Мајки искуства со росеола вирус? Цела недела сме веќе со висока темп не испобутка сите дома.. Каков е осипот? Малото има како убоди од комарец да речам
Да така е, чим се осипат толку поминува вирусот. Ама држи висока температура, мојата имаше 39.1-39.4 три дена ја држеше. После осип имаше и на фацата.
Да еден месец имаме инхалации со пулмикор, еве денски се нема накашлано ама ларингитот навечер е полош
Дај боже јас здосадив со пишување ама да прашам во фризидер го чувате лекот за инхалација или на собна температура? јас све чувам во фрижидер па ми е страв да не се губи дејството од ладното
Ми рекоа во аптека не смее во фризидер се губело дејството, и дека не смеело ладно директно од фризидер да се стават во инхалација, па сега ми се во фиока ама дома клима не пуштаме баш е топло се надевам не им е ништо
Девојки сабајлево приметив дека малата е касната кај ноѓето и обично и ставам бела пудра за да не се чеша ….меѓутоа мн и се има проширено и потечено и дадпв сируп за алергија и го намачкав местото со белогент …утре одиме на одмор што креми да земам за превентива
Ова е некој пајак не личи на комарец фенистил земи да го смири отокот и чешањето и педијатар да даде антиалергиски нешто неколку дена обавезно
За превентива земи си мустикер спрејче од зегин. Прскај пред да се стемни, пред спиење и во текот на ноќта уште еднаш ако има потреба. Син ми кога беше помал му се правеа отоци од комарци. Таа е терапијата и лекар што ја дава - сируп за алергија и кортико локално. Ова е прилично голем оток, ако не се повлече за 2-3 дена или се зголемува и покрај терапијата, одете на лекар. Спојлер
Ако прашуваш за будесониде на собна температура и не подолго време. И јас правев грешка пикав во фрижидер, ама овој лек не требало да се чува во фрижидер, се уништува. Подобра ли е малата?
Земам по пет и секако ќе се потрошат за 3 дена така да не седат многу на собна температура,течноста што ми остануват ја фрлам така пишуват на упатството сега вистина оди фира ама така е најбезбедно, па вака е подобра многу апетит имат тоа сигурно е од урбазонот нон стоп е гладна и малку е понервозна хиперактивна
Во аптека не се чува во фрижидер, значи исто важи и за дома. Но не си згрешила, не си стварај грижа на совест.
Епа и мене ми е така се си мислам не и делуваше лекот затоа што е неправилно чуван, јас и козле видов дека си го чуваат во шкавчиња а во аптека така ми рекоа дека се намалувало дејството, доволно било само да се чуват во оригиналната паковка на темно место и суво да нема светлина, жива се јадам од помислата дека не и делувал лекот, а и на кутијата пишува да не се замрзнуват, ние не го замрзнувавме ама сепак на ладно го чувавме
Мојот од вентолинот беше поактивен, ама ќе се вратат во нормала. Битно да поминува. Инаку најправилно е одма да се искористи, ама толерантно е до 12 часа само да е во оригиналната фолија заштитено од светлина. Сите сме правеле грешка, не си ставај грижа на совевст. Инаку внимавајте и со оние малите рачни бесшумни инхалатори. И тие не се соодветни за лекот, не го распрскуваат соодветно зошто функционираат на друг принцип од големите инхалатори.
Jas go stavav vo frizider otkako kje go otvorev ona aluminiumskoto. Taka mi beshe nekako logichno... Nishto nema vekje cuvanje vo frizider
А пулмикорт на пример кога се дава пола тубиче сабајле пола навечер, дали се чува во фрижидер до вечерта или го фрлате па ново отварате? Прв пат слушам за нештава