Нас со уринарната така ни беше, креваше на 15 саати, па последниот пат крена на 24ч исто вака огромна, и дадоа Блокмакс и толку, последна беше таа.
Не е тоа... црп и леукоцити се мирни... тогаш за 1 ден крвна направивме (сега на 3 ден симптоми) и веќе беа доста качени тие, па веднаш реагиравме со антибиотик среќа и брзо се опраи. Пие и сега антибиотик, ради грлоно и жлездата на вратот..
Не ми личи на корона, на некој извитоперен вирус ми изгледа. Ама оваа температура ми изгледа дека ќе е толку, дека веќе минува.
Нема ништо. Крвна слика супер е и брис не направивме. Кренав и јас температура, кај е жешко надвор... горам цела
Мами, на синко прв пат во овие 2 години му се зацрвенува газето и му е како разрането, не му е толку црвено колку што му е рапава кожата на допир и како излупена, белузлава, не знам баш добро да објаснам. Така долж цело расцепче, само кај курето нема ништо. Јас мачкам со кремата за пеленска регија откако е роден, исто и сега. Што мислите со што да пробам или да го носам утре кај матичен?
Ми се случи еднаш, крем зс потпарено и Веледа од невен за пеленска регија. Обично користам Уриаж, ама мислам дека невенот е полековит. Сум мачкала баш дебел слој и секако миење често.
На малово сега баш му се случи како црвени воспалени брумчиња и баш црвени влеки. Само со судокрем се среди па продолжив веледа
Дај кажете спас за сува кожа. Миеме со биодерма, мачкаме со биодерма, и белградски мелем мачкам и пал е сува, се чеша се драпа околу врат цела со гребаници се напраи. Има од дм нешто некоја козметика да е добра?
Јекодерм си пробала да намачкаш? Помрсно од тоа нема... а и може па не и треба мрсна крема, да пробаш со хидратантна некоја. Пантенолот е исто добар за таква работа, само ме маст... крем да пишува (розе пакувањето).
Масен е мелемот, не и помогна.. и уриаж и еуцерин имам пробано џабе, на крај мислам некоја најобична ќе и помогне, само не знам со што да пробам
Јас пример имам проблем со сува кожа и мене мрсно моментално кога е намачкано ми помага и после некој час пак никаква кожата, додека хидратантна крема повеќе ми помага. Така да да пробаш нешто такво.. Земи исто така и пантенол пробај. Мрсните креми знаат и да затвараат пори и не диши кожата..
Земав пантенол да ја смири на местото, ама вака за бањање мачкање се мислам што да и земам.. дали да пробам алверде гледам со невен имаат линија, поим немам. Топлово бетер и прави се поти и се чеша
Пробај со еуцерин aquaphor. Агрон ни го препорача за големиов на лишаите кога имаше, моментално многу помагаше.
Син ми од 4 месеци има атопичен дерматит, сите козметики ги имаме пробано, еуцерин, биодерма, уријаж, ла рош, за чешање ни помагаше само уријаж има едно за капење за против чешање е, мрсно е, како масло, ќе прикачам слика...сега моментално користиме од зегин едно млеко за капење, за атопична кожа, јас почнав да го користам па го пробав на син ми, му одговара и него и да не купувам посебно за мене посебно за него тоа користам...ама ова од уријаж е специјално anti itch, многу ни помогна кога беше помал...а спас за дерматитот/ сувост ни беше дупла доза пробиотик може две години по ред, конкретно Darmflora, идејава е од хрватската група за дерматит и кај него имаше преубав резултат мислам дека е ова, пола саат барам по инт, не ми излегува слика, бело со сино е, пишува cleansing, soothing balm - anti itch на него ама е за капење, од истата линија има и за мачкање
Шо знам, јас најдолго Мустела стелатопиа користев (кога го носевме кај Агрон исто, рече ок е), пред тоа Еуцерин, на крај Биодерма. Некако од Еуцеринот сум најзадоволна ( и за бебево сега земав, после веледата бидејќи му беше сува кожата). Ама на крај кога кренав раце и почнав со Хип да го бањам, се среди. Мада мислам надрасна веќе. Али ова aquaphorот моментално помагаше видливо.
За сува кожа генерално се препорачува прво миење, па хидранатна крема, па врз неа слој масна крема за да ја задржи влажноста под мрсното. Ова за мене го имам користено како метод од дерматолог, без разлика на брендот на козметка. Инаку јас имам детматит и многу сува кожа, а со ќерка ми за среќа не сме имале проблем па не ми е испробано на дете.