Вака стварно кога читам, си велиш мали деца, мали проблеми. Големи, којзнае како ќе се сносиме со сите предизвици, кога и ова е стресно. Докторката во Македонија беше убедена дека е некоја алергија во позадина. Ама кога овде ги заговорив докторите на таа тема, рекоа не. Повеќе за да не се трошат на скапи испитувања веројатно. Рекоа дека скоро секое трето/ четврто дете е псеудокруп дете овде. Веројатно лежи на климата. И секој вирус вака го дочекуваме. Истоштувачки е. До сега еве ти си втора мајка која споделила вакво искуство со дете, толку често. Јас психички попуштив од тие ноќи, шо мислам несоница развив и сега не можам да се средам се уште.