Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Не знам добар приватен што работи со упат. Има трет крајник, не би да ја носам кај било кој. Ја чувам во карантин, божем да ја вакцинираме, кој знае што ќе биде сега.
    @narcis добра ти е идеата за маската. Фала
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.507
    Допаѓања:
    34.646
    Пол:
    Женски
    И во Јане има Орл, над лабораторија му доаѓа. Ич немаше гужва кога бевме.
    Јас и на Клиника ја имам носено неколку пати на дежурен орл исто немало гужви. Во амбулантата има многу гужва. Ако веќе одиш на клиника, подобро на дежурен. Не ти треба упат.
     
  3. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    На клиника одиме во амбуланта затоа што не било ништо итно.
    Може претерувам но како да ја носам на клиника кога има епидемија? Пред месец прележа варичела..
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.664
    Допаѓања:
    130.062
    Нас матичниот не прати кај еден на ул Васил Ѓорѓив. Забораив име. Жена му е педијатар. Океј е човекот, иако не сум имала и дај боже да немам искуство веќе со доктори други.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  5. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    144.682
    Пол:
    Женски
    Систина нема инфективно ама нема ни гаранција дека по ходниците и чекалните не прошетал некој со морбили. Во секој случај мислам дека ти е посигурно, посебно штом скоро имала варичела и и е слаб имунитетот.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.766
    Допаѓања:
    13.303
    Не претеруваш, мајка, секако нема да ја носиш на клиника. Појди Систина.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.990
    Допаѓања:
    86.593
    Пол:
    Женски
    Треба да боли кога ќе допреш,а тек кога ќе притиснеш.Ништо нема,може малку ја здоболело,со носот како е?Течеше претходните денови?
    Ние имавме големи маки со воспаление на уво,верувај,ни далерон,ни бруфен помагаше,на допир беше вриштење.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Мајки ни препишаа аценокумарол таблети од 4мг
    Утрово го прочитав упатството пишува дека за деца не се дозволени а синока и дадов
    Пие по 1/8 по шема да не дојде до згрутчување на крвта бидејки веке ги прекинаа Клексаните
    Дали доколку ги препишал трансфузиолог не битно тоа што пишува ви упатството
    Премногу се загрижив
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.037
    Допаѓања:
    225.162
    Пол:
    Женски
    треба да му веруваш на трансфузилогот. повеќето лекарства за коагулацијата на крвта не се за деца, само дозата се регулира. дај боже да и помогнат овој пат. те читам во темана и срце ми се кине за вас. со помин нека е.
     
    На kankus, M&M, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    И јас знам дека треба многу да боли на допир, затоа и се зачудив.
    Носот и е затнат и вчера цeл ден имаш зелен секрет. А после кога си го вратив филмот ми текна дека имаше малку и течна столица преку ден. Така да може да е настината.
    Денес е добра. Не се жали на ништо :)
    Женски фала ви на сите на одговорите, во момемт на паника стварно секој совет е добродојден:hug:
     
    На M&M и duffi им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.507
    Допаѓања:
    34.646
    Пол:
    Женски
    Не мора да ја боли на допир. Ќерка ми последниот пат се жалеше дека и е затнато увото и дека ја боли, на допир не реагираше. Бевме на орл и увото и беше воспалено, па си заработи Панцеф.

    Сакав да те прашам каде ја носиш за третиот крајник? И јас барам добар орл што ќе ја прегледа убаво, бидејќи константно има проблем со носот.
     
  12. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Уф не ме плаши сега..
    Ја однесов во Ремедика кај Оровчанец точно пред една година и рече итно вадење.
    Потоа ми го препорачаа Мицевски на клиника и бев за второ мислење. Рече дека џабе ќе го вадиме, не се вади крајник до 5-6 години затоа што пак растел. Она немаше некои големи проблеми освен што беше затната поголемиот дел од годината. Септември пред да фати варичела и се влоши повеќе состојбата имавме термин но ради варичелата не можев да ја однесам. А за време на варичела, состојбата се стабилизира за некое чудо. Сега пак почнаа проблемите, но сега ќе ја однесам во Систина кај Јекиќ. И заради трето мислење но и заради состојбата со морбили.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    14.342
    Пол:
    Женски
    а што подобро е да седи дома и да ја боли? Немојте бе мајки. Болка температура повраќање или пролив не е за дома да седите и да чекате милостина од бога. Сваќам з состојбите по болнициве но зарем децата болни од друго нешто треба под катантин дома да седат? И ние го имавме истиов проблем. појдовме на матичен упат за на ушно и ни го чистеа ушето. Претходно капки стававме.
     
  14. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Мајки може не е соодветно за овде прашањево но знам дека овде ке добијам најбрз одговор бидејки сум цела испаничена и премногу ми е страв за нејзиното здравје
    Ги прекинаа Клексаните сега има апчиња за коагулација на крвта но проблемот е што несака да ги пие
    Ај што не се скршени сами од себе апчињата па дели на четвртина па на осмина па пола се изронило па за на крај пола да отиде пола да плукне и на крај незнам што да правам пак да дадам несмеам а 1/8не испила
    Таа плаче јас плачам бидејки незнам како да ја убедам да го испие секако пробувам и со лажење таму ке одиме и си награди и со подвикување никако несака
    Премногу се плашам да не и се случи нешто а несакам пак да ја боцкаат рацете и се уште модри и со грутки
    И велам ако не го испиеш пак ке те боцкаат вели нека ме боцкат несакам апче горчат многу
    Понекогаш успевам во лажичка сок да се раствори апчето и да го испие потоа но во упатството пишува дека треба да се голтне цело апче и потоа чаша вода/сок
    Ве молам за совет како да успеам да ја убедувам да пие
     
  15. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Мајки закачивме некој стомачен вирус,најверојатно рота ама немаат прегледано столица за да знаеме.
    Пролив и повраќање не уништи,а температура нема многу висока 37 му е најчесто.
    Одиме на инфузии два пати дневно за да не дехидрира бидејќи се што ќе стави во уста повраќа,дури и вода.
    Е сега,детево многу е летаргично нормално ли е тоа ме плаши многу,цело време лежи или спие.
    Не е дехидрирано,прима инфузии интравенозно ама не јаде ништо.
    Треба ли да не хоспитализираат заради спиењево,многу ме плаши?
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.037
    Допаѓања:
    225.162
    Пол:
    Женски
    Диета мора. Никако да тераш да јаде. Ќе помине побрзо само ако се држи диета. Варен компир ориз чај банана и соленки. Тоа ми даваа во болница 4 дена. Инаку ќе почне да станува откако ќе и биде подобро.
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.037
    Допаѓања:
    225.162
    Пол:
    Женски
    Апчето се пие цело кога треба цело а кога се пие делче слободно рони во сок или лажичка јогурт. Горчливо најдобро покрива јогуртот.
     
    На M&M и blessed.an им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.507
    Допаѓања:
    34.646
    Пол:
    Женски
    Даваш ли електролити? Пробиотик?
    Јас би го однела во болница бидејќи толку спие. Дури да примате инфузии, кај мали деца состојбата знае за кратко време да се смени и да дехидрираат. Носи го нека го видат, па и да ве хоспитализираат, подобро, ќе бидете под надзор.
    Со лесно :hug:
     
  19. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    А јас кај пишав дека ќе седи дома и ќе оставам да ја боли? Ако убаво прочиташ ќе видиш дека прашувам кај е попаметно да ја носам за време на епидемија:) сепак фала
     
    На NarCis@ и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Давам и електролити и пробиотик и плус инфузии прима a и течности пие дома,само не јаде,го гледаат секој ден и ништо не ми рекоа за спиењево.Не ми стои дехидриран,полни пелени убаво.
    Ќе видиме што ќе направиме,фала ви за брзите одговори тебе и на @LiliBoz :l:
     
    На An-na и LiliBoz им се допаѓа ова.