Само ла Рош.....на почеток ја мачкав со балсамот а сега нема ни потреба....само од купката за капење кожата и се среди. Чудо е.
Што правите кога ќе повратат сируп за температура? Не знам која количина поврати ама баш непосредно од давањето сируп ми поврати. А сега баш вечерва почна да качува 38.5, до вчера 37.2 имаше и теравме без сируп.
Јас така не дадов откако поврати го туширав па после 6ч ставив чепче. Инаку дајте памет ќе ме удри срце. Пред 7ч дадов блокмакс форте зошто не спушташе темп од четврток и денес веќе одбиваше храна и вода. Супер пркна јадеше играше, после 5ч од сирупот заспа се препоти и мерам темп 34.8 Го преоблеков лесно покрив 35.2 сега качи ама не оди уште горе. Не е модар блед, нормално дише, се буди лесно ми враќа на прашања ама преплашена сум. Никад веќе нема да дадам сируп за температура!
Мене истото ми се случи пред некој месец со парацетамол после вакцина. До сабајле до 6 не можев да му ја качам и на допир на гради беше ладен. И пишав во паника на матичната, рече дека било тоа површинска температура, немало простор за грижа и дека ок е детето, пошто прашував и дали може да има трајна штета, цела ноќ со ниска температура. Инаку за затоплување само соблакање на детето и кожа на кожа со возрасен. Џабе покривање и облакање, контакт со топлина му треба.
Не се плаши, нормално е. После висока температура се случува вака, само се враќа телото во нормала. Ми се има десено, и доктор ми има кажано, поготово после неколку дена борба со висока температура. Немај гајле.
Фала мајки. Денес беше добар цел ден конечно 36.9 весел јаде, е сега заспал и се препотил (од бебе се поти на главче многу) маж ми во паника одма измерил 35.3 па за 10мин се качила на 36. Дали е нешто загрижувачко? Реално не дека сме мереле редовно на вакви потења друг пат температура ..
Не е, нормално е кога се поти да падне тт. И јас имав такви епизоди на паника, кога ќе качат тт од тоа поише се плашам него од температурата зашто епизодите беа проследени со тресење. (Не фебрилни, да чува господ )
Како давате виранто сируп? Малава е со некој вирус па докторката ни рече да даваме виранто но буквално одма после пиење го повраќа
Го растварам во вода најчесто. Вака е многу сконцентриран и благ. Да го ставиш во пола чашка вода како сок ќе биде благо.. и го пие зошто е вкусно.
Да дури може и да поврати секрет. Обавезно тапкање грб како што ти рекоа и тоа мене една докторка ми рече скроз навалена (со глава накај под) ако можам да тапкам така најефикасно се вадел секретот
Таман мислев дека ќе поминеме само со инхалацијата, денес проблем со ушите. Матичната не ни работи па го носев на одделение и бидејќи во недела треба да одиме на одмор му дадоа трицеф, ушите ептен воспалени. И сега како со антибиотикот на одмор? Од таа градинка веќе ми се смачи секој месец е со антибиотик, ќе има ли некогаш крај.
Таман за 2-3 дена ќе делува антибиотикот и од морскиот воздух побрзо ќе се опорави. Продолжи со инхалации и прскај синомарин или оперил зависи колкаво е детето да се одзатнат каналите.
И ние болна ја однесовме на одмор, со инхалатор, носко, прсвосмукалка, комплет спакувани… Пројдовме без антибиотик среќа, само инхалации, спреј и сируп. Еве утре се враќаме и скоро излечена така да се тера и со болно дете, не е идеално ама тоа е барем на почист воздух ќе се лечи. Кај нас па и јас префатив од неа еве уште сум полна мрсули не можам да се средам ужас…
Прскам оперил, инхалации ми рекоа веќе да не правам бидејќи носот веќе му тече. Добро е што вие сте поминале без антибиотик јас кога и да мислам дека готово му помина му се воспалуваат ушите и повторно се враќаме на трицефот. Се надевам ќе има крај некогаш 2ипол год е. Инаку и јас цело време фаќам од него што и да ми донесе од градинка, претходниот месец од немарливост гледајќи само тој да оздрави јас саглам фатив бронхит прв пат во животот па се одлежав на боледување две недели и со одење на инфузии.
Па не прекинувај со инхалации, јас не прекинувам додека целосно не оздрави и убаво чистење на носот, на крај оперил и не би требало да има проблем.
ако не се влечат убаво мрсулите обавезно правам и јас инхалации само со физиолошки, а кога има некоја поголема мака и лекар кога ќе препише тогаш и кортико. Обавезно чистење нос бар 3 пати на ден со носко
Lele i jas bukvalno sve prefakam, posledno i jas so bronhit zavrsiv, pred toa angina. Maticnata veke me zafrkava stom me vidi da pojdam, kako dete i jas...