Доење и адаптирано не е исто. Адаптирано е препорака до 1г, доење исто, добро е и над две 2г ако мајката и детето се одлучат ради имунитет, емоционална поддршка, сигурност, но двете не можат да се споредат, пошо преку доење детето е заштито и добива антитела, од адаптирано не. Дете од 2г нема потреба од никакво млеко, ни доење,ни адаптирано ни па кравјо. Ако некое сака да пие нека пие, ако има нетолеранција нема потреба од грижа пошо реално не му е потребно. Јогрут се препорачува, млеко не. Така да не би било трагедија ако на детето престанат да му даваат адаптирано млеко на 2г пошо му праи проблем.
Па ако му штети зашто да го пие?? Прочитавте дека се сомневаат на алергија. Големо е детето, млекото не му е основна храна
ако е со постојан секрет од нос без други симптоми провери алергија. Или евентуално направи брис. Штом тече нос значи се чисти не е ништо страшно. леле... имам гледано видеа од таков чин ама никогаш не сум се осмелила да направам такво нешто. Се ми се чини дека ќе ги удавам децава така
Е исто и јас мислев за првите 2 деца, ама третово го кркаше Имам и јас видеа, да покажев на пријателки хахахах
Не знам мајки веќе кај да ја носам што да правам, во мартот имаше пневмонија па на 18 август пак имаше пневмонија,лежевме козле па на контрола ко бевме ни дадоа лек фликсотиде два месеци два пати на ден, тоа било за заштита на белите дробови, еве два дена е со растечен нос и почна да кашлат како пес а кај неа од таа кашлица одма оди кон пневмонија, ова е веќе премногу не ми е добро ептен се секирам не знам веќе што треба да и се даде за да се спречи ова, јас не викам да не се разболува нормално дека ќе се разболува ама да не е секоја настинка пневмонија, исто имаше една пневмонија и на 4 години
Сте биле ли на пулмолог и имунолог? Алергична астма, испитување на имунитет, рефлукс нешто да сте испитувале.. снимање на плуќа кога е здраво? Тој лек е уствари за да ја заштити не е за да олесни, пример не ги шири бронхиите и мислам дека добро што користело за да не дојт до нова упала или оток ама мислам дека треба да посетите пулмолог ако веќе не сте. Да не е ларингит ако кашла како куче?
Августот лежевме козле таму ни го дадоа лекот, и направија преку крв испитување за алергија не испадна ништо сега ко бевме на контрола кожни и на нив не идпадна ништо, за два месеци сме пак да и испитаат други алергени и затоа за тоа време ни го дадоа лекот да го примат, ама јас сум толку уплашена не знам што да правам веќе почнав да се сомневам недај боже нешто да не има на бели дробови
Да да иначе е ларингит и секогаш од ларингит завршуват со пневмонија, веќе и на едно кивање уплав имам а од кашлицава да не зборам колку се плашам, ми викаат козле да не се секирам ќе и исчезнело на 7 или 9 години јас до тогаш ќе скренам од умот
Не мора да значи дека ќе спушти. Ама ако е ларингитично види да не треба да вклучите инхалации. Малото откако е на пумпица не направил наод, а сме влечеле секрет и по две недели и тоа си одеше и во градинка. Знам колку ти е тешко. Козле втора дома ми стана изминативе 3 години. Мислам дека цел персонал не знае. Кај мене и двајцата се специфични, големиот со ларингити кои обично со инхалации и урбазон се средувале(урбазон зошто кај него ларингитите се со такви интензивни кучешки кашлици што го истоштуваат), малото пред пумпица за 3 саати наод правеше. И тоа и двајцата без тт. Нема друго што да правиш освен ако имаш сомнеж да носиш да ја слушнат.
Болно ми беше детето, кашлаше, нос затнат, се тоа помина… на плуќа неколку доктори го прегледаа и рекоа супер е, имаше само црвено грло, ама еве веќе трета недела кашла. Се мислам да дадам сируп за алергија, педијатарот го прегледа пред некој ден и рече ок е кашлицата ќе помине… ама еве ноќе се буди и кашла како со шлаем а не знае да го исплука да му олесни.
Мајки дали сте имале ваква ситуација? На ќерка ми, 14 месеци е , и се направи вака црвено вчера ама не и беше до толку црвено.. денес ептен и е и како гнојче има. Бевме на доктор ни рече не е ништо демек лошо сечен нокт.. дали сте ставале нешто?
Имавме слична ситуација, мислам дека мачкавме гентамицин ако не се лажам, не ми текнува точно. Мислам дека треба да мачкате нешто
после колку време користење претпоставувам флексотид почна да делува? Кај моето еве три недели користеше 2х1 ама имаше наод последниов вирус. Минатата сезона исто додека примаше не му делуваше, препишуваа докторите на тоа дека е мал и не го прима правилно ама некако веќе се разочарувам. Сега му зголемија доза на 2х2 ако и сега нема ефект не знам што ќе се прави. Од обично течење нос следниот ден тој има опструкција и хрчи.
На син ми, на таа возраст некаде, на палчето на ноже му беше малку црвено, не волку. Чудно што не дале ништо. Фуцидин му препишаа тогаш. Е сега, пошто е на рака, пази кога ставаш.
Со optichamber го даваш спрејот? Инаку откако почна со пумпица, отприлика уште 3 недели беше дома, дека закрепнуваше од болница лежење и придолжу редовно во градинка.
да со optichamber, колкава доза прима твоето? Знам дека тоа е индивидуално и др одредува секако дека нема сама да менувам дозирање, ама баш сум разочарана и пробувам да најдам објаснување. Имав надеж дека нешто ќе се промени. Оваа сезона му дадоа и бронховаксом ама знам дека тоа повеќе на бакт инфекција влијае.
Сега бевме на контрола затоа што почна да кашлат ларингитно, и нормално опструкција има, јас за малку ќе се онесвестев кога слушнав, ја зголемија дозата на флексотиде по два пафа на сабајле два навечер и плус вентолин 3 пати на ден, јас стварно не знам зошто не делуват леков кога го давам сум толку внимателна ко да лансирам ракета, за да гледам како диши да ја слушам дома да е тишина телевизор исклучен или јас претерувам или толку отидов со мозокот
Иста ситуација, моето почна да го примат од први и еве од едно носе течење опструкција па ни препишаа вентолин 3 пати на ден и зголемена доза на флексотиде 2пафа сабајле два навечер, ама мене место не ме држи сабајле ке ја носиме скопје,јас би тргнала и вечерва ама далеку сме
Мајки искуства? Дали е нормално што уште кашла? Еве и вечерва во спиење се откорна.Бевме два пати Козле минатата недела нема ништо на плуќа