Ептен ја накревала мојава Кока кола. Лажиче по лажиче на 15тина мин. Види и Наусолвит јуниор капки. За храна ориз варен, водата во која се варел оризот, компир, морков варен исто. Чај сум давала Бекутан најчесто врткам дома.
Не сака ништо да јаде, еве лепче каснува по малку. И само тоа бара и ќе касне два гриза и не сака. Чај и давам од нане, го пие, ама не цело време. Вода пие, бара шише стално. Ама со хранава.. ништо не сака. Не знам ни кај закачи, не беше во градинка..
Нема повратено и какано од сабајле, но не сака ништо да јаде, ама буквално ништо. Касна 5 крекери… и тоа е цел ден. Сабајле малку лепче и крекериве. Вода пие многу… не знам дали да се загрижувам за нејадењево, плаче се корне веќе цел ден, бара да јаде и даваме, плаче зашто и даваме. Константно и нудам, џабе… не знам веќе како да и помогнам.
Па штознам, да и оставиш храна да си јаде сама, пробај сладолед на водена база нешто дај и да ја освежи, делува ко да и е мака а незнае како да се справи со чувството. И не се секирај толку за јадење, битно е течности. Колку м направивте вие?
Не од стомачен него од херпес моиве не јадеа 7 дена, живееа на боза и чоколадно млеко. Извадена бев од памет ама ете и тоа го поминавме. Ништо нема да и биде давај електролити и течности ќе и помине ќе си јаде
Нека пие течност. Бебево сега ми одбиваше се, 90 мл млеко цел ден испи, не беше скоро ништо јаден. Тешко и е, добро е што пие, кога се така виросани, болни обично не јадат.
Кај моите проаѓаат соленки, супа, попара со јогурт ама не им нудам туку ставам во тањирчиња низ цел стан, па кај ќе се заиграат таму им бутам во уста. Пробиотик диастоп им помага, оризова вода исто многу помага (има ист вкус како обична вода ама бела боја, па затоа во затворена чаша со цевче им давам да не приметат).
Поврати многу малку накај 6 попладнето, но не какаше. Се откорна пиејќи вода а пелената сува цел ден.. не знам како е можно. Сигурно испи литро вода, а сува пелена. Вечерта сама зема лепче касна пак, и плачеше абц да и дадам. Не и дадов, зашто е млечно. Спие добро цела вечер, дури одма заспа, за 5 минути. Се надевам денес ќе е подобро. Иначе 18 и пол месеци сме.
Update, завршивме во Систина на инфузии. Дехидрирала, шеќерот 2.4. Стана сабајле летаргичнс, поврати и не реагираше на ништо.
Орл не знам ни на детска клиника дали има или директно на клиниката за орл. Ние таму сме го носеле големото дете. Леле душа со помин нека е
Подобра е, реагира на терапијата. Да и дотече и си одиме дома. Испис со 500 работи за користење. Само да е подобро.