Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Да така, колку повеќе влечеш толку повеќе стимулираш нешто ми објаснуваше..а и имам 100% довербА и ја послушав, па така баталивме. Баш ми покажа како да правиме премивка на носето и досега сме немале проблем. Кога бил премногу затнат се случи на два пати да не може да спие ми дозволи и оперил ама тоа некаде кон 16-17м кога беше. А се друго со физиолошки или синомарин.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    4.060
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    Мене педијатарот од систина ми вика еднаш до два пати дневно носко не повеќе. Јас пред спиење обично два пати до сега кога имала за да спие подобро. Инаку да, не чини често го стимулира создавањето секрет ама па бњз носко кога имаше премногу секрет на 9месеци мислам ќе ми се разболеше многу, спаси ептен
     
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.786
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Па зима пролет лето есен, сите годишни времиња ќе е така носот хах. Јас кога прашував и на форумов и доктори за ќерка ми дека откако е тргната во градинка 7м нонстоп е со мрсули, ми рекоа биди среќна само со мрсули да биде да нема други симптоми
     
    На Simon4e0507, Baby warrior и xxx-ba им се допаѓа ова.
  4. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    И мојата ќерка имаше 3 пневмонии ама кај нас сеуште не е докажано дека е алергија повеќе се сомневаат на астма, искрено сакав да слушнам мислење дека сепак се кортикостероиди некако се плашам за да не има некакви последици, примаше урбазони инхалации све се тоа кортико па бев уплашена
     
  5. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Мами ај ве молам за совет. Син ми 2 години и 3 месеци прв пат ми се разболува со вака висока температура. Четвртокот према петокот ноќта почна со лаечка кашлица, петокот вечерта дигна 39,3 дадов блокмакс се симна. Па се до денес не крена пак температура, денес после 3 дена пак исто крева над 39.
    Матичниот го прегледа 2 пати, вика чиста е плуќата и ушите. Крвната слика црп беше 14, леукоцити 13, другите параметри во нормала. Се жали повремено на стомаче, му направија и ехо кај матичниот, нормален е наодот. Мисла ми е од што качува пак сега температура.
     
  6. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Мајки дете гореше од темп и со антибиотик е по препорака на доктор… качи 38,5 дадов далерон и после саат ипол не симнуваше па дадов блокмакс за 2 саата( поради тоа што до сега има добиено два пати грчеви од темп) и сега е жива вода испотен му се симна 36.0-35,5. Искуства? И претходно вака кога качуваше симнуваше отпосле ниска темп… испотен е, го пресоблеков и избришав главчето ама сепак се плашам
     
  7. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Ќе крене нормална пак. Покриј го повеќе и гушкај пола саат ќе крене до нормала.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    149
    Цетиризин помага ли за кашлица и по колку мл давате? 4ипол години има.
    Инаку дали ви помогнале инхалации само со физиолошки за досадна кашлица, матичната ни рече само со физилошки но не знам дали и дексазон да ставам..
     
  9. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    2.965
    Пол:
    Женски
    дрксазонот ќе ја смири кашлицата но сиот секрет кој треба да се искашла останува да се таложи.

    Цетиризин се дава за алергија не за кашлица
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    149
    За цетиризинот знам, но матичната на секое одење ни вели давајте сируп за алергија сушел секрет..
     
  11. nikja

    nikja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    2.919
    Мајки нешто ефикасно за гнојна ангина 22 месеци сме,пиеме оспен ама еве од понеделник сме со антибиотик и цело време сме уште со јака температура
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.295
    Допаѓања:
    16.607
    Пол:
    Женски
    Ако е вирусна ангината нема да помогне антибиотикот. Нашата беше бактериска и одма имаше подобрување.
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nikja

    nikja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    2.919
    Правевме брисеви нема ништо чисти се,од понеделникот сме со антибиотикни температура цело време е.
     
  14. nikja

    nikja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    2.919
    Највероватно е вирусна,незнам како ќе му помине и што да помогне,веќе се изнамачи доста
     
  15. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    2.965
    Пол:
    Женски
    не знам што да речам. Изненадена сум од нејзиниот одговор зашто никаде никого немам слушнато да препорача сируп за алергија при секрет
     
  16. Ella90

    Ella90 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2026
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Многу докторки препорачуваат сирупи против алергија за кашлици
     
    На sani99 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    10.276
    Пол:
    Женски
    @Aleks.mar Син ми имаше многу често ларингит и кашлање суво како куче. Кога ќе почнеше да кашла така сред ноќ страшно беше. Некогаш доаѓаше и до опструкција.

    На првите знаци на ларингит и кучешко кашлање му правев со физиолошки инхалација и му давав антихистаминик (тоа е цетиризинот). Се дава за да се смири воспалението во дишните патишта кое не мора да е алергиско, може да е и од друг причинител како вирус. Пиевме бар три дена по ред навечер.
    Кортикостероид - дексаметазон секогаш имав ампула во фрижидер за секој случај да додадам во физиолшкиот. НО неговото користење е меч со две оштрици и кортикостероиди едно лечат друго расипуваат и не треба да се користи без потреба и контрола на лекар или пак долго да се користи.

    Од наше искуство - дексаметазон (пола доза/ампула) ставав во инхалацијата со физиолошки само ако има опструкција - ако се бори за здив. И вкупната доза што ќе ја прими од дексаметазон во рок од 24ч не смееше да биде повеќе од 1 ампула. Тоа значи ако сум му дала пола ампула првата вечер, втората вечер ќе му додадам уште пола само ако е во навистина лоша состојба со дишењето, како опструкција, и толку.

    Инхалации со физиолошки може да правиш колку сакаш пати во денот и колку може детето да истрпи. не се штетни.
     
    На Aleks.mar, dromka и ♡☆♡ им се допаѓа ова.
  18. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Син ми пред една недела беше со темпратура повраќање еднаш два пати бактерија антибиотик му пројде ама кашлањево остана и мрсули бели му се му чистим ама има од понедленик кашла навечер кога ке заспие пола саат саат кашла дури му доаѓа на повраќање вчера поврати еднаш после се смири и цел ноќ си спие после а дневна дремка не кашла што може да биде и да се дава во понеделникот на контрола немаше ни црвено грло и на плуќа чист
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    27.428
    Пол:
    Женски
    Вирус е и може до 2 недели да трае, највеќе се израни кашлиците на вечер, нека спие на поткренато и нека пие многу течност. Тоа што повратил е шлајм и во ред е ако така исфрла. Ќерка секое кашлање повраќа.
     
  20. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Мајки, детево фати настинка оздраве и од градинка пак се разболе… на антибиотик е, ама веќе 6ти дем темп има. Вчера бевме на дежурен ни рече ок е, нормално било неколку дена кај некои деца. Црп му беше 10 прв ден кога му правев, па за околу три дена 31 и денес 12. Секој ден качуваше често тт, првите денови скоро и на 3 саата… три ноќи 39 а денес само еднаш качи 38,5. Дали делува дека се опоравува или? Инаку малку кашла, на плуќа три доктори го гледаа деновиве нема ништо, само црвено грлце, ама сепак имам немир дека скоро недела тт. Ве молам за искуства.