Сабајлево касна барем не поврати цела кришка со путерче намачкана и плус цицаше. Викендов треба да се спуштиме пак накај грчка се надевам само дека ќе се смири денес утре и ќе биде добра таму
Од вчера ни почна ларингит, вечерта качи и температура, до 38.8, ептен тешко ја симна и за помалку од 4 часа пак качи. Од 2 ипол ноќеска нема качено. Сабајле го носев на лекар, плучата е чиста. Гласот му се фати и малце потешко дише, ама не е сериозно. Прв пат вака дише од ларингит. Матичната вика крвната слика е гранична, и е за антибиотик и не е. Му препиша Сумамед, ама да не го почнувам, да бидеме во контакт. Ако пак качува темп да го почнам. Инхалации прво кажа да правам само со физиолошки, а кога и кажав дека гласот му се фати вика инхалирај го со Дексазон. Мене не ми се дава кортико туку така и обично го прескокнувам и оздравува и без него. Сте имале ли вакво искуство и како сте постапиле?
Мојата лани имаше на два пати ларингит, еднаш остана без глас, другуот пат беше со кратко земање воздух и двата пати мораше инхалација со кортико и мислам дека за ларингит тоа е и препорачливо. Кај нас се знае дека не даваат никакви инхалации на деца без разлика колку кашлаат, а тука по темиве ве читам дека секое второ дете е со инхлации ама за ларингит даваат обавезно.
Кажете што се става на афти на дете 2 години? Цел ден одбива храна, вода само ладна од чаша од фрижидер и едвај физиолошки со шприц со сила давам. Шише одбива, ваљда го боли кога шмука. Успеав две на јазик да видам дека има, не знам дали има повеќе.
Мојата имаше афти од коксаки и само метиленско плаво со анестетик и ги смири..пред тоа од тие геловите скапи имавме купено и стававме ама не и помогна.
Во аптеки ама кај што прават лекови тие...во Битола во Хигија го зедов....со стапче за уши чистење го мачкаш на јазикот. Сигурно и во Скопје ќе најдиш.
Сепак решив да не дадам дексазон и да продолжам само со физиолошки да го инхалирам. Дали правам грешка ќе покаже времето. Вечерва пред да заспие беше далеку подобар од вчера па се надевам дека ќе оди на подобро. Јас не сум од тие мајки што одма лечат со инхалатор, ама во ваков случај е неопходно. Дур можам терам само со физиолошки, кортико давам само во случај кога гледам дека мора.
И мене ми личат на сипаници. Инаку вака почнува прво по неколку и во текот на денот и следниот се исфрлаат повеќе. Инаку има дечиња и што немаат многу исип, има некои партал се од сипаници. Мој совет барем слика до матичниот прати да потврди и набави течна пудра и имаше една пена (ние не ја корстевме но некои ја користат) и почни веднаш со мачкање. Ако посетува градинка извести ги да знаат а и матичниот мислам секако треба бидејки се јавуваат во центар за јавно здравје само да се пријави случајот. Барем така беше лани.
https://zegin.com.mk/mk/mousticare-sprej-protiv-ubodi-od-insekti-so-zashtita-do-6-chasa-125-ml Смеам ли за дете од 2 години?
И јас си помислив на тоа, мислам дека 4ки му излегуваат, се живо реди во уста, повеќе се лигави. Само ме буни што по неколку пати некогаш кака, а нема друга мака.. до кога би траело вака ако е од заби, додека излезат?