Еве и јас да пријавам 10 дена со растечен нос и од вчера почна кашлицата, ноќеска не спиевме, денес почнавме со инхалации. Се надевам ќе се смири. Инаку весел е, јаде нормално и нема температура.
Малото ноќеска качи температура, се препоти со парацетамол и од сабајлево како ништо да не било. Си трчаат, јадат нормално, кашлицата е влажна веќе ама ноќе страшно кашлаат, преку ден се ок. Сега баш рачунав 17ти ден му е веќе со кашлица, не знам што е ова.
За таква кашлица кај моево само инхалации помогнаа, за жал мораше кортико. Инаку, во Козле веќе никогаш деца нема да носам и не ги препорачувам воопшто. Дали преувеличуваат, дали играат на карта за секој случај, не знам, ама не ги бива за дијагноза. Не сакав да го носам, ама немав каде во 9 навечер, на детска клиника се најчесто Албанци и не можам да се разберам со нив, приватно не сакам. Носам дете со непрекината иритантна кашлица, дијагнозата беше бронхопневмонија. А детето нема температура, нема секрет, има апетит, не е малаксано и залегнато, дишењето не е толку плитко, ама сепак беше забрзано. Крвната слика беше во прилог на алергиска реакција, доминантна еозинофилија, црп 18, ниски лимфоцити, благо покачени леукоцити. Терапија 6 дена Сумамед, инхалации со будесониде и физиолошки раствор наизменично десет дена, и ртг снимка ни рекоа да направиме за потврда на дијагноза. Собрав дете и следен ден кај матичниот го однесов, се крстеше за дијагнозата. Инхалации му правев, после првата беше ко ништо да не било, го инхалирав пет дена, најчесто со физиолошки, поретко кортико, ако имаше заглавен шлајм. Е толку од способноста на тие во Козле. Среќа не ги послушав да правиме ртг, и за сумамедот.
Да се надоврзам на постов. Немам искуство со инхалации па не знам дали кортикото се меша заедно со физиолошки или треба еднаш до чист кортико, еднаш со физиолошки? Може глупо е прашањево ама не го разбрав баш матичниот. Еве ја рецептата.
Се меша, 1мл кортико од 0,25мг со 1мл физиолошки. Има случаеви кога се користи само кортико ама во случајов треба да мешаш.
Се меша. Јас мешав 2мл физиолошки со 1мл будесониде од 1мг, моево е поголемо и ова му беше првпат да се инхалира. Една инхалација со кортико, следните две само со физиолошки, после пак комбинација со кортико. Така му препишаа.
Јас сум мешала, така ми кажале. Ваљда зависи од возраст на бебе. Дозата кај нас беше 1мл физиолошки со 1мл кортико, ова и на 9м и на 13м кога имаше мака истото
Сега ве читам и моево е со влажна кашлица врќе 7 8 дена, претежно ноќе е, се дави од кашлање. Само завчера ноќта имаше тт ама сабајлето сам си ја спушти и не му дадов ништо. Што е ова? Вирус некој? Крвна слика не направивме матичната рече нема потреба и ништо и не му даде. Па денес еве и дење се закашла некој пат.
Не знам дали е заби, дали е вирус, ама крева температура на 24часа и тоа 37.4-5. Се лигави премногу, волку како новороденче не се лигавеше. 18месеци сме ги имаме сите заби до 4ка, може ли да се 5ки? Воедно имаше прозирни мрсули, сега веќе почнуваат да позеленуваат. И направивме брис денес, ќе видиме што ќе излезе. Не сака ништо да јаде, само смоки сака… одвај изеде малку кексолино сабајле, и тоа заменско беше, и имав спремено јајце со грчки и лепче, не сакаше да го помириса, па одвај со кексолиново се убедивме. Може ли да е некој микс на заби и вирус?
Кај нас беше/е заби и вирус од градинка. Прво беа заби и бактерија почна на секое вадење заби да и паѓа имунитет и нешто да закачува плус. Симтоми веќе 3 недели, крвна слика и црп чиста и сега и пред 3 недели
Не знам дали е стомачен вирус или што , 3 дена е со течни обични столици по неколку пати во денот . Внимавам на храната , давам пробиотик ама ништо . Вака океј е расположен има намален апетит ама пак си јаде . Нешто да препорачате за течна столица или да го носам на дежурен ?
А јаде ли барем? Мојава не сака ништо, еве цел ден е на кексолино половинка цинија… не сака ни ужинка.. е и прееска испи пола чаша јогурт.
Јадеше до пред 3 дена, сега по пола порции со молење дури и од омилените јадења. И јогурт ми одбиваше дури денес, едвај пола чашка Едит: за неа ова премија е, претходните заби кога ги вадеше само грчки јогурт јадеше и едвај по некое овошје
Не знам што да и понудам… ништо не сака, и ручек фрлив, и еве смоки сака(на ДМ тие ги имаме дома) шмукалче никогаш не одбила, сега…