Фала ви, баш ме опуштивте според начинот на кој ми ги пишавте работиве си почнавме со Панцеф, се надевам ќе биде се како што треба
Здраво, може ли препорака за доктор/ка уво, нос и грло? Кај Д.р Мирка Шалиќ нема термини, со приоритетен не примаат. Друг некој да ми препорачате од искуство?
И кај нас денес на рез таа бактерија испадна HAEMOPHILUS INFLUEZAE, со една доза амоксиклав, три инекции линкоцин со декстаметазон не помина... Денес ни продолжија со панцеф седум дена, левуно капки во нос и очи, и плус инхалации со VISCOFLU зошто има јако воспсление на ушите и гној на грлото, и не е добар слухот. Тт нема покачена... Прв пат ја закачува, а има 5 години и кај нас се покажа баш јака Се надевам сега ова ке помогне, се изнаприма детево антибиотици
Се надевам од Панцефов ќе се средите ние после два дена одма видовме подобрување, температурата конечно престана… 7 дена ќе го пиеме, па ќе видиме после на брис што се случува. Вие правевте брис откако ги примил амоксиклавот, инекциите и слично?
За жал да, прво имаше само црвено грло и затоа амоксиклавот, потоа на кс леукоцити 20 па инекции, и од нив немаше некое подобрување, и на крај после брисов панцеф... Дај Боже да се среди, се најдобро и кај вас
Мајки ај консултација ако некоја има искуство. Пред еден месец малиот кашлаше и искочи с.пнеумонае во нос, се лечевме со инхалации и капки во нос. Сега пак се раскашла, плус имаше осип и конјуктивит и уште ја има бактеријата во нос. Дали во ваков случај треба антибиотско лечење?
Ние почнавме со Амоксиклав пред да дознаеме за бактеријата и откако добивме резултат ни го сменија со Панцеф, педијатарот ни кажа дека е најсензитивна бактеријата на него. Така да fingers crossed дека после дозиве ќе ни оздрават децата!
Да, најверојатно треба и ќе ви дадат и антибиотик. Штом уште кашла, и секрет во очи и ја има најубаво да испие да се исчисти.
Дали сте имале искуство со отечен врат кај мало дете, ни кажаа дека е најверојатно алергија од јагоди ама оток сеуште има, и еднаш само температура покачена 38. Отокот сеуште си стои. Можно ли е да жлезда? Некој да се соочил со нешто слично?
Каде е отечен? Жлезди отечени на вратот се како топчиња, најчесто реакција на инфекција. Кај некои деца нон стоп ги има, се намалуваат и зголемуваат при инфекции. За алергија од јагода не би требало прво да има температура, второ веројатно и отокот е различен
Само од левата страна на вратот, баш цела лева страна. Инаку прво се појави оток а ноќта и температура.
Zdravo , nekoja majka sto praela opreracia na 3 krajnik na dete ? Mojava e 4 godini skoro ama veke ni tricef ni nisto ne mu pomagat a pocnato e i useto da e bolit. Da mi kazit iskustvo i da mi preporacat nekoj dobar doktor
На син ми изваден му е третиот крајник, ако има чести воспаленија подобро е да го извади. Ништо страшно, рутинска операција.
Ако одма во истиот момент тогаш да.Барем јас кога сум давала сируп и практично ми повратиле од што му се згадило од сирупот др.ме советувал да дадам пак