Од ибупрофен може да се појави болка во стомакот.Мојата добиваше од еден сируп на база на ибупрофен болки и се пожалив на др кажа да ибуприфенот дава такви несакани дејства кај деца. Кај некои не кај сите.
Нема. Од вчера не качи. Почна да делува антибиотикот.. Утре сме на контрола, ќе и напраам уште една кс да видам дали пак ќе покаже покачено црп, ако да ќе ја носам на орл.
Мајки, каде да ја носам ќерка ми на преглед ако матичниот педијатар е на одмор? Замената му работи само до 2, а сакам денес да одам. На дежурен обично одиме во Јане Сандански, дали мислите дека би не примиле ако одиме сега, иако е работен ден? Фала однапред.
Колку е нормално гасови кај бебе секој ден? И океј ли е температура 31со7 ама и мерев додека спие, ноџињата ладни главчето малце топло, не можам да приметам убаво..
Не ќе да е точен топломерот. 31 или 37? Нема потреба повеќе од кс , со атб не е валидна. Не ја боцкај за џабе, ќе помине.
Додека спие не се мери тт. Кај бебиња тт е секогаш за +0.5 степени од возрасен, затоа се чека и 38.5 да се даде антипиретик. Ок е таа тт.
Така ми кажа докторката, вика кога спие се покачува температура. Ова на клиника ти кажувам, не даваше малото да му измериме тт и викам чекај ќе заспие сега ќе измериме, она рече не се мери на спиење, не е рамномерна, дека главата на спиење секогаш е потопла и дека се качува температурата тогаш за малку.
Ако е жешко нормално, зборам кога е тт сеуште ниска, иначе не прави разлика дали е 39 или 39.5, ама кога се сомневаме, топло главче пример а ладни нозе раце, сеуште нема качено тт асално. Можеби бидејќи мерев со бесконтактен на чело ми рече така, не знам. Муабетот беше седевме подолго во чекална, симнавме тт веќе и сакав да проверам пак, нивниот не го сакаше живин го буткаше па и реков ќе измерам со мојот бесконтактен на чело кога ќе заспие бидејќи веќе заспиваше. А кога има 40 ич не се ни мислам дали ќе измерам и ако измерам после 40 во сон 37,8 за мене тоа е намалена тт и не ми врши разлика дали е 37,8 или 37,5.
Кај малиот топла глава а ладни раце и нозе дур спие на мерење ми покажало 39,7. И истото ми го покажа и кога убаво се расони. Секогаш, ама баш секогаш на двајцата им мерам температура дур спијат зошто баш тогаш за пола саат знаат да качат висока температура. Во Козле два пати лежеше малиот, и цело време сестри и доктори му мереа температура баш додека спие.
Ама имал тт, не е работава дали има или не, бебево нема тт, мајката онака измерила од што и стоело топло главчето. Јас бар така разбрав.
И моето немаше кога легна, па кога го пипнав имаше топла глава а ладни раце и нозе. Измерив и имав што да видам. Затоа пишав да не се водиме секогаш по тоа дека ладни нозе и раце значи дека нема детето температура.
Прв пат слушам за ова. Никаде немам сретнато вакво нешто. Нека е потопло главчето додека спие за 0.1-02 , не е повеќе. Како и да е мерењето под пазува ќе даде секако точен резултат. Мерење на Т во мирување е најмеродавно.
I jas imam takvo iskustvo. Ladni race i topla glava so visoka tt. I vo spienje najtocno mi pokazuvalo.
И кај мојата ладни раце и нозе, а топло чело значи дека ќе качува висока. Тогаш сум особено на штрек. Зависи од детето, ќерка ми како порасна малку подобро се справува со температурата, додека беше помала качуваше веднаш висока. Нормална и беше 36,8, ако имаше над 37, макар било и 37,1 знаев дека нешто ќе има. Сега веќе не е така, и да има 37,5 не значи дека ќе оди нагоре. Секоја мајка го познава детето свое, ама со температура мора да се биде внимателен зашто знае брзо да направи проблем. Знам случај каде детето добило конвулзии ноќе во спиење. Мора претпазливост.