Ќерка ми денеска падна од фотелја стоејќи простум на неа и падна на нос (претпоставуваме дека го удри во фиока). Кога ја кренав веднаш почна да и течи малку крв од едната па по кратко од другата ноздра (само по неколку капки), потоа немаше ништо, ниту болка бидејќи ја прашав дали ја боли, ми одговори негативно, а и брзо се смири. По 2 часа и се јави оток на нејзината лева страна од носот и малку потешко дише со таа ноздра, но тоа е мислам од засушена крв и мрсули, бидејќи плачеше. Дали некој имал вакво искуство, се плашам на скршеница/пукнатина и да ми препорачате добар ОРЛ доктор кој може да ја прегледа бидејќи не ми се носи во амбуланта кај било кој?
Уште е рскавец носето, не е скршеница. Плус скршеница боли до лудило, ќе знаеш ако е. Најверојатно капилари испукале, и од ударот е потечено. Ќе помине, не се грижи. Ќе не остарат пред време нашиве деца генерациски.
Да и јас мислам од ударот е зошто одма почна да ми бара на лулашки да оди, ако и беше скршен немаше да и текне на лулашките . Ама пак да ми олесни ќе ја однесам на еден преглед.
Ќе помодри ако е скршено. Два пати имавме јак удар на нос. Еднаш беше стоечки од стол директно на глава (исто крв протече од двете ноздри), а вториот пат од бетонски скали директно на нос. Вториов пат дури и модро, изгребан... како да се борела изгледаше
Епа местото на ударот и е благо потечено, а има и мала промена на боја, повеќе како сива птколку баш како модрица, не е класична модрица, и не знам што да правам сега
Не е скршено не се секирај, многуу ќе помодри ако е кршен.. а и сигурно ќе боли. Подуенко беше и кај мојава и двата пати. Првиот пат една страна, вториот пат цел нос и надуен, црвен, рани цел дека кај се акна.. па и се сренда
Искуство со низок феритин? Моментално и е 9. Железото и е 20, хемоглобинот 11.9, што значи тие се сега за сега во ред. Инаку 2 години и 4 месеци сме. Како да го покачиме? Што ви дало најдобар ефект?
Моето прво детенце беше со 1 феритин, па ова 9 не ми изгледа страшно ниско. Какви се реф граници? Се друго е во нормални граници? Mcv, mchc, хематокрит? Зошто на толку добро железо и хемоглобин испитувавте феритин? Мислам со појака исхрана само ќе се надополнат резервите.. Доктор што вика?
Правевме детална крвна слика на имунологија, ради чести воспаленија.. Малку д3 и беше под долната граница и ова исто така е под нормална граница.. другото е генерално ок Феритинот за сега е малку под долната граница, не е алармантно, ама дефинитивно треба да е минимум 20 па нагоре за да се смета за ок.. ни кажаа да обрнеме внимание на него. Треба да видиме со матичната за како да се дополнат резервите и да го следиме понатаму. Ако продолжи да паѓа и кај нејзе ќе остане исто скоро и без резерви за железо.. вие како го средивте? Дали е сега добро? И колку време ви требаше за да се нормализира?
џабе има добро железо и хемоглобин кога не се искористува. Затоа се испитува феритин. Феритин → најчесто се користи како показател за складираното железо во организмот. Може да открие „празнење на резервите“ уште пред да се појави анемија.
Да добар си е. Кај него беше ниско поради крварење низ столица (долго време), ама паѓаше се... Со лекови за анемија, исхрана се боревме да го оддржуваме да не доаѓа до примање на крв... Како престана крварењето, се си рипна и еве го 5,6год веќе немал таква анемија фала богу...
Дали е нормално 4-годишно дете да има дијареа цела недела? Почна со температура која траеше три дена, а после еве веќе шест дена течни столици. Давам Линекс Јуниор, електролити и прилагодена исхрана. Нема подобрување
Еве сме пак со стомачен, дијареа има од синоќа.. три пати во два месеци од кој првите два на инфузии завршивме… сега за сега сме само со дијареа. Ја веќе не знам што да правам, проблем имаме не јаде ништо, затоа и завршуваме на инфузии…
Ќерка ми така тераше...прво главоболка два дена со 37 темп незначителна и после то 4 дена со течна столица ама само два до три пати во денот ама течна...само пробиотик пролајф давав и и се среди дури петтиот ден. Ќе се стабилизира. Со помин
Син ми во последно време почна да пика се в уста да гризи кабел од полнач; коцки да пука во уста; последно цуцлата од бебето ја изгриза.... Иначе има 6 години ; пие витамини и рибино масло ... Некој со слично искуство ????
Здраво на сите Дали има некој искуство со дете од 6 години кое е алергично на домашна прашина и како се справувате ? Вредностите се баш високи Ни препишаа сируп рупафин
Мислам дека го емитира бебето, не би одела во насока дека му фали некој витамин, ако одиш натака. Син ми големиот (исто 6) се пика во дубак, ставаше цуцла, лигавче, лази со брат му. Алиштата му ги облекува.. Има и уште некоја глупост сигурно.
Мојов почна да вади зелени мрсули на сред одмор и ко за беља немам инхалатор со мене, чистиме ставам спреј ама не знам што да правам друго нема температура вака весел е, си игра јаде ама мрсуливе од такт ме вадат