Од неделата до вторникот изгоре, не симна под 38. Средата качи само еднаш 38.5 и четвртокот еднаш 37.8. Од вчера нема. Нас сите не сврте, децава со високи температури и нос течење, мене и мајка ми и татко ми со ужасна болка во грло и се откорнавме од кашлање. Само што синко си пати од уши и секој вирус така му се комплицира. Искрено, мене на ковид ми личеше.
Еве правевме крвна слика и црп пак, овој пат црп 82 е пораснато. Бактерија е. Пишав на матичнава, ќе видам што ќе пише ако не ја носам да ми препишат нешто, пошо брисеви тек понеделник. Нос не и тече, само полн е внатре. Иначе од синоќа тек во 11 сега ми качи 38.7. Еве симна со блокмакс.
А другите вредности што викаат? Синко беше со 111 црп. Црп расте и за вирус до кај 48 саати од прва температура. Кај ќерка ми пречудна беше крвната слика и гранулоцити качени, црп 48, а брисевите чисти.
Ќерката гранулоцитите и беа 77 во %, дури chatgpt ми рече бактерија ама Паскалов дециден беше дека е вирус и вирус бидна . Без антибиотик помина она. Ај баш пиши што ќе испадне.
Матичната вика дека е бактерија. И еве не прати на дежурно да ја видат. Пошо ние уште немаме брисеви, ги чекаме. Ама 100% има нешто во нос.
Така е, проаѓа за некој ден ама на почетокот е страшно. Ние купивме инхалатор и секогаш имав физиолошки, шприц и игла ако треба и во сред ноќ сум му давала инхалации со физиолошки. Ампула со дексаметазон секогаш во фрижидер за резерва, ако е ептен затнат сум му давала и тоа со физиолошкиот по пола доза. Ама подоцна ми рекоа на клиника дека и инхалација само со физиолошки е доволно. Кортико само со дозвола од лекар и за екстремни ситуации (ако има опструкција). Анхистиминик секогаш при рака, некој аериус или сл. и тоа сум давала еднаш по 2-3 дена. Најчесто проаѓал без антибиотици.
Здраво мајки. Син ми 6год имаше во неделата и понеделникот температура, тие 2 дена на 6ч качуваше и симнуваше со парацетамол. До 39. Други симптоми ништо немаше. После 40ч без темп, се најнормално си јадеше играше, сабајлево пак... Еве на доктор ќе одиме за еден саат. Ме интересира дали ви се има случено така да ги повтори? Ме плаши што нема симптоми и на никаква болка не се жали... ќе си пукнам од грижи, до сега вака ни се нема случено
Па не баш вака, ама ние на пример завршивме со ангина и стомачен вирус наеднаш… па завршивме на инфузии. Ни кажаа дека фатила наеднаш повеќе работи, па додека едното работи, другото е во период на инкубација и ете таман помина тоа, си излезе стомачниот.
Здраво мајки на 4 август почна да кашлат ларингитно ни дадоа инхалации со кортаир за три дена направивме контрола, инхалацијата ни ја продолжија па пак по три дена контрола ни дадоа панцев затоа што се слушало секрет, денеска е 6 ден од како пие панцев и пак почна од вчера многу да кашлат, ја наслуша докторката рече дека е чиста на плуќа да ги прекиниме инхалациите а со антибиотикот да продолжиме, мене ми е страв зошто пак се раскашла само што сега не кашлат ларингитно него влажна кашлица не знам што да правам ептен се плашам
Почнува да се топи секретот, и мојата така почна да кашла. Полна беше секрет, сега влажно кашла секрет и веќе и се намалува. Денес 8 ми ден од антибиотикот, исто на Панцеф сме.
Не само два пати крвна слика која беше супер, јас бев за од старт да се даде антибиотик, знам дека од ларингит кај неа по неколку дена се спушта на плуќа ама докторите викаа да се почека
Дај боже да е така јас се плашам дека два пати имаше пневмонија, мислев дека готово и се смири ларингитот таа се дораскапла ама се слуша дека е полна со секрет, дури и кога се смее се осека секретот, а дали правите инхалации?
Антибиотикот за жал не го спречува спуштањето на плуќа. И ние ја имаме истата мака. Проблемот е доколку има бактерија да не е погоден антибиотикот
многу некако докториве со антибиотици.... за секрет или за кашлица ли антибиотик? Не знам,сме имале и ние наод со спуштање на плуќа со преголена количина на секрет дури до давење да не може да искашла од што има многу ама антибиотик во ретки случаи ни давале. Според крвната слика или ако има тт. Пробај со ацц сируп чај од бел слез давај салеп и нека пие многу течности/чаеви. Дренажа на плуќа обавезно за да се одлепи секретот. Мачно е ептен