Добро има ли дете што ги сака електролитиве.. абе мислиш гомна и давам. Со лажиче и давам на 10-15 мин, се корне од плачење. Не знам веќе како да ја хидрирам.
Јок сестре. Со помин да е и побрзо оздравување кај вас. Моево што јаде се живо и диво, електролити плука. А сум пробала и на Бекутан и Орс и други едни со мандарина, портокал, што и да беа. Среќа ретко сме користеле. Да пробаш супа од петел да и даваш? Од Подравка таа. Знам и за неа викаат дека ептен делува како електролит. Свари како што е по ќесичката, без екстра додатоци.
Денес само тоа е јадена два пати, попара супата од петел. Пие вода убаво, давам електролити, пак сува пелена веќе 5 саати… нема повратено, нит пролив. Пролив нема од вчера, а нема повратено од сабајле. Едит: Еве мочаше пак конечно.
Прашај од тие на полски лек дали можеш да ги даваш. Убав вкус имаат моиве како сок да се ги пијат. Со лесно
Чат гпт вика разреден сок од јаболко да се пие или опција електролитот да се замрзне како сладолед (popsicle) и така да се дава. Ова второто не знам за мало дете колку е паметно. Сок сум давала, бистар од јаболко или бебешки како помала, потоа 100% јаболко, во тетрапак, замрзнато нешто било што немам давано посебно не, кога била болна
Моево беше скоро дехидрирано од салмонела кога прележа. Не сакаше електролити и не форсирав, му ставав повеќе сол во храната и оризовата вода што ти ја спомнав вчера. Бананата е исто одлична во вакви ситуации. Супата исто е солена плус ќе внесе течност. Во јогурт исто можеш да додадеш сол, грицки некои солени. Пробај на таков начин штом не сака електролити.
Алвоген орс од јагода се супер, убав вкус имаат, како сокче се. Јас па стално им давам сладолед и ладни пијалоци кога се болни, оти помага во намалување на отоци од воспалението.
Со стомачни вируси сме немале и некое преголемо искуство. 1-2 максимум ако има фатено. Кај нас бронхит, пневмонија и тој тип на дневен ред беа почести. Сега на 3+ години си јаде сладолед редовно. И кога кашла знам да дадам. Ладни пијалоци пие од фрижидер. Popsicle веројатно со конзистензија блиска на мраз што е, не сум дала.
Мајки искуство со бактерија haemophilus influenzae...приметив солзење на окото и жолтеникав исцедок, направивме брис и ни дадоа капки и маст тобрекс 7 дена. Мислам дека има и на нос, но не ни рекоа да направиме брис. Ни рекоа чистење со синомарин и инхалации со синомарин и будесонид. Неколку дена беше без ништо на очите од вчера приметувам гурелки и кашла. На лекар велат дека е добра, но мене не ми изгледа така. Не знам каде да ја носам. Дали пак на своја рака да ја однесам да повториме брис на очи и да направиме брис на нос
Нема потреба додатно да испитуваш, скоро поминавме сите таков вирус. Кај нас помина и без капки во очи, само со синомарин и инхалации. Ќе приметиш подобрување кога убаво ќе се растече носот, ќе намали и кашлањето и ќе биде подобро. Тобрексот за 2-3 дена ќе помогне за очите.
На почеток кашлаше со секрет, сега почна посуво да кашла. Носето и течеше, па неколку дена и престана, еве сега пак и тече. А тобрексот го користевме 7 дена, па 2-3 дена беа чисти очите и од вчера пак и се прават гурелки. Мисла ми е да не и се влошува и дека не ни дадоа ништо капки или маст локално да го лечиме носето.
Можеш хлорамфеникол маст во носот да ставаш, мада моево има стрептокока и му течеа зелени мрсули кога убаво се растече носот, а еве го сега ништо нема. Моите дека одат во градинка на периоди им се растекува и така поминува. А кашлањето сигурно е од носот. Можеш понеделник пак на една контрола ако ти е на мисла.
Оди во градинка и мојата. Седевме дома скоро две недели, мислев ќе помине. Требаше сега и вакцина мрп да прима, наполни годинка.
Кај мојава ќерка траеше долго, вака симптоматски лечевме. Ај локално во очи, ај зелени мрсули, капки во нос. Ова со докажана бактеријата. По некој ден страшна кашлица што буквално ја оставаше без сон било преку ден, било ноќе. Е тука веќе и антибиотик (Панцеф) доби и за неколку дена сите симптоми исчезнаа. Се исчисти што би се рекло бактеријата. Со локалните третирања повеќе од месец се маткавме.
Кај нас прв симптом (секрет на очите) покажа на 15ти попладне после градинка. Ни рекоа вакцинирана е, да почекаме организмот сам да се избори. Изгледа исто ќе биде на крај со антибиотик.
Мајки што вирус е овој чуден што повторува неколку пати? Прво беше големиот болен на 10ти мај, па малата први симптоми на 13ти мај. Кашлаше долго. Од пред 3 дена таа беше со температура пак и растечен нос, тестиравме за вируси преку брис испадна риновирус. Јас бев прво на 17ти мај со неа болна, од вчера сум пак со болно грло, немам глас и омалаксана. И капак денес големиот крена пак температура.. Таа пие само изопринозин, друго никаква терапија немаме добиено дека вурусно ама никако да помине..
Вигамокс мислам за локално за нос може. Акп се затне носот може да направи поголема беља, таа е за ушите опасна. Некако нашиве доктори, бар моето искуство такво е, не даваат локално ама обожаваат да даваат инхалации и коритико не знам зошто. Јас давам на своја рака, 2 години не ми се разболел појако да кажеш иначе се беше на антибиотици од тоа што ми даваа солен раствор и септсназал
Да, еве џабе ги лечевме очите, кога за нос само будесонид и синомарин. Не ми се прави ништо на своја рака дека е 12м само, а не знам веќе каде да ја носам.