Ние се мрцварњвме со температура ради забите 2 недели а пред тоа и друг вирус имавме со осип... Па вирусов ко џокер на покер се уфрли во игра така да неможам со сигурност да ти кажам
Леле за ова дојдов да прашам, ужасна е кашлицата. Најмалиот веќе две недели кашла без друг симптом, кај матичната упорно го носам крвна слика одлична, црп 1, инхалации, спрејчиња и упорно си кашла. Второ мислење барав, истиот одговор. Еве од пред 3 дена и другите две деца ги фати, кашлаат ноќе до гушење, не знам веќе како да им помогнам. Во градинка не ги носам зашто не можам да се докажувам дали се болни или не, полудев веќе.
Кашла и мојата две недели веќе, а денес големиот што кашлаше пред неа пак е со зарипнат глас. И мене ме префати, страшен вирус.
Исто и кај мојов,пред 10 дена беше со растечен и затнат нос,засипнат глас,па почна да кашла со инхалација се смири. Од пред два дена пак засипнат и поткашлува,јас не знам што ќе беше ова....
Dali e normalno vo spienje da kashla, a preku den taka da se nakashluva? Nokjeska me mrdna, duri i povrati. Se smiri nekolku saati i pak go razbudi kaslica. Ne znam shto e ova. Leto doagja, a bolesti kup.
Почна малце подобро да станува кај ќерка ми ама истиот одговор и јас го добивам од матичната, нема што да и давам плус. Сирупи за кашлица сите се над 2г а мојава е 13м. За градинка мене матичната ми рече да ја носам, дека крвната слика мирна, а и во градинка сами ми рекоа дека ако нема температура да ја носам најнормално
Исто е и кај ќерка ми. Ноќе ужас некогаш буквално како да се дави, а дење едвај да се закашлува. Мојава и заби вади па екстра секрет и се слива од тоа дур спие, така ми рече матичната.
Здраво. Не можам да најдам соодветна тема за моето прашање. Се работи за дете со атипичен развој и мора да му се извади крв од вена. Детето ни под разно нема да соработува ниту да седи мирно. Па ме интересира дали има некоја лабораторија да препорачате ама од искуство кај што би се завршила работата? Нагласувам дека муабети ќе го држиш детето не е посилно од тебе, посилно е. Благодарам 6ипол години е детето.
И двете докторки кај што ги однесов ми дадоа потврди за во градинка ама строго ни е во градинката, сигурна сум дека ќе ми се јават да ги земам и ќе бараат чисти брисеви. Само најмалото има бактерија во нос (што е нормално за дете што оди во градинка). А да, заборавив со зарипнат глас се исто и моите. Давам и сируп за смирување на кашлица, лижавчињата исто од аптека и ништо. Страшно.
Од искуство, во државни клиники се највешти сестрите за земање крв, на детски одделенија кај што сме биле. Ако сакаш приватна би ти препорачала Авицена Тафталиџе. Не сум слушнала за дете што соработува за земање крв од вена, а ако мора значи мора, ќе стиснеш заби, ќе го држиш и сестрите ќе ти помогнат. И во Ремедика се исто добри. Секако пробај прво со разговор да му дадеш до знаење што го очекува.
Да и мојата ноќе кашла, пред некој ден исто поврати. А пред тоа 2 недели со некој стомачен се боревме и ме преплаши пак со повраќањето, ама од кашлицата беше. Еве ја денес со црвени очи стана, ко инфекција некоја, уште за ова ја немавме однесено кај матичната овие дена.
За смирување на кашлица, нас ни се смири па не и го земав, инаку другарка моја се крсти во сирупот Скроз на природна база е со бел слез, мед од багрем, итн итн. Пишува во Зегин го има, 641 ден.