Синко од попладнево го мачеше стомак, викаше дека има нагони за повраќање и после 1 саат мачење се исповрати, се смири заспа па сега пак стана и поврати. И татко му исто вака завчера вечерта беше, му помона за 1 ден па вајда е вирус. За други работи знам од прилика што како да помогнам, ама стомачна бочка и повраќање ми се баук. Пролив нема. Ако продолжи, освен електролити да не дехидрира што може друго да му дадам да го смири? @Alishan30 ако читнеш те молам за совет, не сакав во др.тема да гњавам
Следи го може и пролив да пројави, може му е од жешко, од храна нешто, ваљда е вирус. Ако не е малаксан и нема температура и не е многу често повраќањето, ќе се смири. Можеш бедоксин да дадеш и парацетамол за болката, плус електролити и пробиотик. Со лесно
Срце си знаев дека ќе пишеш одма Помислив на бедоксин ко за беља немам со мене, ќе земам сабајле ако продолжи, не го болеше многу стомак, барем така викаше а он не е баш толерантен на болка. Пролајф почнав да му давам одма кога му стана лошо и на мм, значи 2 дена веќе, една пастила изеде и денес. Да помине ноќеска само помирно се надевам дека ќе биде добар утре, и да не го фати и маловп барем . Фала уште еднаш
@M&M гаден стомачен има периодов и многу е пренослив. За повраќањето додека повраќа јадење ништо да не даваш, само кока кола да смири желудник и електролити да не дехидрира. Кока колата кај нас беше спас зашто друго не сакаше ништо да се напие. Ирена ми пиша и за капките Наусолвит против повраќање, ефикасни биле. Оризова вода и медицински јаглен исто се добри против повраќање. За пролив ако има, а најверојатно ќе има од утре давај пробиотик и можеш да земеш Ентерофурил сируп за детето, а за возрасни во форма на капсули, многу се ефикасни. И диета неколку дена, двопек, грисини, компир, ориз...
Еве и малово почна со повракање, големиот и со лоши столици, му дадов јагленче и испи 100мл орс шумели. Он пие и вода и чај од нане цела шоља. Е со малово како ќе поминеме којзнае
Со помин нека е мајка, да не те плашам ама очекувај и кај тебе да почне. Малото не ти е ептен мало, ќе се убедите ваљда некако да внесе течности, не мора цела чаша наеднаш, голтка по голтка на 5 мин. Повраќањето обично се смирува за 1 ден, проливот трае повеќе и од него полесно се дехидрира, затоа ако се многу чести столиците прашај си за ентерофурил сируп.
летно време овој период секогаш имало стомачни вируси. Јас не би да седам дома и на своја рака да давам,иди на лекар. Ако неѓа пролив има едни чепчиња против повраќање може да дадеш одлични се ама само по препорака на лекар
Ако се овие стварно се многу ефикасни, еден чеп ми завршувал работа. Во мк знам дека ги даваат на парче, еднаш ми испрати золва ми едно чепче за проба и така видов дека се добри. Ги барав и овде во Ит но ги нема, Германски се. Ги нарачав од нет да ги имам за не дај боже, повеќе патни трошкови платив отколку нив ( тие беа околу 4-5€ 10 чепа) Пред некој месец ми се најдоа пак, јас сум задоволна.
Мајки може не е за овде прашањево но се надевам ке добијам одговор Ме загрижува малиот веке 3-4вечери пред спиење е многу чуден кенка па ке се занесе крева раце дај вели мамоо ајде се некој зборови кажува и кенка не плаче туку чудни звуци прави И нему му е тешко го пратам се мачи за спиење И преку цела вечер истото ни се случува, не стануваше за млеко сега станува по 2-3пати секако пробав да заспие никако несака и пробав со млеко се занесува со него но кратко трае потоа пак исто Кога го земам во раце се смирува ама пак не спие погледнува ми дава рака и пак нешто збори Ве молам некој ако имал слично искуство нека ме посочи што да правам
После спиење денес почна да криви, не се жали. Кога го прашав зошто криви ми покажа дека го боли позади коленото. Не скокаше или слично. Може ова да укажува на нешто?
мајки помош, качува темп 38.5 давам бруфен, одма го повраќа со вода (дека и малку јаде) нема шлаем а хрчи дур спие, кога дува носе не излегува ништо. и најважно од кога ќе го поврати сирупот темп се симнува сама.. не знам што да правам. на одмор сме планирам да ја носам на лекар, ова е 3 ден. иначе не одиме на плажа на сонце
Електролити обавезно, бидејќи повраќа, губи течности а има и тт. Нека јаде што полесна храна, супа и тоа по една лажичка на 5 минути, не се наеднаш зошто ќе поврати, ориз, компир, двопек. Нека ја види лекар.
Ние скоро поминавме вакво нешто. Баш тука слики ставав побарај горе во пребарувач Mariz... имаше на нозе, раце, на уста и во уста. Личеше на коксаки ама дека немаше температура не потврдија дека е тоа. Ми рекоа само некој вирусен осип... Само на рамо немаше... Чекај до утре сабајле ако осипа повеќе може да е и сипаница. @wannaBeMomma мојава еден период паѓаше така... ама дека не збореше не кажуваше дали ја боли или не. Може да е од растење болка. Земи баш масирај го и притискај од позади колено надоле до пета, ако реагира повеќе и го боли.. тоа е...