Да прашам дали има некој вирус прво со растечен и затнат нос? Сега почна и да кашла, докторкава ми рече да инхалирам со синомарин и дексазон.
Мами, ова се појави на мешето на синко пред околу 2 недели. Не го чеша. Инаку сме 22 месеци. На што ви личи?
Синоќа почна да се жали дека го боли к*рето го видов малце беше црвено и го измив, цела ноќ се вртеше и се гледаше дека му е неудобно, стана во 5 со плачење дека го боли, црвено и отечен му е, кога моча нема реакција вели дека не го боли додека моча. Заврши антибиотик пред некој ден веројатно и тоа е, матичната е втора смена, да го носам на итна или да чекам да отвори. Прв пат се слулува ова, а има рефлукс на бубрези инфекциите може да бидат ризик. Што да правам за сега, секако ќе го носам ама заспа ич не спиеше па да одмори барем не знам…
Ќе го носам сега, не е полошо ама не е ни подобро, уште моча и не се жали дека го боли. Матичната е од 12 чекам да отвори и ќе го носам.
Бевме на хирург рече не е за сечење, црвено му е доста и отечено ама може да мокри и нема болки при мокрење, баленитис веројатно. Мокрача и кс за сега е во ред, дадоа спреј и одмивање со камилица па да видиме како ќе биде. Он е вака добар дава и да го допрам ама многу е отечено мене свест ми се заврте лога го видов.
Дали ви се имаат жалено децата на главоболка кога се настинати? И зимата и сега се пожали на страната кај што е повеќе затната и тоа око е позатворено, има многу секрет, нонстоп тече носето. Ама паничам од главоболката, големиот никогаш не се жалел, ни ко ќе имал грип. Малата е 3 години и 9 месеци.
Каде, на страна ли? И мојов се поджалуваше понекогаш и јас паничев, маж ми вика глава на страна од синуси знаела да боли, он има мака цел живот со тоа. Штом е позатната на таа страна може од тоа да е.
Да, на десна страна од главата. Како да ја заболува наеднаш па се смирува. Затната е многу, едвај дише, а носот вчера цел ден вода течеше, денес веќе густ секрет. Веројатно е негде погоре затнато.
Po mene znam deka boli glavata od sinusi. No da napravite i eden bris, i streptokoka znae da dade glavobolka.
Итно прашање, се надевам има некој буден да одговори. Малиот ми качи тт , а ефералган чепчињата ми се до 05.2026 год, смеам да дадам или нови треба?
Исто да прашам и некој да има мака ко нас: сируп за температура со пријатен вкус? Од ефералган повраќа веднаш... и само чепчиња ставаме ефералган или неофен... ама траума му е мава, тепа , со сила го држиме.... мака и за него и за нас...затоа барам доколку знаете сируп за тт што ќе биде ок
Мојата го пие само овој: Далеронот не сака да го виде, го плука или повраќа, а блокмакс поретко давам.