1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.871
    Допаѓања:
    20.082
    Те враќа, одиш на педијатар ако он не издаде боледување/упат за брис лрвна слика, земаш потврда и следниот ден назад го враќаш. Ок има деца што стварно одат болни, ама носот растечен или има кашлици што траат со недели, па кој може дома да седи со недели да те нема на работа.
    Зелени мрсули треба да се лекува бар локално, а кашлица се зависи како е и што е.
     
    На H.VAGA и Tasha masha им се допаѓа ова.
  2. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Колку години е и колку време оди во градинка? Дали и го чистиш носот одма кога ќе почне да тече?
    Инаку, за деца што одат во градинка не е лошо тоалета на нос да се прави редовно, исто како што миеме раце или чистиме уши, само со изотоничен спреј. Секој ден после градинка убаво е да се испере носот. Ова го имам слушнато од повеќе доктори.

    И да додадам, добро е што почнува со растечен нос, моиве на пример одма качуваа висока температура, така да и нема лош имунитет твојата. Само што секретот веројатно не се чисти убаво и ги затнува другите канали накај очите и ушите. Кога би можела тоа уште на старт да го спречиш, не ми се верува дека би се искомплицирало.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.286
    Допаѓања:
    78.611
    Пол:
    Женски
    Дали владее некој вирус со болка во гради/плуќа со ден, два температура, а потоа и болка во грбот горе високо. Вакво нешто прележа најголемиот пред 10 дена.. реков ги скокна сестрите ама јок. Саботата двете болка во гради, дигнаа температура. Поголемата саботата и неделата температура и болки, изнемоштеност, вчера и денес нема температура само болкава која се намалува...

    Е сега ме загрижува малово, саботата температура имаше само до 38.5 и исто боли викаше за кај градите. Неделата и пон, немаше ништо. Денес дете гори од пред некој саат 40ка. А пред 4,5ч се жалеше на ногата, кривеше малку и викаше боли боли... пиеше пред 4,5ч бруфен, сега далерон во 7. Сабајле сме на лекар за преглед, крвна слика, црп, ќе барам и брисеви ... ама што чудо може да е ова?! Ваква температура еднаш имаше малово, со уринарна инфекција...
     
  4. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    658
    Детето има температура од петок, која се качува над 38.5°C на секои 10–12 часа. Прегледано е во понеделник и сè беше во ред. Има и кашести столици. Денес направивме крвна слика и CRP, кои се во нормала и не укажуваат на бактериска инфекција. Сепак, и денес повторно качи температура 38.7°C. Ме загрижува што температурата трае веќе неколку дена. Дали е можно сè уште да е вирус и од што би можело да биде?
    Утре секако ќе одиме пак на преглед
     
  5. Ella90

    Ella90 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2026
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Mozhete da napravite respiratoren panel i da znaete tochno za shto se raboti
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Веќе 5 дена сме со вирус. 2 дена немаше, т.е околу 37 со нешто и сама ја спушташе, денес пак како прв ден оди до 38.6
    Крвна слика супер, црп исто.
    Вирус е, трае до 10 дена како што читам. Мене ме фати минатата недела, болки во глава ненормални,неможев да се завртам ни лево, ни десно.
     
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Таков е вирусот периодов. Исти сме, 5 ден тт. Во саботата бевме на преглед, крвна слика и црп супер, денес пак, исто се супер на кс. Трае вирусов до 10 дена.
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.286
    Допаѓања:
    78.611
    Пол:
    Женски
    Личи на некое коронче...

    И ние утре крвна, па ќе видиме. 19ч сируп, па сега во 11 едвај издржавме 4ч.. бруфен пиеше. А мускулни болки имавте? И болка во градите високо баш кај плуќа?
     
  9. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    658
    Крева на 10-12 сати температура измегу јади, пие, расположен ко да не е настинат. Незнам друго што би можело да биде и да се испита.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.424
    Допаѓања:
    47.769
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да прашам, исти симптоми, а друго ништо нема ниту уво воспалено, ниту грло, ништо. Ама тт што не можам да ја спуштам под 38, дури и треска имаше. Се жали на глава и тмау некаде на болки кај желудникот градите, давам бруфен и парацетемол најизменично оти и 2 саата не издржува без тт.
    Утре уринокултура ќе правиме зошто има рефлукс на бубрези па да не е нешто уринарна, ама денес кс беше супер буквално се во нормала.
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.286
    Допаѓања:
    78.611
    Пол:
    Женски
    Направивме ние крвна, црп... ќе видиме. Црвено е грлото кај мојава и отечена жлезда на вратот на едната страна. Како дојдов дома сега, стана од спиење големата со плачење со болка во стомакот па сега.. цел стомак ја болел :drunk:
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.424
    Допаѓања:
    47.769
    Пол:
    Женски
    Ете и мојот стана со плачење од стомакот, овој некој стомачен ќе да е микс, не знам.
     
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.286
    Допаѓања:
    78.611
    Пол:
    Женски
    И мојава со плачење стана сабајле.. и тоа врискање :( Чекам резз.. да видиме што ќе каже и крвнава :sweat:

    Коронче некое ако не е.. тоа е вакво со милион разни симптоми. Ваљда не би било грип во сред лето у пм.
     
    На 1209 и sani99 им се допаѓа ова.
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Исто! Како да нема тт, не ја клапнува, а гори.
    Еве денес, досега не качила.
    Ќе видиме дали поминува. Вирус е.
     
    На jolooo_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Јас да, она не се пожали. Се пожали малку на стомак и малку рече дека и се повраќа ама не поврати ниту еднаш. Не знаев дали вирусот е таков или од антибитикот, топлото и се што и давам беше микс.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.376
    Пол:
    Женски
    И мојата имаше некој таков вирус никаков. Малце температура, еден ден повраќање, пролив не, изгуби апетит, маалце црвено грлото.. од се по нешто.. уште се оправаме
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.286
    Допаѓања:
    78.611
    Пол:
    Женски
    Добра е крвната слика, ништо не е мрднато над и испод. Леукоцити се само на ниска граница ама не се испод. 10 црп, ама тоа е од грлото што е црвено, другото се е океј. Денес нема температура, весела е, само нема апетит.. се надевам толку ќе е силата на што и да беше ова..
     
    На 1209 и Dodo1 им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.131
    Ќерка ми падна од лулашка директ на глава позади, нормално првите 5-10 минути се жалеше дека ја боли (викаше дека ја боли и напред на челото, претпоставувам како главоболка), одма продолжи да игра, сè нормално се однесува, работата е што тек сеа после 3 саати приметив дека има џумка. Држев 20ина мин мраз, сега легна да спие. Не се жали ништо посебно, само ептен на допир. Колку опасно може да биде?
     
  19. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Штом не повратила или изгубила свест и играла после нормално треба да е ок, но сепак, правилото е да ја пратиш 24ч за секој случај. Јас пошто сум трчала за удрена глава по лекари, лани на сопругот и по скали му се стркала, секогаш ми викале дека не треба да доаѓам ако нема повраќање, поспаност, зашеметеност и сл., пожелно е да јаде тие 24ч полесна храна, да не се изложува на сонце, да не има повраќање од друга природа па да се измешаат работите да не знаеш од што е. Ама нема многу што да направат на лекар, се прати во домашни услови, а ако има друг симптом тогаш на лекар и снимка. А џумки се нормални, деца паѓаат, се случува, претешко е да ги допазиш.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.286
    Допаѓања:
    78.611
    Пол:
    Женски
    Пак дигна 39+ сабајлево... а вчера немаше цел ден. Што чудо е ова.