Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. perla24

    perla24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Мами, ние заглавивме со коњуктивитов. Почна минатата недела, одма почнавме терапија тобрекс капки и хлорамфеникол маст 5 дена. Беше смирено и еве од вчера вечер пак почнаа да му се собира секрет околу очињата, еве и сега додека спие гледам има на трепчињата, не му се залепени ама сепак има. Што ме советувате да правам?
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.892
    Допаѓања:
    9.913
    Пол:
    Женски
    Брис ако не сте направиле. Веројатно има бактерија во нос и си пренесува и на очињата.
    Може и антибиотик орален би требало да користи.
     
  3. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Често чистење со стерилна газа и физиолошки раствор на очињата, по неколку пати на ден. И чистење на носот доколку има секрет за да не се префрла на очите. Доколку се влошува одете пак на лекар, ама генерално третманот е чистење, хлоранфеникол маст или капки..