Детево во саботата крена температура 37,8 за брзо и се качи на 38.7 и дадов сируп? Се спушти и креваше пак на 6.5 часа. Не одеше премногу освен ноќта крена еднаш 39.1. Кога и измерив прв пат имаше и осип како после висока температура, таков осип, но овој пат се јави пред температурата. Вака океј е, само мрсули и течеа но прозирни, ама ај заради осипов викам да не е коксаки ја однесовме до Козле.. крвна слика ужас, леукоцити 23, црп 60. Докторов вика бактерија, грлото жар и било дури имала и секрет на плуќа. Како имала не знам, кога детево нит кашла нит нешто има секрет, спие нормално. Ајде антибиотик и инхалации. Температурава траеше скоро ден, веќе нема од вчера од 5 и пол попладне. Но осипот е тука и детево е прекенкаво, значи плаче константно… се смирува само кога ќе пуштиме песнички за инхалирање, бидејќи без тоа не можеме да се инхалираме. Матичнава вика не може сега брис, зашто веќе е почнат антибиотик. Што бактерија ќе е, зашто не ми е јасен осипов. Има на торзото, неколку на лицето, на рацете малку и по некоја на нозете. Не се сипаници, не е коксаки. Што може да биде?
Ништо не ни рекоа во Козле, само 5 инхалации, антибиотик и за два дена контролна крвна слика. Температура немаше ни 24 часа.
Почна со антибиотик и за три часа немаше температура. Не ми е верно толку брзо да делува. Во 2 ипол и дадов попладне прв пат антибиотик во 5и пол попладнето последно имаше температура.
Не знам, немал осип мојов од таа бактерија кога ја имал, ама знам дека може да предизвика. Ако е стрептокока, 10 дена антибиотик се пие, ваљда во тој период се средува.
7 дена ни дадоа антибиотик, Трицеф. Според ова што читам за шарлах не и е баш ваков осипот, не е груб, и нема под пазуви и вратот. Се мислам да не е некој коктел од вирус и бактерија…
Дали е можно стомачен вирус да се повтори по неколку дена? Малата на 22ри стана со нагони за повраќање. Презаспа и сабајлето немаше ништо. Помислив дека е стомачен зошто големиот наредниот ден цел ден повраќаше и имаше дијареа. Вчера почна таа да повраќа и се жалеше на болки во мешето. Ноќта стана и тој со болки и со гасови. Сега се подобри двајцата, ама не знам што да мислам.
Можно е да се работи за тн. петта болест, гуглај слики да го видиш осипот. Парвовирус ја предизвикува.
Не е, бевме денес на лекар… испадна дека во Козле не се нормални. Детево нема наод, нит имало. Повторена крвна слика, и според нејзе појак вирус во одминување. Најтрагично е што ни беше даден антибиотик и сега мора да го испиеме, зашто не се прекинува. Осипот и е вирусен.
Еден, единствен пат дете во Козле однесов, две и пол години имаше, со гнојна ангина, му лупнаа доза од 8мл сируп Оспен на 6 часа. На две и пол годишно дете што тежеше едвај 15 кг - и никогаш повеќе не отидов таму. Нормално дека не ја дадов таа доза, си давав соодветна за килажа, на 8 часа како што е правилно. Верувам дека ја погрешиле дијагнозата, не им верувам баш на тие доктори таму. За жал, навистина мора да се испие веќе почнат антибиотик.
Те читав, имам пишано на темава прв ден температура кога имавме. Ние 2 дена тт, па хаос скроз беше, у раце ми спиеше цела вечер се будеше со вриштење, сабајлето на лекар носев, алмацин ни препишаа, немав време кс да правам брат ми свадба правеше а и мислев не е сериозно... Еве ја осип пројави малку по малку цело тело... Ај ако можеш прсти ми го во лп осипот да споредам... А во козле не се нормални, не не примија дека немав матичен со себе, а од свадба ја носев на итна чоече...
Има ли некој вирус со малку покачена температура (38.5), многу секрет во нос и грло (без кашлица) и ептен благо покачени црп и лимфоцити? Кога ја виде докторкава мислеше бактерија ама според резултативе од крв вика сепак ваљда не, можда вирус. Чекаме резултати од брисеви али сепак да прашам во мегувреме да не е слична ситуација кај некое дете. Патем вади заби, минатиот пат кога ги вадеше горните двојки исто закачи некој вирус…
Ние поминавме вирус со сува кашлица, без температура. Кашлицата беше доста интензивна, во напади – како да не може да се земе здив. Сега е значително смирено, но сè уште има повремено покашлување од време на време.
Мамички едно прашање малата ми се удри од ивица на кревет летна и падна на колена и рачиња не плачеше ништо опа ја кренав браво и толку беше. После 10мин приметив при одење со десното ноџе како на секој 6-7ми чекор да ми подкуцнуваше.. клекнуваше по играчки стануваше и се најнормано но со одењево се заплапив.. се избањавме средивме ја пипав по едно по друго колено немаше реакцика доле на зглобче исто никаква реакција, ја скокоткав по стапалца се најнормално ... повеќе бараше во раце .. заспавме еве сега спие мирно но мене сон не ме фаќа.. падна во 20ч. Веќе скоро 4ч се поминати ... да напоменам плус дека многу и се спиеше ..