Син ми 16 месеци пред два дена имаше температура до 37,6, поврати еднаш и си продолжи ко ништо да не било, само помалку јадеше. Еден ден траеше тоа. Во петокот беше супер, освен што слабо јадеше. Вчера ноќта пак поврати, имаше дијареа и ми качи 38,2. Може ли да е стомачен вака со еден ден скок? Денес е ужас, ништо не јаде. Внесува течности ама и покрај тоа ми се нема измочкано со саати. Пиеше електролити, пие водичка, сега чај му варам…
Некој стомачен, не го форсирај ако не му се јаде и нешто полесно давај му, исто пробиотик провен може да му дадеш
Здраво мајки малото има 15 месеци пред три недели имаше растечено носе од кога и помина почна да подкашлуват и еве веќе 3 недели така кашлат, ја однесовме кај матичниот вика не и е ништо, саботата ја однесовме на детско таму ја наслушаа имала секрет ама не било ништо страшно, терапија никаква не ни дадоа, демек можело така да кашлат дека предходно била настината, ама јас искрено се плашам два пати на поголемата ќерка не и открија навреме дека има пневмонија сама побарав ренген и на крај испадна од тоа што се и плашев а сега се плашам со малото да не испадне исто така, матичниот не ми даваше упат за крвна слика а не па за ренген не знам што да правам
А каде има секрет? На плуќа или во грло? Инхалации? Крвна слика секако може да си направите и без упат, тоа бар не е скапо
Тие што сте лежеле во Козле до дечиња 12-18 месеци, како функционира делот со примање инфузија? Како седат со канила во рака? Особено ако се повеќе денови
Не во Козле ама во болница во внатрешноста. На прием и ставија, за бањање ми помагаше сестра, ја виткаа раката како во најлони за да може да избањаме дете. Инаку внимавав јас цело време да не ја фаќа и трга дали при игра или спиење.
Дете од 4 год го пуштив во грсдинка после 8 месеци пауза од кога е тргнат се болен 2 месеци кашла се затнат два дена во градинка се разболува нормално ли е ова полудев
Спојлер Од што може да е ова? Исфрлано, црвено и суво, не знам дали убаво се гледа на сликата ми се затемни некако кога ја аплоадирав. Цуца цуце само за успивање. До сега сме немале алергија на некоја храна. Вака е подолго време исфрлана мислев ќе се смири ама како да се влошува. Инаку не верувам дека е од топло деновиве е ладничко овде кај нас.
Па да, од кисело повеќе се иритира ама не и се повлекува еве веќе недела дена и стои така црвено без разлика што и да јаде.
Кај малото вака се направи од домат и пиперка, подолго време и седеше така јас ја мачкав со бекутан од невен
Нема температура крвната слика рекоа дека е убава, овие беа намалени неутеофили лимфоцити тие така биле дека предходно била настината, ни дадоа инхалазии почнавме, кога кашлат сега се осека дека искашлуват доста секрет само да помине дете се измачи 3 недели со кашлица
Цетиризин ни рече педијататот да му дадам за осип (неколку дена има и не му поминува), но на упатство читам дека е за деца од 2 год, а бебе има 13 месеци. Сте давале на толку мало?
Помош мајки ќе полудам. Бебето ми е 2 месеци, сега кпга го држев ми бљуцна како само лигички и имапе како некоја бледо розева капка на фустанпт мпј и ми мирисаше на рибино масло а не сум давала омега овие денови, гледам дека и хипп содржи рибино масло. Дали ви ае случило ова?