Не сака никакво овошје, освен во шмукалче. Не знам што и е станато. Ми пребира и со храната, не беше таква.
Период ваљда како и се. Особено ако се заби и ја боли тоа е…Еве мојава демек нејќеше ништо и 10 цреши од фрижидер ладни изеде
Кажете ми што би направиле да сте на мое место. керка ми е болна има температура и малку спуштено на плучата од едната страна. И дадоа антибиотик, ќе го почнеме денес, и сируп за искашлување и инхалација. Ние утре имаме одмор, докторот рече можете да одете но… мене ми е страв Толку многу се радуваше ќерка ми, а и ако не отидеме 2500€ фрлени во канта. Барам мислење од мајки, да сте на мое место што би направиле.
Јас сум во слична позиција. Кашла и матичниот рече малку се слуша и на плуќа, многу малку, само ние сме без температура. Правиме инхалации 3 ден но некако нема баш подобрување. Одморот ни е закажан од јануари. Не знам што да правиме.
Да немаше температура јас сигурно би одела, секако морето и морскиот воздух добар е за дишење.. но мене ме мачи температурата
Кој ден од температура и е? Со сопствен превоз сте или авион? Има ли доктор кај што одите? Ако сте со кола можеби еден ден покасно да тргнете, би требало да делува антибиотик за 24 до 48 саати. Со инхалатор сум одела на одмор со одобрување од доктор
Ние лани бевме во истата ситуација и отидовме на одмор , докторот ми рече дали тука или таму исто е на крајот од денот не сме на крајот на светот и секое време можете да си дојдете . Дури и подобро на море . Отидовме си ги зедовме лековите и си поминавме многу убаво .
Денес е втор ден.. Ќе одиме со авион 2 ипол часа лет. Нормално во ал инклузив резорти има доктор незнам точно, но сепак померивме за задутре, до тогаш се надевам ќе биде подобра.
Stom si prima terapija nema da ima problem. Nekogas se desava i na odmor da se razbolat, nikoj ne moze da predvidi. Vo resortite ima doktori ako nesto treba.
Ауу што вирус ќе беше ова? Пред три недели,со исти симптоми затнат нос, засипнат глас, кашлица. Со инхалација се смири. За околу 10 дена еве пак со истити симптоми,само што сега ептен кашла инхалирам со синомарин и дексазон,нема подобрување почна и навечер да кашла. Грло и плуќа чисти,кога е надвор не кашла до толку. Некоја мајка со слични симптоми има? И кога да очекувам подобрување?
Како сте третирале мораксела? И покажа на брис на малата. Освен мрсули детето е во одлична состојба. Локално третиравте? После ќе ја носам кај матичната.
Ако оди во градинка тие се бактериите, се вртат цело време. До сега 2 пати пиела антибиотик ќерка ми, кога имаше воспаление на уво и грло а ги има бактериите цело време, тие се дел од нас и треба постепено да се навикнуваат дечињата на нив. Така мене ми беше објаснето од педијатар.
Што давате за стомачен? 18 и пол месеци сме. Повраќа и има пролив, трет ден веќе. Два дена само пролив имаше, од денес и повраќање. Не сака ништо да јаде, ама ништо, одвај два гриза, добро што пие вода.