Не знам да ти кажам ама сега антибиотикот ништо не помогна, не знам што е работава упорно си кашлат вечерва на детско
И јас не сум за антибиотик, ама два пати имаше пневмонија и тоа сама барав ренген за вториот пат затоа што на слушалка немаше ништо а на снимката покажа дека имат со антибиотик и помина, крвната слика секогаш и била убава и тоа баш кога имаше пневмонија, ама сега мене друго ме загрижуват до вчера кашлаше влажно ај си реков го искашлуват секретот сега почна пак ларингитно да кашлат, неможам ептен се секирам
утре имаме термин за детско, а тие ќе ни дадат упат за козле ова вака не бива повеќе, еве не спиеме се здроби од кашлање, ја однесовме денес на чист воздух во планина три пати се накашла слеговме во град се здроби од кашлање, ептен се секирам не ми е добро веќе, и антибиотик пие и пак со инхалации и пак си е исто
Бактериско ли има или вирусно? Кај вирусно нормално е 2 недели да се "гушат" во секрет, повеќе течност да пие ама во тој случај антибиотик не помага. Бактериско и инхалации? Малце не јасни ми се Мк со давање инхалации.. по тоа прашање ептен сум збунета.
Дојдовме козле ќе лежи седум дена тука и по трет пат опструкција на бели дробови пневнонија, ептен сум насекирана
Мене да ме прашаш ништо не ми е јасно моментално сме козле ќе лежи седум дена, антибиотик сумамед урбазон инхалации опстеукција на бели дробови пневмонија
I nie sme vo sistina so proliv. Vekje ne znam shto e poloso. Dobri ae kozle za toa. Podobro e shto ste tamu
Мајка со лесно и брзо да помине. Малиов беше со опструкции пред некое време, нит кашлаше нит температура имаше. 4 дена око не склопив и секој ден се нервирав што не не хоспитализираа зашто под страшен стрес бев. Таму сте под надзор, ќе прими терапија и ќе биде добро. Му направија ренген или на слушалка установија дека се работи за пневмонија?
Мене ме загрижува што се сомневаат на страно тело во бели дробови ме прашуваа дали јадела пуканки кикиритки и дали се има закашлано ко јадела, ќе побудалам веќе можело и од тоа вака да дават воспаление на бели дробови, иначе со помин да е ќе помине не се секирај сега како да е пикот на стомачни вируси течности електеолито ќе биде супер а и онфузиите се добри одма го креваат организмот
Само со помин да е и повеќе вакви работи да не им се случуваат на дечињата, да на слушалка и башка ренгенот покажа, ама и за страно тело ми спомнаа дали сум приметила додека јадела да се закашлала, утре ќе и прават и други испитувања, само да ни се здрави и живи додека се мали едни маки поголеми други тоа е
Што терапија ви дадоа за дома? Ќерка ми примат инфузија со урбазон, сумамед тука капсули ни дадоа да ги пиет и башка инхалации