Моето е два пати на ден по еден паф. Почетокот првиот месец беше паралелно и момокс и рупафин па полека се исклучуваа и остана само на пумпица. Правеше 2 месеци пауза летово од се и од септември пак на пумпица. Сега е повторно пумпица и назонекс паралелно 3 месеци па продолжува само пумпица и контрола за 6 месеци. Незнам дали сте испитувале алергии. Кај моето има алергија на мувла и полен од трева. Имаше и мал степен на алергија на еден од млечните протеини и беше на немлечна исхрана 4 месеци. После тоа правевме тест со оптеретување и полека враќав млечно. Знам мака е, ама мора да се бара чаре. Најдете доктор што ќе ве води и полека нека се испитува се за да се најде чаре.
Има др во Козле што го води од лани, но од превенцијата со пумпицата нема ефект за жал сеуште. Направивме два пати алергени преку крв и контактни, само на домашна прашина мала реакција имаше ми рекоа дека не е страшно. И други испитувања таму правевме за имунитетот до сега се беше во рамки на нормалното.
Искрено ненсе сеќавам. Ќе побарам по резултатите да видам. А пневмониите се со други пропратни симптоми? Кај моиве и двајцата се атипични без температура, кај малото од секрет, почнуваше да поткашлува и наредно за неколку саати наод. Кај големиот 3-4 пати годишно со страшни ларингити ( со ноќни напади на гушење и денски интензивни кашлици), ако навреме се почне со терапија може да се сопре, ама најчесто мора да прима урбазон, а послениот пат и пневмонија направи. Кај него нема докажана алергија (не е фатено на тестови), ама дефинитивно се вирози комбинирани со алергиски момент. Кај малово сега добро се држи со терапијата од лани од Мај како почна, а кај големиот уште се менува, подесува, следи. За него ми е криво што ова почна откако прележа корона на 5 години. Еден месец после тоа почнаа и ларингитичните напади . Кој знае што му се измести во организмот.
Како забележуваш дека и прави проблем? Мојот не секогаш има обилен секрет кога се разболува ама најчесто пакле ден или 2 течење нос или слевање поседи прави бронхит кој со вентолин поминува најчесто. Некогаш кога е пообилен секретот правиме инхалации и со будесонид, тоа др проценува секако. Ама до сега не му дале ништо за алергија. Дома усисувам два пати неделно, прашина исто, немам теписони ни завеси, плишани играчки собрав, тоа е се што имам преземено. @Ano кај мојот понекогаш има темп од вирусот кој предизвикал секрет, а понекогаш и само слевање има, и дијагнозата и по шифра скоро секогаш е бронхит. Знаат некогаш и пневмонија да пишат, но знаеш дека без ртг пневмонија не може да се дијагностицира со сигурност тоа само на слушалка така звучи.
Ќерка ми е алергична на мувла. Кога почнуваат дождовите приметувам дека реагира. Проблемот е што кога де разбоуваат потешко поминува баш поради алергијата. Ако има докажана алергија пробајте со нешто за алергија и ќе видите дали ќе има разлика
Матичнава на моиве и на слушалка фаќа. До сега не згрешила (потврдено со ртг да, ама прово она слуша). Како што ти пишале пробајте со нешто за алергија штом има примеси и со алергија. Во најмала рака спреј за нос (момокс, назонекс). Големиов така тера.
@Ano @Ella90 треба да се консултирам со др дали додека прима флексотид може и кортико спреј за нос. Само лани месец ипол примаше етацид. Потоа ми рекоа да прекинеме. Во секој случај фала ви за споделените искуства.
Пред 3недели фати вирусче од градинка што го поминавме со виранто и капки за нос и витамини. Сега пак почнува да ми кива и носето тече проѕирно, давате одма виранто на први симптоми?
Да правевме испитувања за алергија во козле имат уште да и се испитуваат, до сега не е на ништо испадната да е алергична, додека беше еден месец на инхалација со будасониде настина ама не почна да кашлат ни опструкција имаше од кога ги прекинавме и почнавме со пумпица настина почна да кашлат па опструкција така да не знам веќе што да правам, јас сакав да одиме козле одма ко ни кажаа дека има опструкција ама соругот ми рече да не ја малтретираме вака болна секако сме на контрола па ќе видат што како
Да да секако консултирај се. Инаку може паралелно фликсотиде, антихистамин и кортико за нос, ама секако со препорака од доктор за дозирање и период на кој би се користеле паралелно. Ќе се среди. Потполно те разбирам колку беспомошно се чувствуваш. 3 пневмонии за 5 месеци имаше додека се завршија испитувањата и се даде соодветна терапија. Третиот пат кога спушти не ни чекав дијагноза, само што го слушнав како дише (а се се случи за неколку саати) спремна со торбица си тргнав од дома зошто знаев што ме чека.
Дали некој има искуство со ноќно кашлање. Значи само еднаш или два пати во спиење да се закашла. Некогаш ја буди, некогаш не. Вече 6та ноќ по ред се случува. Преку ден ниеднаш не се закашлува. Веќе користиме момокс и рупафин
тоа мислам дека не е за на невролог и дека не спаѓа баш во тикови. Офталмолог повеќе ќе реши. Можда е рефлексно можда е некој проблем со мускулатурата на очнипт капак... што ви рекоа конкретно после анализите?
Бевме и на офталмолог се е во ред. Нема диоптер,нема некоја иритација на окото. Не му е ова прв пат,еднаш имаше на 2 ипол години таков период и еве сега почна пак. Неврологот рече тикови се назначи испитувања аст,цк мб и лдх му се покачени па денес треба да ги види резултатите. На 18ти ни закажаа и за еег.
Ќерка ми имаше афти во устата и од шо ја болеА два дена не збораше, со метиленско плаво со анестетик и се смирија. За раце и нозе не знам да ти кажам.