И ние сме исто, од април тргна. Затната, кашла, мрсули, нон стоп има нешто. Ќе ја средиме, 2 дена во градинка, па пак кругот одново. Матичната вика така ќе биде додека направи имунитет, коска беше додека да тргне во градинка, доктор немавме видено. За затнато, прочистувач, навлажнувач и чистење со солен раствор, нема друго.
Ова се' што пиша е нормално при одење во градинка. Имунитет се создава кога оди во колектив, џабе се' едноставно дури не помине..доено, недоено, спрејеви или без, мешано или чувано дома..буквално сите во градинка мора патот да го изодат
Zdravo feminki. sum go nosela dejcevo moe vo imunolog zaradi gubenje i NE rastenje na kosata, cesti infekcii, gripovi i nekako ne raste kako sto treba (ili pak mene taka mi lici). ovie se rezultatite no doktorkata e na odmor i sakam vase mislenje i sto mi preporace da pravam (jadenje, suplementi itk). vi blagodaram
Мами јас како неискусна да си прашам тука. Син ми скоро 2 годинки има, ретко да го фати некој вирус, не оди сеуште ни во градинка. Во последниве 3 месеци, 4 пат јавува ларингит со кучешка кашлица. Не трае долго, два дена најмногу, поминува само од себе без никаква терапија. Мисла ми е која би била причината за ларингит доколку има некоја мама слично искуство?
Мојата ларингит фати после корона кога прележа, и сега имаше исто после респираторен вирус. Со инхалации средивме, со физиолошки.
Дали после пиење антибиотик за мораксела во нос правите контролен брис? Матичната ми вика нема поента бидејќи е дел од нормална милрофлора кај деца и може пак да ја покаже и за неколку недели. Малава ми крена температура денес, 5 дена по завршување на антбиотикот. Она вика вирус или заби (и растат двојки)
Како давате сируп за тепмпература не можам да дадам никако порано го сакаше блок макс сега ми го враќа,се гади, го плука? И дали има чепчина за 3години со околи 13-14 кг ?
Чепчињата парацетамол се даваат по килажа, околу 10-15мг на кило. За вашата возраст чепчиња од 150мг. Инаку, сируп и јас давам на сила кај малечкото од скоро две години, од внатрешната страна на образот пуштам по малку од шприцот, помала количина потешко ја плукаат.
Ќерка ми се сопна и се гризна паѓајќи и малце и потече устата кај што се гризна. Имаше крв ама се смири ама отеченко и е бајаги устата како филер да ставала.. што да правам, што може да ставам да и се смири?
Мојата вака слично се претепа на лизгалка, и го поминував со хидроген 3% и се среди за неколку дена. Мојава и рана имаше.
Некој болен перидов со црвено жар грло и тт? Колку време трае, што да очекувам? Крвна слика супер, мирно црп, вирус личи. Јас го поминав доста тешко и долго, уште ме боли грло, ме интересира како е кај деца?
Бевме на море и на ќерка ми и се направи црвенило како осип уртекарија некоја и давам сируп за алергија и мачкам со афлодерм маст ова совет од матичен ама не и поминува, дали ќе ја боцкет со урбазон ако не и помини некоја со слично искуство на нозене и се направи од морено уште првиот ден и после и се прошири надолу изгледа како да е ижаркана од коприва такви бубулици има.
Да не те разочарувам, сите деца се различни ама моево 6 месеци ‘оди’ само по 2-3 дена и 4ти ден веќе и е растечен носот и шмрка.. па после тоа се лечиме дома по месец дена отприлика и скоро секогаш завршуваме на антибиотик. Како ќе се изгура овој период од одењето во градинка дур зацврсти имунитет јас не знам.. докторите ми викаат да не ја пуштам во градинка, од друга страна ако ја чувам дома не го решавам проблемот, само си го одложувам.. и за никаде сме.. еве сега си седиме пак дома, има секрет од носот пренесено во средно уво.. 3 различни спрејови ни дадоа и чекаме да ни препишат антибиотик по добиени резултати од брис
Ист случај сме и ние. Од декември оди, најмногу има издржано 2ипол недели во јасли. Среќа само еднаш има пиено антибиотик ама затоа вентолинот и кортикото ни се редовни… мислев летово ќе направиме барем еден месец, ама ништо сега за сега. Еве неделава сме дома со мрсули до земја, претходната ја одеше цела, пред неа две не одеше… и така. Стварно зависи од детето.
И мене ми викаа дома да го чувам, толку се изнервирав што реков отказ ќе си дадам отколку цела плата на некоја жена Ама бев упорна, иако неколку специјалисти викаа операции и седење дома го однесов кај Др Мирка Шалиќ пробај закажи термин и ме поучи што и како да правам. Нон стоп ми беше со воспаление на уво. Докторката ме советуваше... оди, се разболува, даваш антибиотик и одма враќаш во градинка од прв можен момент. Без паузи од 2-3 недели. Ти викаш за растечен нос седиш дома. Дури нема темп, дури не повраќа нека си оди и само така ќе го стекне имунитетот. За ушите, поентата е чист нос со добри капки, носко користење за добро чистење... мене др ми ги даде Тонимер бејби најдобро отиди на преглед..
Ах не е само растечен нос за жал.. така почнуваме ама скоро секогаш завршува со тоа или очите да и се инфицираат или ушите. До сега ниедна инфекција не ни поминала само со растечен нос.. секогаш се префрлало или на очи или на уши, поретко на грло. А ова за неодењето ми е од доктор ОРЛ, ја носев денес во Аудио БМ ми вика никако да не се носи во градинка, да паузира сега минимум еден месец.. ни даде спрејови дури 3 различни и чекаме за антибиотик да ни препишат по земен брис..еден спреј дури 3 недели треба да го прскаме.. имам одено и кај Мирка само многу се чека за термин.. минатиот пат дур отидовме кај нејзе веќе и беше подобро и така немаше што многу да се коментира.. ќе закажам уште еднаш, чисто за совет и мислење.. а и носко супер работа е, ама моево е скроз терсене, не го поднесува, гадлива е многу и повраќа после тоа.. крш сме
Во градов кај мене, бар во градинката на ќерка и за растечен нос седеа дома децата. Ем самите воспитувачки ги враќаа, ем со огромни букви пишано на врата деца со растечен нос, зелени мрсули и кашлање не се примаат.
Аудио БМ исто ме праќаа на операција во систина и лоши совети ми дадоа. Искуството не ми е од нив позитивно