Вау која случајност, си одела кај повеќе лекари и сите до еден кажале да не се чисти носот. Крајната линија е таа, одиш кај лекари на кои им веруваш и слушаш/ применуваш совети.
Да, доктор. Исто дека ја иритираш слузокожата. И стварно подобро и е кога не влечам толку често. Да се чисти ама не пречесто, и споредуваш секнење самоиницијативно и вештачки.
Еве пишав погоре, колку повеќе влечеш повеќе секрет ствараш. Може тука грешиме што гугламе и читаме чат гпт место да слушаме доктор.
Без вау,ме праша ти одговорив. Јас сум со проблем во носов (девијација) па често сум на орл. А син ми има две-три докторки зависи кај сме ( не живееме Скопје цела година). Нема потреба од ВАУ и претенциозност, овде сите споделуваме кога имаме некој проблем или совет, кој секако не мора да биде прифатен.
Ќерка ми е носена и кај Демири и кај Мирка Шалиќ, од невлечење секрет три пати и има пукнато мембраната. Двајцата се на ист став, испирање прави дополнителен притисок на тапанчето, никако испирање, само влечење. Паскалов и е матичен и тој е со ист став. Откако го активиравме Носко за правосмукалка ниту еднаш немаше проблем со ушите.
Верувам и супер штом сте нашле решение. Не се сите деца и состојби исти, па верувам различен третман е потребен. Сепак здравје посебно на дете е многу деликатна тема, затоа треба да се има доктор на кој се верува .
Месец дена како тргна во градинка малку во градинка неколку дена дома и така. Кашла суво, нема шлајм, нема спуштено на гради, носето некој ден затнато некој ден тече. Грло малку црвено, не била бактерија вика докторката. Синоќа пак температура до 38.7. Сакам да побарам брис да направиме, или барем крвна слика. Некако не знам дали е нормално вака од еднаш температура да крева. Дали некоја мајка има искуство, можно е да е бактериски?
Да ама зошто? Вистина е дека може да се изиритира носот ако се претерува, тоа е напишано и на самото упатство и има зошто е наведено колку пати на ден максимум да се користи ноското, тоа е неспорно. Ама дури и да се случи тоа, не е причина за предизвикување на уште повеќе секрет, не ми е јасно како биолошки фунционира тоа така. Стварно прашувам од желба да разберам дали имам нешто погрешно сфатено, дали ви имаат објаснето или кажано некој медицински факт за тоа како настанува повеќе секрет од влечење? Реално и тие учат од книги, интернет, чет гпт и слично. Ќе го прашам следен пат педијатарот (не дај боже да е за скоро хаха) за објаснување.
Да, ти викам, ствараш повеќе секрет. Затоа не е препорачано да се влече често. Јас и влечам само кога има премногу и тоа е еднаш преку сила два пати дали се има случено на ден. Некогаш воопшто не влечам и многу побрзо поминува секретот. Секако, секој верува на педијтарот што го води. Не дај боже да учат од чат гпт, тешко нас тогаш.
Еве ние од 10 септември сме со настинки. Една недела беше во градинка настина пиеше антибиотик една недела дома со антибиотик. Направена крвна слика покачени леукоцити со црп. Бактерија немаше. И помина демек . Ајде појде пак и после три дена пак кашлање, ларингит, нос течење се комлет. Нова крвна слика црп у вис уште толку. Плус стрептокока пнеумонис ајде пак антибиотик и исто една недела пиеше. Го заврши пред два дена и реков ајде после празников да почне во градинка. Еве ја три дена изгоре до 39 и се качува. На парацетамол сме. Ја однесов во козле нема спуштено, не кашла, ништо а температура се качува. Ни закажаа за проверка на ушите и пак брис од нос. Не можам да поверувам дека за рок од 15 дена ова се се случи. Заклуок на докторката беше дека е вирусно не долечено еве не знам навистина. А купив и кесички за урина ако успеам да однесам да испитаат и тоа. Моја претпоставка дека е бакериски зошто нешто има штом качува..
Здраво, при обилен секрет дали ви се случувало децата да повраќаат и неколку пати на ден па дури и во спиење ? 16 месеци е моментално. Посетени два педијатри, брисеви пред месец дена покажаа стрептокока пнеумониа но асимптоматска е, нема кашлање, нема температура, грло чисто, гради чисти, црп мирно...се закашлува наеднаш и повраќа, неколку пати ми се случи и во спиење. Потоа како ништо да не било. Носе испираме со шприц кога приметам дека има многу секрет. И изметот е разводнет приметувам.
Само што се вративме од дежурно. Леукоцити 20, црп 28. Бактериско рекоа дека е и дека има некое жариште. Сабајле ќе правиме брисеви и уринокултура. Мора да се најде причината зашто цело време се враќа.
Ја носев на преглед кај два педијатри, двајца рекоја не е стомачен штом се кака нормално еднаш до два пати во денот разводнето туку дека има премногу секрет. Некој совет за секретов, како сте успеале да се намали? Течности си пие, си јаде... Инхалации препишаа пак и пробиотик
Па освен инхалации да се разреди и да коже полесно да се исфрли нема. Мојата имаше еднаш пролив, ама затоа повраќаше повеќе. И стомачен вирус беше. Пробај извлечи и малку, да и помогнеш, чим не може сама.
Пие ли млеко или цица пред спиење? Ќерка ми исто често повраќа од секрет и баш кога прашував доктори ми рекоа дека треба да сум среќна штом е така бидејќи се олеснува од секретот наместо да и се слива надоле. Најчесто кај неа се случува после пиење млеко или порано кога цицаше и кога има секрет така да поврати. Сега баш е со секрет деновиве и вчера пред спиење пиеше млеко, се закашла и потповрати малце ама после и олесна се изнаспа цела вечер без кашлање инаку и смета секретот и кашла. Да се надополнам, нас ни препорачуваа само инхалации за да се разводени секретот и полесно да искача. Еднаш и сируп за искашлување ни дадоа но ќерка ми го повраќаше и тој и прекинав да го давам.
Ова баш го приметив деновиве, ако не се напие млеко само се закашлува и не повраќа или сосем малце повраќа, скоро сите пати што повратила "пообилно" било после млеко. Адаптирано инаку пие
Иста е и ќерка ми, ако не пие млеко ќе се закашла и толку ама ако пие после подолго закашлување ќе поврати... Сега пие кравјо само пред спиење а порано цицаше ама исто беше и тогаш и сега. Дур цицаше минатата зима фати РСВ и после цицање така знаеше да поврати скоро секоја вечер.
Фала ти многу, ми олесна дека не ми е изолиран случај детево ко што често за се си мислам дека само нејзе и се случува
Да, ќерка ми (17м) секогаш кога има секрет го повраќа. Кога цицаше, често со млеко повраќаше, сега знае и со храна ама ретко. Најчесто пред спиење или ноќе повраќа секрет само и и олеснува и помалку кашла (и подобро спие) како што пишала и dummy. Добро е ако го повраќа значи го исфрла. Матичната вика или со повраќање или преку измет да се исфрли е најдобро, за да не се спушти на плуќа.