И дека спиеше затоа Да, онака измерив дека некако потопло ми дојде главчето а нозете ладни, јас мерам со дигитален под пазуви ама го земам секогаш со резерва, а за прв проверк на темпертура педијатарот рече на гради и позади главчето врат/грб ама јас пак ја проверувам и по рачиња и нозе стравот лојзето го чува така беше.. Не дека е страшно 37 баш напротив добро е се бори организмот со нешто реагира ама толку се изначитав за брзо качување температура од нигде никаде и во спиење дури што сега веќе ме фаќа језа ќе почнм секоја вечер да и мерам
Мојот страв. Дека додека спие ке качи темп.... и јас нема да сетам. Зартоа 33 години спиеме заедно. Скоро секогаш темп прв пар качувала ноќе, и јас ја сеќавам, оти сме гушнати цела ноч, или пк ќе си офка ноќе и одма знам дека нешто не е во ред. дете у друга соба значи треба цела ноќ да шетам и да проверувам. вероојатно на 15 години ќе се одделиме. Иначе, јас пазам да не мереам темп кога спие на страната на која спие, оти е повисока.
И мојата еднаш така, ја осеќам се тресе до мене сред ноќ, жешка, мерам 39 веќе качила, а според тресењето ќе одеше нагоре. Исто сум помирна што спие до мене, веднаш сум тука за што и да треба. За дијазепамот секаде различно кажуваат и советуваат, некој дава, некој не, некој вика и да дадеш превентивно може пак да дојде до конвулзии и пак да треба да се стави чепче, некој вика само да поминат па да се испита, сум прочитала да се мери колку долго траат, ама во таква состојба... На крај да не е паметен човек како да направи и кого да слуша.
Тт 37,8. ама ко да ми варира. Од градинка ја земав ми делуваше топла. Дома дојдовме, ладна. Сеа пак топла мерам 37,8 на живин(колку издража толку околу 2-3мин). Весела, јаде пие игра, се смее... само малце носе тече. Др ништо. Пред 3 недели вака, само 38 качи 1 и толку и излезе 5ка. И тогаш со мрсули само. Можно е да е пак тоа. Ептен ми е чудно шо вака топло ладно прави.
И кај моето е случај така. Кога бевме на клиника навечер доаѓаше сестрата да мери кај сите,дури спиеја, по неколку пати поминуваше, едно дете никако не симнуваше па му даваше лекарства...
39,5 денес тешко симнува. На клиника бевме тие одма антибиотик ни кс ни нишо. Па си отидов у биотек, рез се супер.
Да знам рано дека е. Ама недела е утре а на клиника ни на крај памет не им е кс. И јас викам не е за антибиотик, ама тие зошо не сме и давале коа имала атрептокока у нос, морало, а не само локално бла бла. Викам секад и е ок к слика. Ама превртуваа очи и викаат е сеа ќе пие. Ме напнаа искрено.
Хахаха. Стрептокока дур не прави фрка нема потреба да се третира. Кај здраво дете може да си ја носи и да не дава знаци, да е нормална флора. Е сеа ако има вирус може и таа да е причинител на висока темп па можеби ќе треба да дадеш антибиотик. Но сигурно не без брис да се потврди и да се види што да се даде точно
Абе се правеа, и откуцаи и мереа. Па коа се запна кој ви кажа па кој ви кажа без ант. Викам 2 доктори, матичен и у систина. И брао вика. Само у нос бил позитивен брисот. Сме лечеле локално. Кс секад била мирна. Не знам шо им е, дал мислат дека аме тотално медицински неписмени.
Јас еднаш имам лечено стрептокока и тоа локално а имал 3 пати. И мораксела 2 пати и само еднаш лечев..
Ама така е... Ја знам дека си ја носи. Ама сега не и е од неа мислам. Симптоми со неа ни се густ зелен секрет и кашлање. Свири и на гради и на нос. Сега ништо. Едит: спушти тт, скроз
Мака мачиме со кашлање цел ден. Додека е будно е ок, ама кога ќе заспие мн се закашлува,се буди и вришти. На 2 пати исфрли шлајм. Пие сируп Цефаклор. Сега заспа, се изнамачи со кашлање и го ставив на повисоко да спие. Сабајле сме на лекар, ама дали можам некако да му помогнам полесно да спие?