инекции урбазон со антибиотик прв пат боцка вакви, побрзо да се симнеле , а кога ке стасаат четврток рез од брисевите тогаш со орален антибиотик да сме, почнеле. Реков мора ли урбазон нема примано ми кажаа да побрзо да спадне воспалението. Грлото пак црвено, сега очите се смирија, ама се воспслија непцата ... @LeL15 по колку време се подобри, колку ви беа леукоцитите?
Мислам дека е еден вкус за деца само. Инаку не знам, не сме го користеле многу. Синко кога го боли грло, повеќе го бара "портокаловото спрејче" (лизобакт). Дали му е повкусно или повеќе му помага или е случајност, не сум сигурна.
Има ли некоја мајка што има дете од 3 год правено операција на крајници и 3 крајник? Ние сме 3 ден од операција и незнам што да очекувам. Мака мачеме со храна.
За леукоцитите стварно не ми текнува, ама со левуно секретот во очи за 3 дена така нешто го снема. Се надевам за брзо ќе пројде, урбазонот секако треба да делува да смири било каков процес.
Јас. На 4 год сега брзо ги ваѓавме. Првите 3 дена е најтешко и дома првата недела по операцијата. Ќе даваш бруфен за болка и мора да тераш вода и течности да пие. Нека не јади ама мора да пие. Исто така барем ако неќе храна нека лиже сладоледи. Моето по 5 во денот ги јадеше.
Moze ama ne treba da trae dolgo. Minatata godina na kjerka mi koga ozdrave I se pojavi taka. Jas mislev alergija deka e ama doktorkata rece deka od virusot i bilo. Pretezno po meseto ama sepak prasaj si pedijatar.
После колку дена почнавте со малку подобра храна? Досега нема болка, ама се плашам за покасно велат имало санси на 10 ден да крвари кога паѓале ранички. Мојот бара се па се ми е скриено во фризидер имаме само тоа што смее да јаде. Инаку вода пие. Лекарства давам на 4 саата
После 11 дена температура конечно ни рекоа да направиме пцр тестови и излезе Haemophilus influenzae. Секско вчера почнавме со антибиотик меѓутоа прв пат фаќа бактерија, 200 разботи прочитав на интернет, преплашена сум. Може ли да ми споделите искуства? Година и месец е детето
Првично, а и на самиот извештај пишуваше дека ја има во нормалната микрофлора флора и не се третира. Е кај моево дете направи компликации и третиравме со Панцеф. После испиениот сируп по 10тина дена направив контролен брис, беше чист. Некои посебни последици немаше.
Не читај подобро. Кај моево дете често искача на брис кога ќе направам, мислам му живее во носот. Таа, мораксела, стреп пнеумониа не се страшни, стреп А мене ме плаши само (шарлах што предизвикува). Не се секирај, градинка особено е дувло на бактерии, ќе се навикнеш на сите, миленичиња ќе ви бидат .