Еве пиеше 10 дена оспен матичната рече ќе развие ангина ќе почнеме одма со антибиотик добар беше во средата го пуштив во градинка денес е зарипнат цел црвено грло го боли на голатање синока мн хрчеше неможе да најде позиција а нема никаков секрет грајнициве цело грло му го затвараат огромни му се дали не е доизлечен
Ние одевме во ремедика од 3 години и исто што викаш кога е дома не хрчи кога иде во градинка почнува да хрчи, ама мојава нема секрети ништо и не се затнува и ова е само зимен период со хрчењето. Примаше терапија беше као подобро и рече докторот после 4 г да видеме што како ама препорачува кратење на крајниците имаат таква опција. Траума секако ќе има, за да ја водат убаво состојбата и со третиот крајник мора камера во носето. Мојава си го криеше носето кога идевме ама тоа е.
Даа, кога имаше аденовирус (тестирано со PCR) му дојде до 70. Па откако му помина, без антибиотици нели, си се спушти само.
Добро вечер мајки. Тргнавме во градинка на почеток септември, 3 дена и качи темп со секрет од носе и кивање. Помина за 2 3 дена го пуштив пак одеше 1 недела, викендот повторно температура со носе и поткашлување, го оставив дома една недела ајде да се среди убаво па да почне од утре и вечерва повторно крена после 7 8 дена без температура. Да напоменам денес стомачето го мачеше, потечни столици гасови и грчеви. А носот и кашлањето уште си се тука само температура што немаше ме чуди што пак крена. Сабајле ќе одиме на доктор секако ама ми е чудно затоа што беше дете што буквално не се разболува еднаш фо 2 пати годишно додека не одеше во градинка. Сега тргна на 4 години првпат и еве од цел месец само 7 дена сме биле. Дали е нормално толку чести инфекции при тргнување во градинка? Какви се вашите искуства?
Кај сите е исто мора така да стекне имунинет и јас мн се нервирав и ми беше криво викам само моето болно ама кај сите е така нос растечен кашлање цело време нема спас
Моето на 4г ги намали двата крајници, третиот го извади. Значи се препороди, од едно маче цело со подочњаци, за 5 месеци пркна се освежи доктор немаме видено пу пу. Мада ние немавме ни пред тоа проблеми со загнојубање, најголем проблем беше дишењето на вечер посебно. Исто така и во носето полипи и извадија. Така да, мој совет. Не ги мачете децата, барајте побрзо чаре. Јас сум од 6г без крајници, можам на прсти да изборнам кога сум била болна. @Fudbalgirl траума после сите испитувања пред Оп имаше ама Оп ја помина без проблем без болка ( пиеше јаки сирупи против болка и не осети ништо).
Мене во систина ми рекоа дека периодов има некои така измутирани вируси да кревале црп и над 100ка, што не е баш воообичаено за вирус. Обично до кај 50 одело, сега… хаос.
Ova beshe pred 2 god. I pravevme respiratoren panel, nemashe bakterija, ama imashe tivka pnevmonija taka da pretpostavuvam deka moze da e crp od toa
Тогаш што лекови и дадоа за пнеумонијата? Ќерка ми имаше црп 100 и нешто па повторно правевме испадна 75 ама на ренген испадна бронхопневмонија и ни дадоа панцеф и инхалации со пулмикорт. Иначе јас сум од Охрид и кај нас нема стручни доктори како во Скопје и многу ми е мака што некогаш вирус ќе е а тие со Панцеф ја лечет а пак на болница не ни сакам да ја носам таму и урбазон ќе и дает плус.
Дечки од што може да бидат подочници кај дете од 4 год? Не се страшни ама како розеви црвени незнам ...некако се уплашив. Крвна слика пред 4 недели супер.
Од тоа се подочњаците. Ако е настината чистете нос, по потреба септаназал. Ако дише со отворена уста и кога нема симптоми одете на орл да видите да не е зголемен третиот крајник
Денес го гледаше д-р јасмин Шаиновски трет крајник не го гледаше смета дека не е проблем само двата во грло огромни се и рече операција не го мачете детето ќе бараме и второ мислење па ќе одлучиме
Барајте мислење, може со терапија да се "намалат" малу додека пример се одлучите за Оп, но не е најефикасно. Мојата едвај дишеше посебно во спиење имаше застој од неколку секудни ама ако често загнојуваат јас не би се мислела. Мм лани ги извади на 34г, прероден е.