Да бевме на контрола крвна слика супер и грло не е црвено нема ни на плуќа од носот му е има мрсули му чистим ми рекоја инхалации со физиолошки он незнае да го плукне слајмот затоа може и поврати
Мојава знае (6г) ама не се искашлува доволно изгледа и од напињање иде до повраќање ама тогаш и олеснува многу и така е од малечка ако има шлајм.
Пред месец дена стани ќерка по 4 пат обетки, вчера беше се по денес гледам малце црвено и кога пипнав истече гној и малу крв, она испамичена одма и ставив хидроген 3% што ми имаа даено во аптека. Сега не дава да се види како е. Дали може со дезинфекција да помини? Ќе мора ли вадење обетката? Значи би поштедела драма околу тие обетки ако е можно. Иначе е страшно плашлива и се тресе буквално на една гребнатина не па нешто друго.
не знам што сте направиле од вчера до денеска ама веднаш вадете ја. Дезинфицирајте ја исчистете го гнојчето после неколку дена дезинфицирана повторно ставете ја.
Дупчето ќе се затвори за 1 саат кај дете ама прашав Др ми рече да не вадиме или вртиме оти е засушено, со физиолошки да миеме.. тоа што ми рекле Мк за хидроген 3% е застарена метода и погрешно а ако има пак гнојче да ни даат маст антибиотска.. јас не сум имала ваков проблем, а ни малава.
мене ушите ми беа 7 пати дупнати. Сега се е затворено. Еднаш имав исто ваков проблем. Морав да вадам обетка највероватно материјалот од кој беше изработена ми даде таква реалција на гноење. Од сите 7 пати само еднаш го имав тој проблем.
Епа она прв пат ги дупна на 8 месеци ич не беа симетрични и ги извадив, па на 2 и пол посака сама виде обетки со мини маус ставивме, изгуби обетката се затбори одма, па на 4 години кога и редевме на сестра и , се праеше после тоа операција и за избадивме и додека ја донесоја се затвори дупчето. Сега ставивме пак сама сакаше сите имале она не и вака и се напрај и сега драма праи , не дава ни да ја чепнам јас, а она си чепка слободно. За сега не е црвено увото нити потечено..
Да ти кажам од тие застарени методи таму и го лечеа на другарка детето со чаеви, зашто застарени методи биле тие од мк, па за на крај во болница детето да заврши месец дена… Не знам како може хидроген 3% да е застарена метода, ко да ја лечиш со чај.. Баш напротив хидрогенот ќе и помогне да се деџинфицира и да се зачисти. Изгледа затоа се дефицит на доктори таму, зашто хидроген е застарена метода.. Другарка ми ја праќаа на биопсии како да има рак, зашто гинекологот не знае да препознае епизитомија. За на крај женава да и рече абе вака и вака и докторкава шокирана да е…
Па не знам, хидрогенот освен оние бактерии ги унишувало и здравите челии и го успоравало заздравувањето, не дека би направило проблем, но дека повеќе не се користи за ранички. Искрено јас па се чудам на коментариве низ форумов како се третираат одредени работи/болести во Мк и како децата се нон стоп болни, удираат на инхалации кои на крај ипак го поминувате потешкиот пат,буквално на секое антибиотици и никако билдање имунитет и ја гледам разликата тука кај што од тие што ги знам, а и моиве деца методите тука се покажале многу подобри на подолг рок. Иначе дефицит на доктори има не заради тоа што немаат капацитет, туку затоа што има многу други можности за школовање, работа и добра плата без да се завршуваат факултети, дете од 18г може да го одбере тоа како подобра опција да се тргне од дома и да зема плата од колку да студира на родители сметка што е за овие краеви горе-долу чудно, наместо да ја гледа желбата за професија. Тоа ич не е тема само кратко објаснување.
Секое дете има различен имунитет, антибиотици не препишуваат сите доктори, не знам за тебе ама на 300црп, моето дете итно прими антибиотик за широк спектар па дури и беше тестирано за сепса. Има моменти кога мора да се прими антибиотик, еден ден покаснода сум ја однела знаеш ли колку голема можело да биде работата? Споредуваме Австрија со државна градинка во Мк. Прво кај нас знаеш и сама дека се по 40 дена на две учителки, колективот си го носи своето. Мутирани вируси, бактерии еден тон. Родители што не смеат да си дозволат боледување, зашто ќе летаат од работа, и сега нормално има и такви шти иако можат да ги почуваат децата дома, без осет ги носат во градинка. Имунитет се гради така што мора да ги поминат тие бактерии и вируси, истото сме го поминале и ние, ама не било до волку. Моето дете пиело антибиотик 4 пати до сега и тоа било морално. Секогаш било бактерија во прашање, бактеријата сама од себе не исчезнува, поготово салмонела. Еве на другарка пак таму 4 години детето е слабокрвно, на своја рака направи крвна слика, упорно и викаат дека ништо не му е, а детето има 9кг на 4 години. Нит јаде, нит пие, болно е константно. Јас постаро дете во школска возрадт немам сретнато да е често болно, освен ако не идело во градинка па сега ствара имунитет. Во предшколска возраст е нормално да се почесто болни децата, тогаш е перидот кога ствараат имунитет. Ама мислам е смешно да им е се заостанато од овде, а не се сјајни ни таму.
Ама кој ти рече дека на бактерија и висок црп не примаат тука антибиотик? Кој за тоа те излажал? Разликата е тоа што Мк даваат антибиотик и на вирусно, што за секој случај носат мајки на одмор антибиотик зошто матичната им препишала за ако ги фати грло. Црвено грло се лечи 3 дена со бруфен, после 3 дена ако не е подобрено (а 90% е) се оди со антибиотик. Не не лечат нас овде со алпски воздух и билки само, лично од Др имам искуство кај што ме прашува лечиме по ваши или по наши ( има иначе Грац работено) и испадна дека по странски и те како се излечи без антибиотик, пак ќе напоменам крвната слика уствари целокупната состојба на детето покажува како треба. Секаде се прават грешки побогу сите се луѓе ама дека се трујат поголемиот дел со антибиотици без потребно се трујат. Имунитет градење мислев на тоа децата да се во секое годишно време надвор, во кал, песок, со отворени прозори во просторија, а не исподотерани и да не смеат да извалкаат патики или блуза. Да не се лажеме тоа го има само на Балкан. Да, има нечист воздух тоа е огромна причина за болести ама дека начинот на лечење е најисправен, не е. Прост пример, Др Мк и вели на мајка ми стави камилица на потечен очен капак, и се прај ужас, оде жената тука после одмор дирекно на болница лом ја праат кој уште со камилица лечи. Стварно не е темава за докажување каде е што поубаво и што треба да се смени, како и да е ќе чистам со физиолошки.
Поенатата е дека викаш стално таму ти викаат тука затарени методи само. Се се чудиш, а таму се молиш крвна слика да ти направат. Немаше крвна слика да и направат на малава, а ситуацијата ескалираше за 24часа. Еве ние имавме гнојна ангина бактериска, каде шти не и се симнуваше температурата воопшто. Доби одма антибиотик бидејќи беше продолжен викенд, но со препорака да го почне само од кога ќе стигнат брисевите. Утрето брисевите стигнаа и се почна антибиотикот. Не знам стварно кај читаш ама не е сјајно ни таму. Ти пери си со физиолошки, никој не те оспорува, ама хидроген 3% воопшто не е застарена метода.
Има две теми кои сум пишувала во темава и тоа не стално пошо очигледно е различно. Едната тема било за воспалени уши пошо мојава го има често и другата за секрет и кашлица за кои никогаш не сме направиле никогаш инхалации туку мировање, спреј во нос и многу течности. Крвна слика доколку има тт или болка до сега ниеден доктор се нема противено, а сум 18г тука. Брис не, за тоа немаме таков луксус, се десило да и проверат брис еднаш само пошо крвната слика не беше ок, но тоа пак ќе кажам е доколку тие сметаат дека е потребно, а не јас да имам достапна лабаратотија кај што ќе одам да проверувам на секое. Стварно не знам кој ти кажал дека на тт не проверуваат Кс и не добиваш антибиотик тука доколку е бактериско.
Еве ти кажувам од мои пријатели што живеат таму. Не ти оспорувам јас тебе ништо, мене ме нервира муабетот застарено, како ние овде да сме во пештерско време. Некогаш и некои “застарени” методи повеќе функционираат од “новите”.
Mnogu ima sekret od noseto ne moze da spie ic dobro, nema temepratura, jade malce pomalku ali zosto i se sleva sekretot. Prskam so Nisita i vlecevme mrsulki so usta, sto drugo da pravime?
И се слева зашто има премногу, не е убаво ни премногу влечење. Нисита нас лично ништо не ни помогнало. Синомарин повеќе ни помогнало ама не влечам никогаш. Колку повеќе влечеш, толку повеќе секрет се ствара.
Кое е објаснувањето зад тоа дека ако влечеш повеќе, ствараш и повеќе секрет? Прашувам зошто мене баш ми викал педијатарот да влечеме убаво кога е болен, дека така побрзо се чисти а секако и него му е полесно во дишење. Зборам за 3-4 пати на ден максимум (при боледт) колку што е препорачано нели, без претерувања. Прогуглав сега на темата, баш ме заинтересира и секаде прочитав дека не е така
Ова доктор го има кажано дека колку повеќе влечеш, толку повеќе се ствара? Син ми има проблем со нос, од матична, преку педиатар во пензија со огромно искуство, до ОРЛ специјалисти, сите кажуваат да се чисти секретот, кај син ми да го секне носот редовно бидејќи е голем, ама кај мали деца мора да се влече. Ако доктор ви кажал да не влечете, дали ви има објаснето дека може да дојде до проблеми со мембраната? А како резултат на тоа да има потреба од операција за ставање цевчиња?
Да и доктор од ОРЛ и педијатри со огромно искуство поточно докажани. Колку повеќе влечеш со аспиратор се иритира слузницата , отекува и повторно се лачу нов секрет. Моето искуство е многу подобро со испирање на носот со физиолошки, ама секако секој за себе и треба да се следат совети на доктор што му веруваш.
Vo nas slucaj ovojpat mnogu pomogna, jas dosega nemav vleceno koga i bil rastecen nosot i znaelo po 2 nedeli da tece, eve 2 den sega kako i go cistam podobra e i moze da spie konecno