Можно е, лани го поминавме сите мислам дека месец дена се откорнавме од кашлање, вирусно беше, не спушти никој, помина само ама ужасно напорно.
Со лесно и да поминува, дали и делува вентолинот? На моето до сега секогаш кога имаше опструкција му го прекинуваа флексотидот и му даваа инхалции со будесонид и му поминуваше за 5-7 дена. Овој пат не му го прекинаа флексотидот и затоа сум загрижена дали плуќата е заштитена. Зошто ако не делувал до сега за да превенира како ќе делува и сега само гласно си размислувам многу е стресно со деца што се склони на опструкции многу брзо се менува ситуацијата. И ние лани лежевме во козле па сега се трудам да не се повтори истото.
Нас не ни го прекинаа флексотидето, прво и правам инхалација со вентолин па после флексотиде по два пафа и ја зголемија дозата, јас ептен сум уплашена искрено, вака што прашував мајки сите ми викаа со флексотидето ке се преродите ама некако не се преродивме исто си е, кога беше цел месец на инхалација со будасониде беше супер, а сега со ова не е, не верувам дека не и го давам правилно
Мојава кашла од време на време некогаш повеќе некогаш помалку, склона е кон спуштање од толку секрет ако не и помини за некое време. Бевме на матичен добра била чиста била имала секрет од тоа кашлала и ми рече да инхалирам со синомарин но пожелно било и кортико и сега не знам што да правам некој совет со што да инхалирам? Дали viscoflu ви помогнало за секрет дали со него да инхалирам?