Па додека излезат сите, моиве се потпаруваа од честото какање, а немаа други симптоми. Ќе помине и тоа, без гајле.
Дајте ми препорака за електролит. Имам од про биолите по препорака на матичен лекар со мирис на банана ама солен вкус, не го пие
O.P.C електролит има со вкус на лимон и јагода/малина беше другиот вкус, ние го користиме со вкус на лимон и ќерка ми го сака а тој со банана што сте го користеле не го сакаше.
Од четвртокот вечерта е со висока температура, во петокот бевме на педијатар рече рано е за крвна слика и за брисеви ни кажа во сабота да направиме . Крвната слика и црп океј се, малку црп качено . Во петокот малку црвено грло , од вчера се жали на грлото а денес веќе многу кашла како со шлаем и како куче. Брисевите дури во вторник. Педијатар ми даде само спреј за грло и да чекаме резултатите. Дали нешто на своја рака да дадам ако ништо друго на природна база . Или утре пак да го носам .
Црвено грло, три пати на ден по 3 дена бруфен и нема да дојде до антибиотик, битно е со време да се фати. Ние за грло никогаш не сме пиеле антибиотик секогаш сме со таа шема. Тука странство не праат брисеви ама ова ни е кажано и стварно поминува доколку се почне на време. ако кашка како кучешки кашаљ е ларингит иначе. Кај ларингит поминува ладен воздух, сладолед ама прво доктор.
Да, може да има само три. И не мора да значи дека ќе качи темп. Син ми имаше многу брунчиња, ама освен нов немаше ништо друго, најнормален си беше.
За грлото Блокмакс и Прополаид спрејче. За кашлицата зависи каква е, може ќе треба инхалации со кортико, а може и само со физиолошки ќе помине. На своја рака можеш само физиолошки, за другото консултирај се со лекар.
На син ми падна камен на раката и на едниот прст му помодре ноктот , болка нема, оток нема.Што може да се превземе моментално
И моето е со ларингит, плус мрсули, 2 ноќи кашла ноќе само, јас кога има ларингит давам лоратадин сируп и му поминува скоро секогаш. Др ништо не дадов, денски е ок. Денес се жалел на мешето па кој знај што ќе испадни на крај...
На малава моја и помодре на ногата кога и падна играчка врз прсте, тогаш ништо не ставив ама после некое време и падна ноктето, среќа од оздола растело ново па кога дошло до скоро пола ова падна само, тогаш она мака не виде. Е сега можно е и да помине кај вас и без да се обнови.
Дали некој има искуство со подврзан јазик кај дете од 7 години? Неодамна за првпат ортодонт ни кажа дека јазикот му е подврзан и треба да се сецне. Друга заболекарка ни кажа дека е подобро да почекаме да му пораснат трајни заби за да видиме дали воопшто тоа ќе му прави проблем. Ве молам за совети каде сте правеле интервенција и колку трае опоравувањето?
Прв пат вака се случува од понеделникот има течни столици по 4-5 ,и еве денес уште има исто некако многу денови поминаа не е стабилизирано... давам пробиотик и од вчера со Смекта почнавме но нема некое подобрување ,што може да е? Да дадам нешто друго?